A Song of Ice and Fire

  • Креатор на темата Креатор на темата Body Electric
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе дојде де, наредната епизода. Прво Jon оди кај Mance. Се радувам што тоа го зачуваа како што е во книгите, иако во книгите не отиде по свој избор баш.
Ама Pyp и Grenn....:place:

Па пред секоја сезона викаат дека ќе биде многу поразлично од книгата, до тој степен што ќе помислиш дека Дани може да умре во секој момент (чисто како пример), а уствари идентично е.
 
Станис, Тајвин, Стоунхарт, Бриен вс Сандор, змејовите....се во една епизода?
 
Ќе дојде де, наредната епизода. Прво Jon оди кај Mance. Се радувам што тоа го зачуваа како што е во книгите, иако во книгите не отиде по свој избор баш.
Ама Pyp и Grenn....:place:
Подобро ке беше да биде принуден, да си одеше дејството како во книгите.
Но па така нема време, многу подолго дејствие е тоа, Сер Алисер и Janos Slynt доагаат во Црниот Замок послем денешнава битка и го етикираат Џон дека е предавник, па послем го заробуваат во една од ладните ќелии па тек послем го присилуваат да иде да го убие Менс.
Кога ке размислам, имаше доста глупи филер сцени сезонава, можеше наместо тие сцени да инвестираат во ова дејствие :D

Одвај чекам Станис.
 
Колку треба да си очаен, па да одиш на јуриш на 200 метарски ѕид од мраз. :tapp::tapp:

Мислам, во ред е една екипа да тргне да се качува по ѕидот, ама на истото место каде што се врши класичен пешадиски напад на единствената врата каде што се поминува низ ѕидот ??? :facepalm:

Да се разбереме, зидот е висок некаде околу 215 метри. На врвот е широк околу 5-6 метри. Во книгата таму имаат поставено и три поголеми требушети од кои два работаат, а третиот до нападот не успеваат да го оспособат, имаат неколку помали катапулти, и десетина (ако не и повеќе) шкорпиони со кои ги гаѓаат мамутите и џиновите.

И некој би се осмелил да се качи тамо и мртов уморен да се бори на врвот од ѕидот (па дури и да не е ранет или повреден при качувањето). ??? (n):pos:

И да, што требаше да значат оние огништа во шумата пред ѕидот ?? Тоа беа логорски огнови или пак дивјаците ја палеа шумата, и ако ја палеа, зошто го правеа тоа. :гик:
 
И да, што требаше да значат оние огништа во шумата пред ѕидот ?? Тоа беа логорски огнови или пак дивјаците ја палеа шумата, и ако ја палеа, зошто го правеа тоа. :гик:
Менс им кажа коа ги прати преку ѕид, да го нападнат Кесл Блек, коа ќе го видат знакот - најголемиот огин што го виделе у живот (тогаш и он ќе навалел со мноштвото).
И така они си ги оштреа стрелите, а Тормунд и рече на Игрите, која беше нестрплива, дека уште кујзнае колку ќе чекаат, затоа кажувал прикаски...
Тогаш, го видоа огнот/знакот, од преку ѕидот и тргнаа на Кесл Блек.
 
Доаѓам дома и гледам 10тава епизода The Children номинирана за Emmy Awards по препорака од ХБО. Од промото видовме дека :
1. Брен стига кај Bloodraven aka Brynden Rivers
2. Бриен се соочува со Кучето и најверојатно го убива(?)
она што најверојатно ќе гледаме но не е потврдено иако многу веројатно
3. Станис пристига на Север у стил на Гандалф :vozbud: линк
4. Тирион ги убива Тајвин и Шае
5. Дрогон ја напушта Денерис
6. Појавувањето на Lady Stoneheart

Со времетраење на епизодата од 66мин. ништо чудно да ги видиме сите овие настани.Сеа кажете ми како да се идржи до почетокот на 5та сезона после ова?!?
 
Плус можда,
- доаѓањето на Болтони у Винтерфел
- Смртта на Белон
- во контекст на 1. - средба со Децата

(доаѓањето на Станис се виде уште од preview-от на цела сезона, уште пред нејзиниот почеток)[DOUBLEPOST=1402452296][/DOUBLEPOST]плус, Арја се качува на брод за Бравос, а Бриен се конфронтира со Хаунд. (ова свр сигурно ќе го има)
 
Последно уредено:
По повторното читање на книгите пред некој месец, на памет ми падна една теорија во врска со Ноќната Стража, Светлоносецот и Азор Ахаи.

Ако ја погледаме заклетвата на ноќната стража:

Night gathers, and now my watch begins. It shall not end until my death. I shall take no wife, hold no lands, father no children. I shall wear no crowns and win no glory. I shall live and die at my post. I am the sword in the darkness. I am the watcher on the walls. I am the fire that burns against the cold, the light that brings the dawn, the horn that wakes the sleepers, the shield that guards the realms of men. I pledge my life and honor to the Night's Watch, for this night and all the nights to come.

и ако го погледаме името на Светлоносецот, зар не ве подсетуваат еден на друг ??

Имено, да се искова Светлоносецот, истиот требал три пати за се прекова. Мене тоа ми личи на трипати војувани војни со Белите Шетачи, во кои дури во третата војна силите на северното кралство успеало да ги потисне и привремено уништи белите шетачи.

Да би се исковал Светлоносецот, Азор Ахаи морал да ја убие жената што ја сакал. За да се одбранат од белите шетачи, ноќната стража мора да се откаже од своите жени и љубени.

Ноќната стража е меч во темнината, Светлоносецот е, па светлоносец. :)

Бев самовоодушевен од оваа теорија, се додека на „A forum of the ice and fire“ не ја прочитав истата, излезена при крајот на 2011 година. :(

______________________________________________________________________________________________

Уште една теорија базирана на една реченица од „Змаевото оро“ во кое Џон го сонува следното:

Jon was armored in black ice, but his blade burned red in his fist

Не ве тера ова на размислување како Џон всушност ќе стане Бел Шетач кој ќе биде истовремено и Азор Ахаи, т.е. човекот и истовремено белиот шетач кој ќе ја прекине војната помеѓу луѓето и белите шетачи ??

Си имам јас уште една теорија за постанокот на Ѕидот, ама таа ќе ја објавам некој друг ден (да не биде се во едно. :cool::свиркам:
 
Последно уредено:
Не ве тера ова на размислување како Џон всушност ќе стане Бел Шетач кој ќе биде истовремено и Азор Ахаи, т.е. човекот и истовремено белиот шетач кој ќе ја прекине војната помеѓу луѓето и белите шетачи ??

:cool::свиркам:
У прва книга визијата на Бран, исто кажува за Џон како сам лежи у кревет и станува се по ладен, се додека топлината не се изгуби од неговото тело. Дали тоа само ја опишува неговата смрт, или смрт плус претварање у нешто такво....
 
Ај сега, како што ветив и една лично моја теорија за настанокот на ѕидот и последиците од тоа (до сега немам најдено некој друг да ја има изнесено истава или слична теорија).

Една од причините за завршетокот на војната помеѓу луѓето и децата на шумата од една страна и белите шетачи, белите и ледените пајаци од друга страна, покрај Азор Ахаи (или Ветениот Принц) и формирањето на Ноќната Стража е можноста на луѓето да со помош на магија да ги заробат/успијат белите шетачи.
Како што можете да приметите низ книгите, ѕидот и покрај надворешната температура и топењето, секогаш стои и не губи од својата висина.
Лично сметам дека во темелите на ѕидот се ставени немртви (неубиени/заспани) бели шетачи кои ја одржуваат ниската температура на ѕидот, а со тоа и структуралната јачина на истиот.
Ако приметивте низ читањето на книгите, секогаш кога бел шетач ќе се појави, температурата на околината се спушта и се во околина замрзнува, како нешто од околината да ја вшмукува надворешната енергија, така да белите шетачи би биле нешто како генератор на ладнина (глупав избор на збор, ама немам некој попаметен :( )

На што се базира мојата теорија.
Во едено објаснување на Игри на Џон за рогот на Јеромон, Игрид му кажува на Џон:

We never found the Horn of Winter. We opened half a hundred graves and let all those shades loose in the world, and never fond the Horn of Joramun to bring this cold thing down

Значи белите шетачи биле заспани и закопани, и во текот на барањето на рогот на Јеромун, истите биле ископани, и на некој начин разбудени.
Можно е гробот во кој го барале рогот да бил во подножјето на ѕидот, а можно е и да бил далеку на север, тоа и не е толку битно, битно е дека белите шетачи (барем дел од нив) биле неумрени/заспани закопани, па можно е како такви да се како генератори за енергијата потребна да се одржи ѕидот, закопани под него.

Последици од создавањето на ѕидот:
Една од поголемите последици на создавањето на ѕидот се мочуриштата каде што сега живеат и владеат Ридови.
Има повеќе примери и во реалнито свет каде што една поголема градба или вештачка промена на географијата го спречила природното движење на воздушните струи и со тоа предизвикала промени на климата во цели региони.
Ѕидот е висок 215 метри и долг 480 километри и создаден од мраз и толчен камен (кој ноќната стража ги истура по врвот за да не се лизгаат по подот, нема шанси да не направи некаква климатска промена.
Мочуриштата во мочуришните земји (како дел од Вратот) настануваат од прилика во ист временски период, така да е можно народната нарација да го поврзала тоа со „чеканот на водите“ и децата на шумата, легенда која претходно постои кај првите луѓе.

Проблем
Проблем е Kралица на северот, жената на ноќниот крал, која е очигледно од родот на белите шетачи. Тоа би значело дека не биле сите ноќни шетачи успиени и закопани, туку дека по некој останал на површината и сеуште шетал по северот, преку ѕидот.
Е сега, Ноќниот крал на некој начин успеал да ја пренесе Кралицата на северот преку ѕидот, бидејќи како што знаеме, низ ѕидот не можел да ја пренесе. Можеби помогнало тоа што во тоа време ѕидот бил мнооогууу понизок и веројатно непотполн, па успеал да ја пренесе буквално преку ѕидот, а можеби Кралицата на северот се нашла јужно од ѕидот кога истиот е правен/направен.

Еве, јас моето го кажав, а сега очекувам и некоја ваша реакција која би ми помогнала околу формирањето на теоријава, или би ми укажала на неможноста оваа теорија да биде „реална“ во рамките на ова книжевно дело. :coffee::icon_mrgr:
 
Интересно размислување :)
Има доста работи што иницираат на вакво сценарио, дефинитивно би рекол е можно.
Според ова значи дека дивјаците се виновни за враќањето на WW, што според цитатот од Игрид е можно но сепак не е конкретна и не е сигурно, да беше конкретна немаше да биде теорија нели :)
Чудно ми е само зошто кажува дека ги пуштиле сите сенки слободни да талкаат низ светот, ако знае нешто повеке зошто едноставно не му кажала дека тоа се WW?

Околу кралицата на северот мислам дека она била од јужната страна кога ѕидот бил направен бидејки и да бил ѕидот значително помал, пак не верувам дека ѕидот бил до толку мал па да ја пренесе преку него, ѕидот има дефанзивна магија против WW нели и не верувам дека би можела да пристапи од северната страна.
 
Ај сега, како што ветив и една лично моја теорија за настанокот на ѕидот и последиците од тоа (до сега немам најдено некој друг да ја има изнесено истава или слична теорија).

Една од причините за завршетокот на војната помеѓу луѓето и децата на шумата од една страна и белите шетачи, белите и ледените пајаци од друга страна, покрај Азор Ахаи (или Ветениот Принц) и формирањето на Ноќната Стража е можноста на луѓето да со помош на магија да ги заробат/успијат белите шетачи.
Како што можете да приметите низ книгите, ѕидот и покрај надворешната температура и топењето, секогаш стои и не губи од својата висина.
Лично сметам дека во темелите на ѕидот се ставени немртви (неубиени/заспани) бели шетачи кои ја одржуваат ниската температура на ѕидот, а со тоа и структуралната јачина на истиот.
Ако приметивте низ читањето на книгите, секогаш кога бел шетач ќе се појави, температурата на околината се спушта и се во околина замрзнува, како нешто од околината да ја вшмукува надворешната енергија, така да белите шетачи би биле нешто како генератор на ладнина (глупав избор на збор, ама немам некој попаметен :( )

На што се базира мојата теорија.
Во едено објаснување на Игри на Џон за рогот на Јеромон, Игрид му кажува на Џон:

Значи белите шетачи биле заспани и закопани, и во текот на барањето на рогот на Јеромун, истите биле ископани, и на некој начин разбудени.
Можно е гробот во кој го барале рогот да бил во подножјето на ѕидот, а можно е и да бил далеку на север, тоа и не е толку битно, битно е дека белите шетачи (барем дел од нив) биле неумрени/заспани закопани, па можно е како такви да се како генератори за енергијата потребна да се одржи ѕидот, закопани под него.

Последици од создавањето на ѕидот:
Една од поголемите последици на создавањето на ѕидот се мочуриштата каде што сега живеат и владеат Ридови.
Има повеќе примери и во реалнито свет каде што една поголема градба или вештачка промена на географијата го спречила природното движење на воздушните струи и со тоа предизвикала промени на климата во цели региони.
Ѕидот е висок 215 метри и долг 480 километри и создаден од мраз и толчен камен (кој ноќната стража ги истура по врвот за да не се лизгаат по подот, нема шанси да не направи некаква климатска промена.
Мочуриштата во мочуришните земји (како дел од Вратот) настануваат од прилика во ист временски период, така да е можно народната нарација да го поврзала тоа со „чеканот на водите“ и децата на шумата, легенда која претходно постои кај првите луѓе.

Проблем
Проблем е Kралица на северот, жената на ноќниот крал, која е очигледно од родот на белите шетачи. Тоа би значело дека не биле сите ноќни шетачи успиени и закопани, туку дека по некој останал на површината и сеуште шетал по северот, преку ѕидот.
Е сега, Ноќниот крал на некој начин успеал да ја пренесе Кралицата на северот преку ѕидот, бидејќи како што знаеме, низ ѕидот не можел да ја пренесе. Можеби помогнало тоа што во тоа време ѕидот бил мнооогууу понизок и веројатно непотполн, па успеал да ја пренесе буквално преку ѕидот, а можеби Кралицата на северот се нашла јужно од ѕидот кога истиот е правен/направен.

Еве, јас моето го кажав, а сега очекувам и некоја ваша реакција која би ми помогнала околу формирањето на теоријава, или би ми укажала на неможноста оваа теорија да биде „реална“ во рамките на ова книжевно дело. :coffee::icon_mrgr:
- Дивјаците не откопувале гробови на бели шетачи, туку на други дивјаци, односно слободни луѓе. Гробови на бели шетачи, не сум сретнал никаде.
- Мочварите кај вратот и самата географија на тој регион е резултат на вториот (овој пат неуспешен) "воден чекан", со кој Децата повторно се обидоа да се отцепат од Првите Луѓе.

Каде имаш прочитано дека сите ВајтВокери се успиени и закопани? Јас само памтам дека ги потиснале и ги снемувало со текот на вековите, се појавувале се помалку. Жена му на Брен, се појавила за време на негово владеење. А он бил 13-ти LC. Значи ги поттиснале, го изградиле зидот, па дури и за време на 13-тиот LC пак ги имало. А ги имало и после него.
 
- Дивјаците не откопувале гробови на бели шетачи, туку на други дивјаци, односно слободни луѓе. Гробови на бели шетачи, не сум сретнал никаде.

Откопувале гробови на стари и незнаени херои (ако добро се сеќавам), значи никаде не е наведено чии гробови откопувале. ;)

- Мочварите кај вратот и самата географија на тој регион е резултат на вториот (овој пат неуспешен) "воден чекан", со кој Децата повторно се обидоа да се отцепат од Првите Луѓе.

Водениот чекан е легенда која можеби постоел, а можеби не. И низ нашата историја луѓето објаснувале разни нешта што тогаш не можеле да ги разберат со легенди и митови. Само ја следам таа логика. Претпоставувам дека луѓето поврзале некои случувања во природата кои не можеле да ги објаснат со некоја постара леганда која веќе постоела.

Каде имаш прочитано дека сите ВајтВокери се успиени и закопани? Јас само памтам дека ги потиснале и ги снемувало со текот на вековите, се појавувале се помалку. Жена му на Брен, се појавила за време на негово владеење. А он бил 13-ти LC. Значи ги поттиснале, го изградиле зидот, па дури и за време на 13-тиот LC пак ги имало. А ги имало и после него.

Не сум прочитал, само претпоставувам.
А и не сум сигурен дека за времетраењето на управување на 13 луѓе зидот би бил завршен во форма каква сега го познаваме. Сепак се работи за должина од блиску 500 километри.
Па дури и белите шетачи да се појавувале покасно (за што немаме извори барем до сега), тоа не значи дека после теоретската победа луѓето успеале сите да ги „успијат“ и закопаат. Можеби по некој останал „буден“ или пак со некоја случајна природна појава бил откопан (лавина, земјотрес, гејзер или нешто слично).

Значи само теорија, ништо не е сигурно, само претпоставка. Навали народе, колку повеќе мани ќе се најдат, поцврста ќе биде (ако успеат да се отстранат маните, разбира се). :) :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom