A Song of Ice and Fire

  • Креатор на темата Креатор на темата Body Electric
  • Време на започнување Време на започнување
Епа во топик за книгите се, ако сакаат спојлери тогаш се на вистинското место. Тука се дискутира отворено па на нивен ризик. :cool:

Инаку Jon Snow е најверојатно смртно ранет при крај на книгата во сцена што завршува со клифхенгер. Таа е последна глава со него и потоа има уште една глава како епилог и завршува книгата. Не се знае исходот на ситуацијата. Дали ќе преживее, дали ќе биде воскреснат од одредена особа, дали неговиот дух ќе продолжи да живее во Ghost итн. Значи и за нас како читачи останува неразрешено иако од воведната глава се добиваат некои идеи кои фановите ги теоризираат.
there,
fixed
 
Можно е Loche да биде замена за Bowen Marsh кога Jon Snow е убиен. Сцената со џинот ќе беше многу подобра и импактот дека еден од неговите му зарива нож во грб е многу помоќна него овој Loche кој е паднат од небо.

Апслутно се согласувам, иако мислам дека Локи во серијава ќе биде платеник на Болтони или нешто слично.

Ете ги теориите што се случува со бебињата кои Craster ги остава на The Others. Останува понатаму да видиме повеќе детали но се мислам дека White Walkers немаат начин на репродукција, не се сеќавам да има спомнато женски WW, па оттука само машки бебиња кои понатаму ќе прераснат во зрели WW. Кој беше тој со "роговите", само повисок ранк во армијата на The Others или THE Great Other himself (не ми делува дека е ова второто)??

Теоријата е глупава, бидејќи имаме случај кога Белите Шетачи се парат со луѓето и добиваат бебиња, кои исто така ги жртвуваат како и Крастер.

Ова мене ме збуни. Зарем во книгите Брен е заробен? Нели треба сега да го најдат тој Колдхендс? Од каде сега заробувањево?

Не, не е заробен. Ова го измислуваат за да ...... всушност, немам појма зошто ова го измислуваат, зошто звучи глушаво и идиотски.
На оваа карта можеш да го видиш движењето на Бран на север, само треба да го означиш неговото име и да го повлечеш лизгачот до крај (исто можеш да го изведеш и со другите ликови од книгата). Ќе видиш дека Брен воопшто не доаѓа во близина на Крастеровата крепост.

Можеби не сум во право дека нема женски The Others. Нели The Night's King се вљубува во една од нив, или можеби таа е само wight. Ќе дознаеме кога тогаш.

Највеќе ми сметаше што Jon Snow знае дека Bran е жив. Во книгите мисли дека е мртов што Stannis потоа го користи да го стави на ускушение и да му вети титула Lord of Winterfell, и да му го даде законски презимето Stark. Не ми текнува точно зошто му ветуваше, нешто беше со давање на замоците поред ѕидот на Stannis? Кој ја има тазе читано нека не потсети. Хмммм ептен ме измешаа со епизодава. :)

Станис му нуди да стане господар на Зимовник и чувар на северот, титулата која ја имал и татко му. Исто така му ја нуди Вал, сестрата на жената на Менс Рајдер, а за возврат бара замоци на ѕидот и во Подарокот и Новиот Подарок за своите витези, можност за да ги насели дивјаните во Подарокот и Новиот Подарок и подршка од Џон кај останатите господари на северот.
За малку ќе заборавев, бара од Џон да се откаже од старите богови и да го прифати Р’лор за свој бог.

Можеше подипломатски да владее а не толку крваво што само уште повеке ги нафура другите робовладетели и son of the harpy.
Но хеј, таква е Дени, што да правиме :D

Брат, било кој реален владетел во тоа време би постапил многу посурово. Лично мислам дека владетелите во Мерин би требало нозе да и бакнуваат на Дени за благоста на постапката. ;)
 
Последно уредено:
Ќе може некој да ми објасни или да ми даде линк за нарачување од Amazon со достава во Македонија? Се распрашував и ми кажаа дека од амазон не се вршело достава во Македонија, а јас ги најдов книгите од таму за евтини пари.

Благодарам однапред.
 
Ќе може некој да ми објасни или да ми даде линк за нарачување од Amazon со достава во Македонија? Се распрашував и ми кажаа дека од амазон не се вршело достава во Македонија, а јас ги најдов книгите од таму за евтини пари.

Благодарам однапред.

Кај се распраша? Јас имам нарачувано книги и ми стигнале, е сега ако seller-от нема достава до Мкд, тоа е веќе друга работа. Ти треба само да се регистрираш на Амазон и кредитна/дебитна картичка.
 
Прејака беше последната сцена.
Но сепак очекувано беше дека ги користат бебињата за репродукција, секогаш само тоа ми пагало на памет, не ни знаев дека нешто се теоризира ова.
Но изгледа од бебињата прават интелигетни WW а не обични вајтс?

Кул за Night's King али нека прекинат со спојлери за нас читачите, сепак подобро е од книга првин да се искуси.
 
Последно уредено:
Кај се распраша? Јас имам нарачувано книги и ми стигнале, е сега ако seller-от нема достава до Мкд, тоа е веќе друга работа. Ти треба само да се регистрираш на Амазон и кредитна/дебитна картичка.

Како преку пејпал, жити се?
 
Амазон не прима PayPal дека се дирекни конкуренти на eBay во чија сопственсот е PayPal. Работат со сите попознати кредитни и дебитни картички.

Испорака за Македонија секако дека вршат, некои од нас тука на форумот од таму ги набавивме овие и други книги. Книгите на старо не ги продава лично Амазон туку они се само посредници на препродавачи преку нивниот секундарен пазар (market place). Ако дирекно нарачаш нова книга од Амазон ќе ти ја испорачаат без проблем а за стара книга ретко кој од тие препродавачи испорачува, треба да провериш за секоја посебно.

А имаш и друга опција доколку сакаш да поминеш ефтино и да нарачаш стара книга преку сестринската страна на Амазон - abebooks.com Овие испорачуваат кај нас, цените на книгите се ефтини но цената на испораката варира. Читај во описот за зачуваноста на книгата да не испадне после за 1 долар книга на која и фалат страници или е шкртана. Тоа што го пишува во описот тоа го добиваш. Од овде имам други книги купено кои се буквално еднаш отворени како нови а ги продаваат на старо.
Ќе може некој да ми објасни или да ми даде линк за нарачување од Amazon со достава во Македонија? Се распрашував и ми кажаа дека од амазон не се вршело достава во Македонија, а јас ги најдов книгите од таму за евтини пари.

Благодарам однапред.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom