Во недела на А1 од 20 часот,
почеток на Балканската Евровизија
Телевизијата Балканика најавува неверојатен спектакл и сцена како на Евровизија. Од Македонија како претставничка ја испративме нашата поп принцеза Каролина Гочева која што ќе се бори во две категории за Песна на Балканот и Спот на Балканот, вие уште сега можете да учевствувате во гласањето преку интернет порталот на телевизијата Балканика. Следниве музички имиња ќе учевствуваат и ќе се натпреваруваат: Лепа Брена, Цеца, Оливер Мандиќ, Емина Јаховиќ, Жељко Јоксимовиќ, Колониа, Северина, Тони Цетински, Дино Мерлин, Марија Шерифовиќ, Хари Мата Хари, Грците Сакис Рува и Ана Виси, романските Акцес, Моранди, Едвард, бугарските Алисија, Емануела, Крум, турчинката Хадисе и Македонката Каролина. Во недела во 20 часот со пренос на А1 телевизија и кај нас ќе започне Balkan Music Awards, гледајте го овој спектакл, и секако, гласајте за нашата Каролина.