А1 - најголемата катастрофа во македонскиот етер.
Сител - најголемата копија на А1 - најголемата катастрофа во македонскиот етер.
А1 започна со Идол
После 1 месец Сител воведе Хрватски Идол.
А1 започна со Ексклузив
После 2-3 месеци Сител започна со Backstage
A1 започна со емитување на турска серија
После 1 месец Сител започна со емитување на турска серија.
Разбирам дека медиумите во целиот свет се оние кои им ја полнат главата на луѓето со непотребни работи, али овде кај нас тоа е невидено.
Се сомневам дали некому му е дојдено да слуша за ХЕДИС маркетите на Ве*ија Рамко*ски по цел ден, или пак за "успесите на владата" од Ла*ас, и вмровските бумбари на Тањ*.
Чисто за информација:
Најчести содржини на најгледаните емисии во Македонија - Ексклузив и Бекстејџ.
- Шокантно - Српската турбо фолк пеачка - Мина Минич(со незавршено 8-мо одделение) е БРЕМЕНА!!!
- Ексклузивно - Турбофолкетор Ацо Мукас му удрил бокс на еден случаен минувач.
Се сомневам дека би сакале да читате за Забранета Љубов која се емитува подолго од животот на мојот 4 годишен братучед, или пак за Спонзоруши, каде полуписмени актери од Јужна Америка промовираат дрско и ниско заведување на мажи со цел да се омажат за богат господин.
И пред некој ден излегов у град и на пола од масите се правеше муабет за тоа како накоја Вики од Големиот Брат се драпала јавно со некој србин.
Па добро бре, нормални ли сме ние ејјјј? Се прашувам доколку А1 и Сител во етерот пуштат 1 шумадинец, 1 турбофолкер и 1 актерска курва од Венецуела, на пуст остров во Мала Преспа, кој би имал повеќе гласови.
ИГНОРИРАЈТЕ ГИ !!! САМО ТАКА ЌЕ ПОКАЖЕМЕ ДЕКА СЕУШТЕ СМЕ ЛУЃЕ И ДЕКА СЕУШТЕ ИМАМЕ ПРАВО ДА СЕ ПОБУНИМЕ ПРОТИВ НЕШТО; А НЕ ДА ПРИФАЌАМЕ СЕ ШТО НИ СЕ СЕРВИРА !!!