50 евра за плукање на улица!

Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Ма кој го .....законот!
Се однесува за јавни површини...значи отсега плукање, фрлање пикавци, остатоци од сендвичи итн, само на приватен имот т.е по дворовите што ти се попат....
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
да бе... ојш по пат... се поткачвиш на ограда, пљукаш во бавчата и си продолжвиш... :vozbud:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Затоа ќе живееме со ѓубре до колена.
 
P

Princ

Гостин
Не. Ќе живееме со ѓубре до колена бидејќи нема корпи скоро никаде по улици.
Често ми се случило некој отпадок до дома да си го донесам од центар држејќи го в раце бидејќи никаде по пат не сум начекал корпа. И не го носам со мене ради казниве, тие уште не ни постојат, туку од општа култура. Ама кога ќе носиш од центар до кондово (~15 километри) отпадок бидејќи никаде по пат нема корпа, ќе се запрашаш дали проблемот е во општата свест или пак во локалните власти.
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.335
Поени од реакции
2.224
Така, треба ама мислам пак нема да се почитува според мене, пример седаме у маало и плукнеш кој ке те види кој ке те пријави али незнам по мое правилно треба вакво правило!
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Многу многу прочитав дека викате браво за законот, така треба да не се фрла ѓубре по улици да се удри по џебот чим неможе по свеста. Ама ај да разгледаме некои така фини работи што се викаат ДУПКИ.
Јас во градов (Скопје) немам видено јавно веце, значи автоматски КАЈ ЌЕ МОЧАМ, а уште посмешно е КАЈ ЌЕ ПУШТАМ ВОДА? Казна од 50 евра за непуштање вода во веце а нема веце? Жити мајка логика....Канти за отпадоци има ама сепак се многу малце или стојат како чирови а во нив нема дно, еднаш за да бидам ете совесен граѓанин пробав да фрлам шише во канта карши ЈеБоТе гимназијата и шишето падна на земја затоа што кантата немаше дно. Треба прва да се донесат услови за да се почитуваат законите, а не да ги донесат а дали тоа имало јавно веце или кантите биле секогаш исчистени да не е битно.

Да напоменам дека ТОИФОР не се јавни вециња, ќумез не се смета за јавно веце
 
V

Viktoranius

Гостин
Нема да профункционира. И да ме казнат за ваква глупост, казна нема да платам во никој случај. Ако треба општествена работа нека ми дадат или една ноќ во затвор. Тоа би прифатил. Али нема да помине така лесно и незабележано...

И јас исто. До сега немав навика да плукам низ улиците, ама сега па за инает ќе плукам па нека ме казни.
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Оф мори мајко...плук-дај 50 евра,па на тоа жртвата изнервиран „пу да ти ...„-ајт уште 50 евра!
Кај се фатија баш за плукањето ѓоа Сингапур сме...кога на секое ќоше врие од ѓубре,ама за плукање 50 евра!
Како и другите закони што се почитуват така и овој ќе биде.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Изгледа во оваа држава најбарана професија ќе биде "пазач", после и тие ќе се специјализираат, пазач за фрлачи на губре, пазач за пушење, пазач за мочање, пазач за плукачи, последниве двајца ќе одат заедно со форензитичар поради испитување на генетскиот материјал за да се докаже потеклото на исплуканото и измочаното.
Вака со пазачите се решава и мал дел од невработеноста, кога веќе не може да се решава со нови вработувања во стопанските дејности.
Сега ни фали уште и закон за регулирање на сексуалните односи, каде, колку, како и кога ќе бидат дозволени т.е. само преку викенд, бидејки преку работната недела ќе се смалува продуктивноста на вработените и способноста за учење на учениците и студентите.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Пробаа секако да ја подигнат свеста за хигиената во земјава,но никако не им успеа.Конкретно,најчистата населба во Скопје Карпош,редовно има акции за генерално чистење,но и покрај тоа луѓето кесите си ги оставаат пред зграда,шутот пред двор и тоа на партизанска и тоа го сметаат за нормално.Ѓубре на секој чекор,а кантата е три чекори подоле.Некој спомна немало доволно канти за отпадоци.Ќе нема ни контејнери благодарение на вандалските карактеристики на луѓето.Набавката не е мала и се врши годишно,одат големи средства за тоа,но кој го интересира тоа.Одговор е плаќаме сметки за тоа нели:)Кој плаќа и дали е тоа реалната цена,ни тоа никој не го интересира.
Конкретно за бројот на корпи поставени на територијата на Скопје е доволен,за да нема отпадоци по улица.Неможе на два чекора да има,ќе го задржите отпадокот до следната корпа,ако не барем ќе дојдете до контејнер.
Друга карактеристика е да го наполнат контејнерот со кабаст отпад,па потоа нема место за смет,па што им е гајле они се ослободиле од непотребни работи во подрумот.
За се има решение,Комунална хигиена секојдневно труби што и како со третманот на отпад,кабаст на рециклажен,пластика во посебни,останат во контејнер,но никој не ги слуша,за подоцна да отворат уста против нив.Они само одат по нашите чекори,они се последица а не причина.
И за крај,длабоко верувам да се спроведе законот,зошто уште малце нема ни да се гледаме од ѓубре,депониите се при крај со капацитетите,а ние сме крајно невоспитани.Само казна не опаметува и тоа високи за да се научиме на култура.
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.693
Поени од реакции
883
Поидиотски закон неможеше да се донесе...и јас се сложувам дека ни треба сличен закон ( казни за фрлање ѓубре по улица итн. ) , ама да казнуваат по 50 евра за плукање на улица ????...нешто е труло во државата Данска ( Македонија ) ... еве јас на пример одамна си имам проблем со грлото и морам од време на време да плукам ако несакам да се задавам :) ( нормално тоа го правам дискретно ) ... баш да го видам тој маж кој ќе проба да ме казни бидејќи сум плукнал на улица
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Нели можеш во крпче да си плукаш или подобро е балгами на секој чекор да газиме?
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Нема што толку да се образлуожува, плукањето по улица е една гнасна навика на нашите простори.општествено неприфатлива..се осеќам како скијач на Сестриере кога одам по улица пробајќи да ги избеднам разнобојните плунки, да не збориме како изгледа тоа од здравствена гледна точка..плунката носи со себе разни болести...Законот е супер..жално е што кај нас се мора да е сосила..а за оние носталгичните може да се организираат натпреварувања..плукање во далечина...може едн ден ќе е нова Олимписка дисциплина..сигурно ќе сме први..:wink:
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Нели можеш во крпче да си плукаш или подобро е балгами на секој чекор да газиме?
Кажи ми жити се земја каде се плука во марамче,ама исклучиво во марамче.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom