- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 15.004
- Поени од реакции
- 37.334
Априли-ли-ли, нормално!
Нема ништо на светот толку неодоливо заразно како смеата и добриот хумор. [4]
Ми требаше време да ги изберам „најпретставителните“ постери за погоре, ама се надевам сфативте дека нема да ги гледате нив, уште пред да ви го пишам ова. А што ќе гледаме?
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Сите светови се направени од вера, доверба, и ѕвездена прашина. [5] И овој, нашиот, тука! Зиме ќе влеземе во еден мал вагон розов со перничиња од сино платно. Ќе се сместиме. Гнездо за бакнежи во возот е во секое аголче матно. [3] Не знам точно што мислам со ова, ама го мислам.[1] Сигурно се прашувате: „што збори овој?“ Летам, драги мои. Летам. Оти тука, и вака, можеме да летаме! Во оној момент кога ќе се посомневаш дека можеш да леташ, се осудуваш себеси никогаш да не можеш да го направиш тоа. А никогаш е ужасно долго време. [5]
Сакам кога некој се возбудува за нешто, убаво е! [1] Ќе сетиш како нешто те полазува сета... Еден мал бакнеж, како бубалка што прета, ќе ти протрча лудо низ вратот... Ти ќе ми речеш: “Барај“ наведнувајќи глава, - и ние долго ќе ја бараме таа мрава што многу го заплеткува патот...[3]
Какви ли не мисли ми доаѓаат ноќва, оти одев по споредни улици под дрвореди со главоболка свесен за себе гледајќи во полната месечина.[2] Сега сигурно почнуваш и да ме псуеш, нели? И сакаш да ме скокнеш. Немој! Кога не гледаш, некој ќе се прикраде и ќе ти напише „Еби се“, тука, баш под твојот нос. И да имаш милион години за да го направиш тоа, не можеш да ги избришеш ни пола од „Еби се“ знаците во светот. Невозможно е.[1]
Сфатив дека безброј пати сум се умрел и повторно сум се родил, но не се сеќавам на тоа само затоа што премините од живот во смрт и пак во живот се толку сенишно лесни и мазни, една магична акција во ништо, како да заспиеш и повторно да се разбудиш милион пати, потполна случајност и длабоко незнаење.[2] Смешно е. Сѐ што треба да направиш е да кажеш нешто кое никој не го разбира, и сите ќе направат сѐ што ќе посакаш.[1]
А јас не барам многу од вас. Само 5 филма да изгледате месецов...
Долго се мислев што да ви предложам. Имав теми како: Yugoslavian Black Wave, Митологија, NC-17 Movies (ова е последната тема која ја имав пред да се премислам), а имав и една друга за која веќе и ви ги избрав филмовите: ни еден од нив никој немавме гледано (ќе ја чувам за следниот пат). Но се случи пред недела-две @Corvus и @Anon да гледаат еден филм кој одамна ми беше симнат, но никако да се наканам да го гледам: Goodbye Christopher Robyn. Два дена потоа, јас гледав еден од петте кои тука ќе ви ги предложам, и сфатив дека морам да ја сменам темата. Го гледав и Goodbye Christopher Robyn потоа, и заради двата, еве, ја менувам, во 5 за 12! Тоа што во април ќе гледаме е поврзано со, за мене, заедно со филмовите, најважната уметност во мојот живот. Она што го сакав од мал, она кон кое се стремев дека ќе го правам кога ќе пораснам (иако наречниците рекле да правам сендвичи цел живот), она кое ме исполнуваше, ми правеше да чувствувам пеперутки во стомакот, да не спијам цела ноќ, да трошам пари ко луд само за да го почувствувам мирисот... Книгите! Како се тие поврзани тука? Едноставно: во месец април ќе гледаме 5 филма за 5 (и повеќе) писатели и поети кои значеле нешто за мене (дел уште значат). На тој начин, двете мои омилени уметности ќе ги споиме во едно – ќе видиме на филм како се напишани едни Петар Пан, Божиќна приказна, Ловец во ‘ржта, како живеел мојот омилен поет, Рембо, и како твореле припадниците на Бит-генерацијата во САД: Гинзберг, Керуак... Значи април е месец на
WRITER BIOPICS
Еве што избрав (делата во продолжение, исто, ви препорачувам да ги прочитате ако веќе не сте ги прочитале, но секако, се надевам филмовите ќе ве натераат да го направите тоа):
1. Rebel in the Rye (2017) / Џером Д.Селинџер - Игра во 'ржта
2. Kill Your Darlings (2013) / Џек Керуак - На пат / Ален Гинзберг - Поезија
3. Total Eclipse (1995) / Артур Рембо - Пијаниот брод и Илуминации / Пол Верлен - Поезија
4. The Man Who Invented Christmas (2017) / Чарлс Дикенс - Божиќна приказна
5. Finding Neverland (2004) / Џејмс Метју Бари - Петар Пан
Ова се петте избрани. Последниот, Finding Neverland, е задолжителен за @Corvus и @Anon . Другите, бидејќи го имаме гледано, може да го замениме со некој од трите подолу. @Corvus и @Anon , за да не се почувствувате дискриминирани: за вас пак незадолжителен нека биде Total Eclipse, можете да го замените тој. Другите 3 филма, за замена, се:
6. Bright Star (2009) / Џон Китс - Поезија
7. The Last Station (2009) / Толстој - Војна и мир и Ана Каренина
8. Shadowlands (1993) / Клајв С. Луис - Хроники од Нарнија
Многу ми е мака што многу филмови и многу автори ми останаа надвор од листава, ама ако на некому му се допаднат овие, со задоволство ќе му ги препорачам и останатите. И ќе се потрудам да изгледам што е можно повеќе. Е сега се надевам навистина ќе уживате.