Ај сега, како што ветив и една лично моја теорија за настанокот на ѕидот и последиците од тоа (до сега немам најдено некој друг да ја има изнесено истава или слична теорија).
Една од причините за завршетокот на војната помеѓу луѓето и децата на шумата од една страна и белите шетачи, белите и ледените пајаци од друга страна, покрај Азор Ахаи (или Ветениот Принц) и формирањето на Ноќната Стража е можноста на луѓето да со помош на магија да ги заробат/успијат белите шетачи.
Како што можете да приметите низ книгите, ѕидот и покрај надворешната температура и топењето, секогаш стои и не губи од својата висина.
Лично сметам дека во темелите на ѕидот се ставени немртви (неубиени/заспани) бели шетачи кои ја одржуваат ниската температура на ѕидот, а со тоа и структуралната јачина на истиот.
Ако приметивте низ читањето на книгите, секогаш кога бел шетач ќе се појави, температурата на околината се спушта и се во околина замрзнува, како нешто од околината да ја вшмукува надворешната енергија, така да белите шетачи би биле нешто како генератор на ладнина (глупав избор на збор, ама немам некој попаметен

)
На што се базира мојата теорија.
Во едено објаснување на Игри на Џон за рогот на Јеромон, Игрид му кажува на Џон:
Значи белите шетачи биле заспани и закопани, и во текот на барањето на рогот на Јеромун, истите биле ископани, и на некој начин разбудени.
Можно е гробот во кој го барале рогот да бил во подножјето на ѕидот, а можно е и да бил далеку на север, тоа и не е толку битно, битно е дека белите шетачи (барем дел од нив) биле неумрени/заспани закопани, па можно е како такви да се како генератори за енергијата потребна да се одржи ѕидот, закопани под него.
Последици од создавањето на ѕидот:
Една од поголемите последици на создавањето на ѕидот се мочуриштата каде што сега живеат и владеат Ридови.
Има повеќе примери и во реалнито свет каде што една поголема градба или вештачка промена на географијата го спречила природното движење на воздушните струи и со тоа предизвикала промени на климата во цели региони.
Ѕидот е висок 215 метри и долг 480 километри и создаден од мраз и толчен камен (кој ноќната стража ги истура по врвот за да не се лизгаат по подот, нема шанси да не направи некаква климатска промена.
Мочуриштата во мочуришните земји (како дел од Вратот) настануваат од прилика во ист временски период, така да е можно народната нарација да го поврзала тоа со „чеканот на водите“ и децата на шумата, легенда која претходно постои кај првите луѓе.
Проблем
Проблем е Kралица на северот, жената на ноќниот крал, која е очигледно од родот на белите шетачи. Тоа би значело дека не биле сите ноќни шетачи успиени и закопани, туку дека по некој останал на површината и сеуште шетал по северот, преку ѕидот.
Е сега, Ноќниот крал на некој начин успеал да ја пренесе Кралицата на северот преку ѕидот, бидејќи како што знаеме, низ ѕидот не можел да ја пренесе. Можеби помогнало тоа што во тоа време ѕидот бил мнооогууу понизок и веројатно непотполн, па успеал да ја пренесе буквално преку ѕидот, а можеби Кралицата на северот се нашла јужно од ѕидот кога истиот е правен/направен.
Еве, јас моето го кажав, а сега очекувам и некоја ваша реакција која би ми помогнала околу формирањето на теоријава, или би ми укажала на неможноста оваа теорија да биде „реална“ во рамките на ова книжевно дело.
