Невозможно е. Поголемиот дел од Академијата го сочинуваат актерите и режисерите, а на нивните посебни доделувања на награди ни едниот, ни другиот не направија ништо посебно. Еве конкретно на SAG наградите - иако и Колман, и Вајс, и Стоун имаа посебни номинации за актерки, филмот не доби номинација за најдобра актерска екипа што е еднакво на најдобар филм според актерите. Номинирани се: Black Panther, BlacKkKlansman, Bohemian Rhapsody и A Star Is Born (плус и Crazy Rich Asians, ама тој не е номиниран за најдобар филм на Оскарите), што значи најголем дел од гласовите на актерите, кои се најбројна група во Академијата ќе добијат овие 4 филма. Од друга страна, кај режисерите номинирани се: A Star Is Born, Roma, Green book, BlacKkKlansman и Vice, што значи гласовите на режисерите, кои се втора најбројна група во Академијата ќе ги добијат овие филмови. Тука пак го нема The Favourite и овојпат и Bohemian Rhapsody. Тоа, а и фактот дека и на другите Guilds награди ни едниот ни другиот ништо посебно не освоија, ги прави аутсајдери во трката за Оскар годинава, и колку тоа да не ми се допаѓа. Плус, на ни една листа на фаворити на критиката годинава ни еден од двата не се искачи погоре од 4 место. Види ја листата на почетокот од темава: Bohemian Rhapsody дури го уништија со лоши рецензии, тој изненадување е и што воопшто е номиниран, а притоа сите сметаат дека е тоа така само заради глумата и најмногу заради Малек. На пример, режисерот никој не го ни спомна за номинација.
Годинава дефинитивно Roma и A Star Is Born се двата најголеми фаворити и Green Book на трето место, зашто изненади освојувајќи некои награди (но сепак, истите не мора да имаат некое значење, зашто тие групи кои ги доделуваат тие награди се мали и немаат големо влијание во Академијата. Така The Rider освои 2 награди за најдобар филм, а на Оскариве нема ни една номинација). Евентуално, може да изненади BlacKkKlansman или недај боже Vice (зашто имам чувство како Академијата да му должи на Адам Меккеј за The Big Short) или уште понедај боже Black Panther (на кого се гледаше уште од старт дека сакаат со сила да му тупнат Оскар, па дури и измислија нова категорија за него, која, за среќа, ја повлекоа подоцна).
А, со оглед на тоа што обично освојувачот на Оскар за најдобар филм освојува и Оскар за режија, а Бредли Купер и Питер Фарели не се ни номинирани за режија, се чини дека уште од сега е познат победникот - ПРВИОТ ФИЛМ ОД НЕАНГЛИСКО ГОВОРНО ПОДРАЧЈЕ СО ОСКАР ЗА НАЈДОБАР ФИЛМ - ROMA *
_______
*The Artist од 2011 исто, не беше од англиско говорно подрачје, француски филм е, но нем е, не се зборува во него, па така сепак Roma ќе биде првиот.