A1 телевизија

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Не би ја издвојувала само А1... Повеќето се катастрофа! Нешто подобри се Канал5 и Алфа ( и ТЕЛМА ми е за почит, чисто заради не-имплементирање на тажни серии, ама со филмовите се тапа)...
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Абе како немат да се катастрофа, кога сега Сител ја има парата и дават на све пари. Но едно е сигурно тие две телевизии се влезени во некоја борба и незнам дали сте заприметиле ама ево приме- А1 почна да дават турски филм Сител за 2-3 недели гледам и тој почна турски филм. А1 Нови Македонски нардони приказни, Сител стари Македонски народни приказни. Мислам доста се примери, како и да е премногу глупа работа што кај мене губат поени и двете телевизии.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Почнувајки од квизовите “Ба ба бум“ (меморија) и “Тркало на среќата“ (бесилка) преку новите (вештачки) “Македонски приказни“ и синхронизацијата на шпански серии каде што во едната се двајца актери кои позајмуваат глас на 20 души (од 7 до 77 години) со лошо мутирање на гласовите... па завршувајки со губењето на Англиската Премиер притоа оставајки не на милост и немилост на бисерите на спортските коментатори од Сител.

Пропуштив нешто???

Слободно дополнете, согласете се или дајте контра аргументи.
За синхронизацијата се бунам само за делот каде што двајца актери позајмуваат гласови за се си сешто, за рекламите „ Ми се кака кај Перо„, за сериите, баш кога мислев дека ќе ги откажат оти ги изгледавме сите шпанско-португалско-италијанско-венецуелски серии, ние се свртевме на исток сега, па турско-индиски донесовме....
Не знам што да кажам... одамна ТВ то ми е пуштено само со упалено ДВД во исто време...
а по програмската шема телевизиите немаат разлика... Сите се исти, исти серии, исти квизови, едни исти сезони вртат (како Хаус на пример), филм што зема Оскар 2001 мислам дека беше го даваат како премиера на сител во 2009 :helou: катастрофа.
Напад на сите сетила....
 
Член од
21 август 2008
Мислења
376
Поени од реакции
27
Абе како немат да се катастрофа, кога сега Сител ја има парата и дават на све пари. Но едно е сигурно тие две телевизии се влезени во некоја борба и незнам дали сте заприметиле ама ево приме- А1 почна да дават турски филм Сител за 2-3 недели гледам и тој почна турски филм. А1 Нови Македонски нардони приказни, Сител стари Македонски народни приказни. Мислам доста се примери, како и да е премногу глупа работа што кај мене губат поени и двете телевизии.
Копираат сител се-што да излезе на А1 и е хит тие одма го преземаат...
Јбг кај нив се парите...
 
В

викацот

Гостин
абе луѓе тоа ви се вика војна на две теливизиски куќи
велија рамковски vs латас
а1 дава шекерезад(серија што не ја поднесувам) а сител по недела дена сител дава ѓумуш
а1 нема со што да иде па дава тркало на среќата
ако ви текнува само пред 7 месеци беше најавувано толку познатото шоу момент на вистината за дазапочне со емитување пред 2 недели
а народов маедонски пуст за пари само се пријавува на некакви глупи квизови и троши пари мислејки дека ке заработи
:tv::tv::tv::tv::tv::tv::tv::tv::tv::tv::tv:

јас мислам дека од шекерезад на а1 по завршувањето на еписодата да свртите на сител и да гледате ѓумуш а велија рамковски за инает на канал 5 и канал 5+ за време на лига на шампиони дава филмови за кои вика дека се премиера
 
V

VeniVidiVici

Гостин
А1 - најголемата катастрофа во македонскиот етер.
Сител - најголемата копија на А1 - најголемата катастрофа во македонскиот етер.

А1 започна со Идол
После 1 месец Сител воведе Хрватски Идол.

А1 започна со Ексклузив
После 2-3 месеци Сител започна со Backstage

A1 започна со емитување на турска серија
После 1 месец Сител започна со емитување на турска серија.

Разбирам дека медиумите во целиот свет се оние кои им ја полнат главата на луѓето со непотребни работи, али овде кај нас тоа е невидено.

Се сомневам дали некому му е дојдено да слуша за ХЕДИС маркетите на Ве*ија Рамко*ски по цел ден, или пак за "успесите на владата" од Ла*ас, и вмровските бумбари на Тањ*.

Чисто за информација:
Најчести содржини на најгледаните емисии во Македонија - Ексклузив и Бекстејџ.
- Шокантно - Српската турбо фолк пеачка - Мина Минич(со незавршено 8-мо одделение) е БРЕМЕНА!!!
- Ексклузивно - Турбофолкетор Ацо Мукас му удрил бокс на еден случаен минувач.

Се сомневам дека би сакале да читате за Забранета Љубов која се емитува подолго од животот на мојот 4 годишен братучед, или пак за Спонзоруши, каде полуписмени актери од Јужна Америка промовираат дрско и ниско заведување на мажи со цел да се омажат за богат господин.

И пред некој ден излегов у град и на пола од масите се правеше муабет за тоа како накоја Вики од Големиот Брат се драпала јавно со некој србин.

Па добро бре, нормални ли сме ние ејјјј? Се прашувам доколку А1 и Сител во етерот пуштат 1 шумадинец, 1 турбофолкер и 1 актерска курва од Венецуела, на пуст остров во Мала Преспа, кој би имал повеќе гласови.

ИГНОРИРАЈТЕ ГИ !!! САМО ТАКА ЌЕ ПОКАЖЕМЕ ДЕКА СЕУШТЕ СМЕ ЛУЃЕ И ДЕКА СЕУШТЕ ИМАМЕ ПРАВО ДА СЕ ПОБУНИМЕ ПРОТИВ НЕШТО; А НЕ ДА ПРИФАЌАМЕ СЕ ШТО НИ СЕ СЕРВИРА !!!
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.590
Поени од реакции
13.278
Само Канал5 вреди во моментов да се гледа.

Dr. Who, House M.D, How i Met your Mother, My name is Earl, World Poker Tour, Champions League, нема сапуници колку шо знам и слични работи... Барем се уникатни во однос на А1 vs. Сител смешната конкуренција во моментов.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
А1 какви и да се, сто пати се подобри од сител. Сител воопште не се иновативни, само крадат идеи и затоа не ги ни гледам. Катастрофа се. Ништо свое да се немало...
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Гледаноста на телевизиите не ја прават пар форумџии кои во главно и не гледаат телевизија, туку гледаноста е многу поопшт поим, главен процент е постарата генерација, така да и кај двете телевизии (А1 и Сител) има содржини кои се разновидни и за сите генерации, а најповеќе за постарата генерација која цел ден го поминува пред ТВ. Другите телевизии не се ни интересни и привлечни за пошироката маса, па затоа и не се ни приближно гледани како двете гореспоменати.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.724
Поени од реакции
12.155
Али А1 немаат Бумбаар (белиот и црниот) со Тањичкааа. Тука сителовци се шампиЈониии :)

има содржини кои се разновидни и за сите генерации, а најповеќе за постарата генерација која цел ден го поминува пред ТВ.
Јок, Дијаманту ја сум од постарите :) не ги гледам и двете, ги прескокнувам. Вртам нешто од wild life-опстанок документарци, нешто од историски документарци, пимп мај рајд и оние Џекес клонови. Тој што е по некој тип емисии, музика..., од младост до старост е. Како пример земи се ти -сега ја слушаш Каролина, мислам дека истото ќе го правиш и кога ќе остариш -на вкусот му се менуваат нијанси, но главно останува истиот.
 
П

Паган-др

Гостин
А1 се 100 пати подобри од Сител незнам што уште се препукуваат. Мене едино тоа ме нервира, препукувањето со Сител.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.501
Поени од реакции
42.887
Јас пак,најмногу си ја глеам А1..Глеам Забранета Љубов,Големиот брат,24,итн... А Сител глеам само ради Survivor,Prision Break i Premier League..Да не беа тие,ич немаше да глеам Сител :)
 
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.924
Поени од реакции
483
А1 до пред некоја година ја ценев како телевизија која колку-толку се трудеше да ги следи светските стандарди. Но потоа започнаа да откупуваат ефтини шпански (а во последно време и турски) серии, започнаа да ги копираат балканските телевизии (како Нова, или уште полошо Пинк), секој ден да не информираат што има ново во Хедис. Кога на тоа ќе се додаде и фактот дека кога даваат некој интересен филм тогаш обавезно има 2-3 пати реклами од по 15 минути, со што автоматски се продолжува филмот за 1 час веднаш ми доаѓа да го сменам каналот. Јас разбирам дека се живее од реклами, но тоа што го прават не личи на ништо.
За разлика од нив би ги навел Канал 5 и Наша ТВ (пријатно сум изненаден во последно време), како телевизии кои се доста оригинални и кои се трудат да го задоволат, а не да го наметнуваат вкусот на гледачите.
 

pAnDa`

Original..
Член од
5 ноември 2009
Мислења
578
Поени од реакции
34
Добри се А1, само што како и многу други и ја ги мразам рекламиве од по 15мин. на среде филм, така да ми доаѓа да заебам и филм и се. Инаку Сител ги пратам само поради Survivor и Premier League..:smir:
 
Член од
17 септември 2009
Мислења
107
Поени од реакции
6
А1 до пред некоја година ја ценев како телевизија која колку-толку се трудеше да ги следи светските стандарди. Но потоа започнаа да откупуваат ефтини шпански (а во последно време и турски) серии, започнаа да ги копираат балканските телевизии (како Нова, или уште полошо Пинк), секој ден да не информираат што има ново во Хедис. Кога на тоа ќе се додаде и фактот дека кога даваат некој интересен филм тогаш обавезно има 2-3 пати реклами од по 15 минути, со што автоматски се продолжува филмот за 1 час веднаш ми доаѓа да го сменам каналот. Јас разбирам дека се живее од реклами, но тоа што го прават не личи на ништо.
За разлика од нив би ги навел Канал 5 и Наша ТВ (пријатно сум изненаден во последно време), како телевизии кои се доста оригинални и кои се трудат да го задоволат, а не да го наметнуваат вкусот на гледачите.
Целосно се согласувам, последнава година Пинк=А1=Сител, каде е модерната концепција на телевизија која што ја имаше А1. Ја нема, стана шунд како и другиве две.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom