Skorp
That guy...
Kade mozam PDF da gi simnam site na Angliski jazik?
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Прво и основно, што очекувавте од серијата?
Настрана се, јас нема да негирам дека Мартин е сигурно подобар пистел и раскажувач од било кој сценарист или автор во серијата.
Но пак, што очекувавте, дека книгите ќе бидат пресликани од збор до збор во тв-серија?
Еве да речеме дека првите книги било можно да се адаптираат во целост, но како секоја наредна која станува се поголема, со повеќе и повеќе нови ликови, со илијадници и илијадници страници, дали е можно верно да се адаптира, имајќи ги во предвид ограничувањата во пари, време и општо во телевизијата како медиум. Во таков случај ќе треба 24 епизоди по сезона и 30 сезони на ГОТ, што не е во ниеден случај изводливо, ниту одрживо на долг рок.
Сите ние гледачите на серијата може сакаме некои дејствиа да беа пообјаснети, некои ликови кои ги нема да се појавеа(или да се појават), но од друга страна,не може да се очекува квалитетот на серијата да се одржи на исто ниво ако дејството се развлече премногу, дури и сега има критики дека приказната преспоро се движи, што ќе беше на пример ако Тирион наместо пола сезона одеше три сезони до кај Денерис и сеуште не беше стигнат таму (како што е случај во оригиналното дело), ќе имаше гледачи што ќе го поздравеа тој потег, ќе можеше тоа да се адаптира на тв без притоа приказната да загуби било каква смисла, немаше шанси.
Разиел е во право, серијата и книгите се веќе целосно разделени, со своја публика, и секоја страна со свои очекувања. Впрочем, и самиот Мартин не еднаш го има изјавено тоа- дека книгите и серијата се две различни света и како на такви треба да се гледа. Но Мартин е свесен дека голем дел од читателската публика последниве години и воопшто фактот што сега е толку популарен (и богат) се должи само на серијата, и затоа никогаш јавно и директно не ја критикува, неговата златна кокошка (има други кои во негово име го прават тоа).
Една работа треба да разбереме, да се адаптира книга, роман било што не е лесна работа, особено не комплексна како ASOIAF, но кога тоа е успешно (како во случајов) најчесто адаптацијата неколкукратно го надминува оригиналот во популарност, заработка и фан-база.
Многу луѓе чуле и знаат, но веројатно премал е бројот на истите кои ја прочитале „Кум“ од Пуцо, но нема веројатно човек кој барем три филма изгедал во животот, Кум да не бил еден од нив.
Ретки се оние кои чуле или го прочитале „2001 Одисеја во вселената“, но на милиони филмот им е омилена култна класика.
Ретки се оние кои ја прочитале „Одвеано со виорот“, но речиси нема кој за филмот не чул.
Веројатно никој знае дека постои серијата книги „Зелената милја“, но филмот се смета за еден од најквалитетните во последните две децении.
Во сите горенабројани примери не се работи за ефтини адаптации и лоши копии, се работи за култни филмови кои во секое рангирање се наоѓаат на врвот. И „ГОТ“ како серија е таква, самата заработка, популарност и награди го кажуваат тоа, секоја негирање на тие факти е само водење инает.
Пак ќе го земам примерот со Тирион, дека ако нешто фукционира во книгата не значи дека ќе фукционира и во серијата, во едниот случај може и да успее да држи внимание неговото патешествие низ 1000 страни,но во серијата не може тоа да трае три сезони.
Ова е излезено пред две години, пред англиското издание да излезе.Прочитав три раскази(?) на Мартин за Данкан Високиот и Јајцето, собрани во српско издание наречено „Витез на седумте кралства“. Осврт се кон едно подалечно минато во однос на серијалот. Препорачливо е првин запознавање со ASOIAF, па потоа со Данк и Ег, оти приказните така полесно се „варат“. Не дека е лоша проза, ама сепак, се гледа дека се пишувани како своевиден приквел. Дружбата на двајцата си има извесни нелогичности, но никој не е совршен, па не е ни Мартин.