Според последните информации има 9 мртви и пола од повредените се во критична состојба.Не знаев дали д ја постирам веста во Авионски несреќи или Избегнати несреќи.
Турски патнички авион само што се сруши во Амстердам при слетувањето. Односно слетал на блиските ниви и се скршил на три деа.
http://news.bbc.co.uk/2/hi/europe/7909683.stm
Ако е вистина дека има неколку мртви, Бог да ги прости.
Еве неколку слики со голема резолуција од несреќата:
http://www.geenstijl.nl/archives/images/ANP-9259316.jpg
http://www.geenstijl.nl/archives/images/crashschiphol2.jpg
http://www.geenstijl.nl/archives/images/ANP-9259371.jpg
---
Девет лица загина при денешната несреќа на турскиот патнички авиони со 127 патници и осум членови на екипажот, кој се урна при слетувањето на амстердамскиот аеродром „Схипхол“, соопштија холандските власти.
На прес-конференција денеска официјални претставници на Холандија исто така соопштија дека околу 50 лица се повредени во несреќата, а 25 од нив се во критична состојба.
Турските власти засега соопшија дека располагаат со информација за седум загинати. Жртвите биле меѓу настраданите во несреќата, кои биле одведени во болница и таму подоцна починале, изјави заменик-министерот за транспрот Суат Хаири Ака. Според него, има околу дваесетина повредени.
Во авионот имало 78 турски државјани и 56 лица од друга националност, информира Ака. Засега не се знае од која националност се загинатите.
Експерт на турска управа за цивилна воздушна пловидба изјави дека најверојатна причина за насреќата е густата магла на „Схипхол“, но и ветерот, кој на амстердамскиот аеродром многу често ја менува насоката.
Претставник на истанбулскиот аеродром „Ататурк“ соопшти дека авионот летал на релација Истанбул-Амстердам, додека компанијата „Туркиш ерланјс“ засега се уште не излегла со коментар за настанот.