91ви американски филмски награди (Оскари 2018)

Kој е вашиот фаворит?


  • Вкупно гласачи
    41
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.120
Поени од реакции
15.931
абе можеби не е оскаровски материјал, ама не го хејтајте толку Блек Пантер, барем за категориите што ги освои, мислам заслижено, особено за музиката...мене лично филмот не ми се свиѓаше, ама музиката си беше одлична..

мене повеќе ме нервира фактот што Реми Малек освои оскар за најдобар лип-синк...дури и краткиот клип кога го прикажаа при номинацијата, беше со воисовер на Фреди Меркјури, наместо да дадат клип каде што всушност глуми..
Го гледаше ли Бохемиан ти воопшто?
Реми и неговата глума беше најдоброто нешто во тој филм.

Драго ми е за Green book, не памтам во блиско минато Оскариве да одбрале нешто асално за филм, барем не тие што мене ми се допаѓале. Криво ми е малце за Виго, но ко што пишав, мислам дека и на Малек му е дефинитивно заслужено.
Женскиве улоги, мех, немав фаворит, не ме ни занимаше искрено.
 

Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.236
Поени од реакции
2.028
Го изгледав и ми беше сосема ОК, ама ете, дали оти го сметам Малек за антипатичен актер, ама лично мене не ми остави посебен впечаток..
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.182
Генерално лајк за освојувачите на Оскар, особено во главните категории. Но не и за шоуто. Многу мртво беше. Само Оливија Колман - ѕвезда на вечерта, го раздвижи. Инаку фалеше водител, многу! Нека не прават друг ваков излет.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.361
Поени од реакции
38.335
Jeff Ross треба да биде хост, има да ги направи лом сите до еден:D
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Мене воопшто не ми сметаше без хост, во ниеден момент не се осетив ко да ми фали нешто. Оваа година среќа немаше ни „туристи“ што ќе ги изненадат со посета на Оскарите, такви по тренерки и фармерки со двогледи и апарати на врат. Најглупиот стант во историјата на award настани. Секако многу често заспивав за време на стенд ап комедија делот од Оскарите, така што ми се погоди годинава.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom