A Song of Ice and Fire

  • Креатор на темата Креатор на темата Body Electric
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки во која книжара ги имаше првите 2 книги преведени на македонски?
 
Еве теорија на некој фан на серијалот. За ликот и делото на Руз.
 
The Winds of Winter нема да излезе пред 6та сезона на Game of Thrones но од текстот добив впечаток дека се надѕира крајот и дека можеби ќе ја добиеме до крајот на оваа година. Можеби.

Зборува и за прашањето дали шоуто ќе ја спојлериса книгата на што одговара - можеби, да и не, т.е. дека одредени ликови имаат различна судбина во шоуто и книгите.
 
Пополнете го времето со Брајан Сандерсон, Патрик Руфус, Џо Аберкромби и уште неколку слични автори, не се баш Мартин, ама не се нити премногу далеку од него. ;)
 
Имаш право, моја грешка, ама вреди човекот да се прочита, барем Олујносветлите житија и Маглородените (мои преводи на насловите, не замерајте :) ). И останатите не се лоши, ама овие два серијала му се најдобри (барем по мое мислење).
 
Ако му веруваме на Мартин, новата книга е доволно дебела да со неа можете да убиете стаорец.

http://runt-of-the-web.com/winds-of-winter-rat

Нешто слично тврдат и неговите издавачи. Нас ни преостанува уште да доживееме да излезе книгата и да почнеме да бараме стаорци. :P
 
Тоа значи многу филер страници и пак ќе не замара со кој што јадел.
 
Еј какви сме ние, никогаш не сме задоволни, а можеби и некој рецепт ќе научеиме. :D :D
 
Рече, ќе напраел ненадеен плот твист (кој вклучува едно пе-шес лика), кој до сеа само го разгледувал али неќел да го примени. Нешто у контекст на тоа книгата уште поише да се разликуела од серијата.

На оноа за Руз погоре, може да се додаде и онаа случкана со книгана дебела и стара што ја чита па ја фрла у огин.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom