Книги што сте ги прочитале и коишто ви оставиле впечаток?

  • Креатор на темата Креатор на темата Police
  • Време на започнување Време на започнување
Херман Хесе - "Среќен е тој што умее да сака." Толку поучни работи има во книгата, толку убаво и сликовито ги објаснува нештата, дава реална слика за тоа што се случува. Кога ја читам, секогаш добивам инспирација да напишам нешто убаво. :smir:
 
Клетници-Виктор Иго(За општествениот статус на Франција во првата половина на 19 век како и тежнеењето кон враќање на Републиката)
 
Мене многу ми се допадна "Демијан"од Херман Хесе.Многу добра книга.Вреди да се прочита.:pipi:
 
Странецот, ми ги прееба мислите, многу прашања отвара таа книга, богами мислиш, мислиш за неа и ништо не заклучуваш. Се пронаоѓаш во некој дел од главниот лик, дознаваш дека грешиш понекогаш. Атеизмот и апсурдноста ја осликуваат книгата, и ладнокрвноста.
 
Клетници-Виктор Иго(За општествениот статус на Франција во првата половина на 19 век како и тежнеењето кон враќање на Републиката)

Една од подобрите книги што сум ги прочитала.Гуд чоис:):salut:
 
"Сликата на Доријан Греј" од Оскар Вајлд. Вистина е дека крајот го краси делото! Прекрасна книга :pipi:
Моментално сум при крај со книгава, и морам да кажам дека си во право. Ми се допаѓа Хари како лик (човекот кој ќе го расипе Доријан Греј со тоа што ќе му каже дека младоста ќе ја изгуби а со тоа и се што е вредно кај него). Лордот пропагира еден изопачен аристократски хедонизам, кој сите некогаш сме го посакале, а е својствен за тогашната аристократија.
 
Одамна престанах да евидентирам и да бројам колку книги имам прочитано оти се ногу....а најголем впечаток ми остави теорија на хаосот....толку убаво опишува шо прават политичарите зад наш грб...феноменална книга(многу апстракна)
 
Моментално сум при крај со книгава, и морам да кажам дека си во право. Ми се допаѓа Хари како лик (човекот кој ќе го расипе Доријан Греј со тоа што ќе му каже дека младоста ќе ја изгуби а со тоа и се што е вредно кај него). Лордот пропагира еден изопачен аристократски хедонизам, кој сите некогаш сме го посакале, а е својствен за тогашната аристократија.
Да, Хари е вистина еден интересен лик; има некои куриозни философии и размислувања и има едно чудно својство да влијае врз луѓето околу себе (најчесто на лош начин или како што вели тој - не постои добро влијание, затоа што било какво влијание од страна го одзема твоето "јас"). Баш заради ваквите необични погледи во "Доријан Греј", ме заинтересираа и некои други дела на Вајлд :)
 
Мост преку вечноста - Ричард Бах
Девојката со портокалите - Јустејн Гордер
љубовни приказни, испрепрлетени патишта за прифаќање и постигнување на целите, најнапред љубовни, животни.....
 
"Завеса. Последниот случај на Поаро" - Агата Кристи.

Ми се допадна. Дејството се случува на самиот крај на животот на Поаро. Поаро му изложува на Хејстингс 5 наизглед различни случаи, но ги има извршено истиот убиец, за кој детективот знае кој е, но во половина од книгата се трудат да ја откријат жртвата за да ја предупредат. Различна од останатите книги на Агата.
Поаро на крајот умира
 
“Папата Јована“ -Дона В. Крос, ја обожавам книгава. Жена која го превзема идентитетот на мртвиот брат, се преправа во маж и станува папа. Сето тоа се случува во време кога жените имаат мали, скоро никакви права, освен обврски за домаќинска работа и одржување на семејството.


Моја омилена книга,стварно преубава..Постоењето на Папата Јована е одрекувано 1200 години.Таа го оживува Темниот век.
 
Последни ми се Најсреќните луѓе на планетата од Демос Шакариан и Скриена Македонија од Кристофер Делисо, другите џабе ќе ги набројам кога веќе се спомнати.
 
A9CDDEDE101C124C8FC5EDAF7C970B67.jpg


Дневник напиша:
Приказна за студентот по драматургија Тору Ватанабе кој во потрагата по емотивно заокружување е распнат меѓу речиси апстрактната идеја за љубовта со Наоко и дивата, малку груба и брутално отворена Мидори, Мураками ја раскажува приказната за љубовта што се доживува како разлика, јаз и отсуство на можност заедништвото да се реализира како целина.

Одлична книга :smir:
 
Мартин Идн од Џек Лондон и Морепловци од Виктор Иго. :( На крај и двата главни лика суисајд. :(
In the name of Love.
 
Мартин Идн од Џек Лондон.
Крај, крај, крај ми е книгава! :) Феноменално, Лондон ми е у омилени автори на сите времиња.

...Да не сум апла офтопик... :icon_lol: Сликата на Доријан Греј - Оскар Вајлд.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom