Eddard Stark
Lord Snow
- Член од
- 25 ноември 2009
- Мислења
- 1.220
- Поени од реакции
- 2.540
Ги имаш сите, јас уште пред две години може ги зедов (освен A Game of Thrones и A Dance with Dragons, зашто таа уште не беше излезена). А првата ја прочитав на компјутер па се до пред една година ја немав купено, и требаше 3-4 пати да одам па да ја начекам, зашто од Британија ги нарачуваат. Ќе одиш прво таму каде што ти е најблиску (има три јас што ги знам, една во City Mall, во Ramstore и една книжара им е спроти McDonalds-от во Центар), и ако ги нема во таа книжара може тие да прашаат во другите дали ги има да не одиш за џабе.Ги има сите пет? И случајно да не знаеш колку се?
Иначе 700 денари се по книга (барем толку беа кога ги земав), со тоа што A Storm of Swords е на два дела по 700, и ако не ја начекаш A Dance With Dragons како една книга, и таа ја имаат поделено на два дела, исто по 700 денари.
Ако си од Скопје провери прво таму, па после види си и на Amazon, па ќе видиш која опција повеќе ти одговара.