Тука.
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Пред да ти одговорам, мал дисклејмер. Имав ситни проблеми со првите три сезони. Скоро занемарливи. Четвртата и последнава се тие на кои ќе се однесува одговорот.
Прво и основно, што очекувавте од серијата?
Настрана се, јас нема да негирам дека Мартин е сигурно подобар пистел и раскажувач од било кој сценарист или автор во серијата.
Но пак, што очекувавте, дека книгите ќе бидат пресликани од збор до збор во тв-серија?
Еве да речеме дека првите книги било можно да се адаптираат во целост, но како секоја наредна која станува се поголема, со повеќе и повеќе нови ликови, со илијадници и илијадници страници, дали е можно верно да се адаптира, имајќи ги во предвид ограничувањата во пари, време и општо во телевизијата како медиум. Во таков случај ќе треба 24 епизоди по сезона и 30 сезони на ГОТ, што не е во ниеден случај изводливо, ниту одрживо на долг рок.
Ова не е точно. Никој не зборува за целосно пресликување, од збор до збор или буквален приказ. Ама не можеш да не прикажеш ГЛАВНИ ликови, централни фигури како Мендерли, кога го опишуваш северот. Не можеш да се оправдаш со пренатрупаност, затоа што 70% од главните ликови во претходните сезони се веќе мртви.
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Понатаму, не можеш да му лепиш особини на тој Мендерли у ликови како Санса. Не знам дали си приметил, ама серијата таа финта ја прави, лепи особини и мотивации на ликови што не ги вовеле на експонирани фаци, колку и да се некомпатибилни. Тоа тие експонирани ликови ги прави мутации на сами себе и им убива веродостојност.
Времето кое го пополнуваат со дијалози од типот на "хм, мене ми е голем", "хм, мене ми е поголем" е...пази сеа каков збор ќе употребам, редундантно. Цело време се курчат со дијалози на кој му бил поголем во секоја епизода ликови кои веќе добро ги знаеме, а тоа време може да се пополни со претставување на ликови како Мендерли, давање повеќе простор на браќата од Iron Islands и Дорн.
Серијата ја тупи. Да не ја тупеше толку, за сите главни ликови ќе имаше простор.
Сите ние гледачите на серијата може сакаме некои дејствиа да беа пообјаснети, некои ликови кои ги нема да се појавеа(или да се појават), но од друга страна,не може да се очекува квалитетот на серијата да се одржи на исто ниво ако дејството се развлече премногу, дури и сега има критики дека приказната преспоро се движи, што ќе беше на пример ако Тирион наместо пола сезона одеше три сезони до кај Денерис и сеуште не беше стигнат таму (како што е случај во оригиналното дело), ќе имаше гледачи што ќе го поздравеа тој потег, ќе можеше тоа да се адаптира на тв без притоа приказната да загуби било каква смисла, немаше шанси.
Горе ти пишав дека дејствието итекако е развлечено во серијата, само вие не приметувате. Ова е и причината зошто нејќев на другата тема да ти реплицирам. Тоа курчење секоја епизода и тие godfather моменти тие што ја гледаат серијата не ги сметаат за тупење, затоа шо на тоа се палат. Тоа и цицки. Се од цицки и по некое куренце е прикажано, се од курчаторски моменти плус стотина нови, а ниту еден од главните ликови воведени во 5-тата книга и скоро ниту еден битен настан од северот(Хардхом е измислен настан, претпоставен). Гледачите на серијата тоа го сакаат, тоа им се продава и тоа не го гледаат како проблем. Ако на Санса и се даде дијалогот на Мендерли кај шо матер му ебе на Болтон, гледачите нема да го карактеризираат како несвојствен дијалог за Санса, туку како добро курчење.
Разиел е во право, серијата и книгите се веќе целосно разделени, со своја публика, и секоја страна со свои очекувања. Впрочем, и самиот Мартин не еднаш го има изјавено тоа- дека книгите и серијата се две различни света и како на такви треба да се гледа. Но Мартин е свесен дека голем дел од читателската публика последниве години и воопшто фактот што сега е толку популарен (и богат) се должи само на серијата, и затоа никогаш јавно и директно не ја критикува, неговата златна кокошка (има други кои во негово име го прават тоа).
Toa Мартин го изјавува сега, таговно. Последниве година-две. Муабетот со домино ефектот. Ама тоа не е рекламата на серијата. Серијата последниве две сезони продава лажна реклама. Дејствието е различно, ликовите, освен можеби Ариа, се непрепознатливи, а спојлерите се тие, иако од други ликови доаѓаат како такви.
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Дали јавно ја критикува или не и колку се опарил од серијата не треба да е битно. Или треба?
Една работа треба да разбереме, да се адаптира книга, роман било што не е лесна работа, особено не комплексна како ASOIAF, но кога тоа е успешно (како во случајов) најчесто адаптацијата неколкукратно го надминува оригиналот во популарност, заработка и фан-база.
Многу луѓе чуле и знаат, но веројатно премал е бројот на истите кои ја прочитале „Кум“ од Пуцо, но нема веројатно човек кој барем три филма изгедал во животот, Кум да не бил еден од нив.
Ретки се оние кои чуле или го прочитале „2001 Одисеја во вселената“, но на милиони филмот им е омилена култна класика.
Ретки се оние кои ја прочитале „Одвеано со виорот“, но речиси нема кој за филмот не чул.
Веројатно никој знае дека постои серијата книги „Зелената милја“, но филмот се смета за еден од најквалитетните во последните две децении.
Сеа ќе ти раскажам една многу кратка приказна, во однос на ова.
Филип К. Дик ја напишал Do androids dream of electric sheep. Таа книга била популарна кај стандард сај-фај публиката шо го следела Дик, ама Ридли Скот никогаш не ја прочитал. Или ако ја прочитал, кога решил да ја пренесе на големо платно, аудио-визуелниот резултат бил сосем поинаков од дејствието во книгата. Отишле критичари кај Дик да го прашаат дали има некаков коментар за таа креативна одлука на Ридли Скот и типот рекол дека нема. Филмот совршено ја доловил "душата", есенцијата на она за шо он пишувал, колкави и да се разликите во дејствието. Примерите шо си ги набројал се во таа класа, автентично ја пренеле суштината на делото од романот. Како фуснота, ја би го додал The Shining, кај што Кјубрик МУ ДАДЕ вредност на тоа просечно лајнце од книга на Стивен Кинг. Има и такви примери. GoT е од оние другите. GoT припаѓа во оние аудио-визуелни преводи кои шо матер му ебат, го масакрираат, мутираат, обезвреднуваат и симплифицираат делото на Мартин. Му серат на душата.
Во сите горенабројани примери не се работи за ефтини адаптации и лоши копии, се работи за култни филмови кои во секое рангирање се наоѓаат на врвот. И „ГОТ“ како серија е таква, самата заработка, популарност и награди го кажуваат тоа, секоја негирање на тие факти е само водење инает.
Не кога зборуваме за класа како таа на Мартин. Ако некој ја филмува Браќа Карамазови и земе 11 оскари, тоа веројатно пак ќе биде едно најобично срање пред тој магнум опус на Достоевски. Друга е класата, друг е судот.