50 евра за плукање на улица!

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
...Кога насекаде по улиците има ѓубре да се сопнеш од него,зошто би ни сметала една плувачка :toe:
Да, точно: кога насекаде има ѓубре, зошто да ни смета плувачка. Да продолжиме. Кога насекаде има лоши и расипани лицемерни луѓе, зошто ќе ни смета ѓубрето, па кога има војна на блискиот исток зошто ќе ни сметаат лошите луѓе, кога се топи ледот на северен пол зошто би ни сметале војните, кога ќе не удри астероид за 50 000 години, зошо да му ја мислиме за ледот, кога Андромеда ќе се спои со млечен пат за 4 милијарди години зошто да му ја мислиме на астероидот, кога посекако месијата ќе се симне пак после тоа и ќе полага био-хемија, зошто да му ја мислиме на Андромеда и Млечниот пат судбината, кога има ѓубре на улица, пред врата, фецер и урина, бацили кои може да си ги донесеме дома - а Андромеда е 6 светлосни години подалеку од споменатото во законот.

Ме нервира искрено логиката: "Е да бе, се е средено - уште ова требаше." Навикнати сме да мрчиме. Да не сме задоволни. Со извинение, да јадеме гомна - а паралелно да се споредуваме со словенците, хрватите или со недај боже некој друг... Зошто може човек да ги лиже улиците во Љубљана и да не се грижи дека ќе се разболи? Зошто човек може без да погледне лево и десно сосема безбедно да помине на пешачки премин таму?

Затоа што некои идиоти смислиле закони кои не служат само да пополнат некој реден број во списокот на реформи кои се носат или да ни ги задоволат дневните потреби за стручни експертизи и измислување топла вода, туку имаат и некоја проширена цел која може секој да ја сфати ако направи мал напор и активира мозок.

Гоце бе другар, ако ти се приебе ко луд (во фазон: Ми се ебе ми се рика) на сред плоштад, таму ли ќе се грабнете со девојчето? Или ако не си со неа, таму ли ќе се олесниш? Во контекст на муабетот за немањето место за извршување на физиолошките потреби на јавно место ти го зборувам ова. Па, постои причина зошто ги измислиле луѓето пелените. А како алтернатива, ако не можеме да влеземе во фармерки со пелените кои ќе мора да ги носиме после овој закон, може за промена да започнеме да се однесуваме како совесни, свесни и конструктивно културни (барем елементарно) граѓани на Македонија.

Уште еднаш, прочитајте за што е законот. Насловот на темата е провокативен, но е новинарски поставен. Затоа, Бог дарил очи, за да се чита.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
:)

А да се извадеше прво законот за селекција на отпадот,па после за плукање?Барем мене така ми се чини да ќе е редоследот...
Законот за управување со отпад е донесен,во него има и точки околу селекцијата на отпад:)
Но прво мора да се научат кај се фрла отпад,па потоа токму тој отпад од дома да го селектираат.Јас мислам вака е редот,освен ако нешто не се изменило сабајлево.
Закон за селекција ќе биде посебен,ќе има избор систем на стимулација или систем на казни во зависнот што луѓе живеат во општината.Овој закон е поврзан со рециклирањето,кој освен еколошка природа има и економска,бидејќи отпадот е пари.
Затоа си одат по ред,еден по друг.Ако сакате да ви го раскажам целиот процес на селекција,подигање на јавна свест и рециклирање,само прашајте,тоа ми е работа:)
 

Elena F.Sinatra

Temper Tantrum
Член од
5 август 2008
Мислења
227
Поени од реакции
14
Не е само тоа, уринирање на јавно место 50евра, фрлање мастика 50, или 20 не ме земајте за збор, фрлање пикавец 50 евра, фрлање губре 50евра, пијанчење на јавно место и притоа правење неред 400евра...
Мислиме не функционира, ама пред месец дена казнија дете во парк, 20 евра за фрлен пикавец, пред два месеца, казнија уште едно пијано дете, 400евра, и од кај ќе најде тоа да плати? Не верувам дека имаше повеќе од 16год:toe:
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Мислиме не функционира, ама пред месец дена казнија дете во парк, 20 евра за фрлен пикавец, пред два месеца, казнија уште едно пијано дете, 400евра, и од кај ќе најде тоа да плати? Не верувам дека имаше повеќе од 16год:toe:
Ќе плати тато кој бидејќи не го пратил во детска градинка како мал, одлучил сепак да не му ускратува од воспитанието и да му дозволи контакт со некаква градина (во случајов градки парк) - каде ќе може да шљока, да се направи труба пијан и можеби да влезе во некоја тепачка или да се повреди на друг начин, а зад себе да остави стаклени шишиња кои има кој да ги исчисти или ако се забаталени ќе се најдат откако некој ќе се исече на нив, и секако изнутрици директно од желудникот, по можност директно пред очите на Гоце Делчев, за да го заличи споменикот.

Без намера да генерализирам или да вреѓам луѓе според местото на кое излегуваат, денеска кога е страшна мода да 16 годишњак купи кавадарка или смедеревче (или на индиска терапија да биде) и да се преврти за да има со што да се пофали утредента - може да забележиме кој сегмент од општеството е најзначаен а не му се обаќа доволно внимание - израснувањето на младината.

Друга тема, има допирни точки со оваа, но да не ширам.

И ајде, дај да ставиме прст на чело и да помислиме дека сепак може да се помине и без фрлање пикавци на улица, кршење шишиња на плочник, наводнување на флората со специјална течност произведена во бешиката, ноќи во бесознание поминати на трева (мислам на парковската трева, како место на кое паѓаат јунаците)... Не само за да не не' рокне по џеб некоја казна, него дека со мала промена на навиките, ќе станеме подобри во секој поглед. Подобри за себе и за околината.
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Да не планираат и прдење и ждригање да забранат во иднина?
Или чешање јајца?

Сериозно, што штета правиш ако плукнеш на улица? Флека ќе оставиш? Дупка во асфалтот? Или затоа што jа загрозуваш глетката? Се сељачиш? Ако е заради тоа, пола држава треба да плаќа редовна месечна такса од 3.000 денари. Глупости.
Oд чисто хигиенски и здравствени причини.Да претпоставиме дека ти имаш некоја бактерија или вирус.Ти си го чуваш, и си плукаш еден куп бактерии...Онака, на улица, на паркинг, на трева.Ти олеснува за цели 10 минути, и после пак си плукаш.Уште бактерии. Некое детенце се шета со баба му.Трчајки паднува на твојата бактериозна плуканица.Баба му иако му ги мие рацете, под ноктот му останува една твоја батерија.Заради тебе, детенцево си се разболува, и оти послб имунитет од тебе, мора да се лечи долго, а можеби и ке има трајни последици.
Или за да не речеш, ете не се мијат раце, кој им е крив, на твојата плуканица со стрептокок гази една бремена жена.Залепената бактерија на чевелот си ја носи дома на тепихот во претсобјето.Кога ке се наведне и ке допре на тепихот ке се зарази.Ке има проблеми со бременоста и таа, а и бебето и после раѓањето.
Замисли се заради тоа што ти не си сакал да се воздржиш од гнасната навика на плукање.Колку и да си сигурен во тоа дека си здрав, не можеш да знаеш дека носиш баш денес некој вирус кој за неколку дена ке се развие. Не е од едтетска гледна точка законот. Баш за ова е. А најчесто плукаат луѓе кои имаат проблеми со дишните патишта, па не дај боже ти да згазнеш нешто и да си го донесеш дома.
Ова што те цитирав тебе не е ништо лично, туку сакам на сите твои истомиленици да им покажам дека има причина за законов. Оти многу ги има и ги гледам секојдневно.Нај ситуација- типот прикочува со колата, отвара врата, го произведува добро познатито звук, и плука еден зелен балгам, колку него, и си продолжува.Дебилност до бескрај.
 

Тањушка

pretty mama
Член од
17 јануари 2006
Мислења
365
Поени од реакции
29
Одамна не сум била волку пријатно изненадена. Аман, нештата за кои цел живот патам и солам памет, конечно влегоа низ портата. Мене да ме прашате, уште построги казни би репнала.

Неодамна се вратив од патување со автомобил низ неколку земји од ЕУ.Одлична можност да ги видиш сите селца, патчиња од другите држави. Да се разбереме, нивната природа е далеку погрда од нашата, ама изгледа подобро само затоа што е...чисто. Затоа што им текнало секоја бандера, ејј бандера, да ја разубават со розово-црвени-виолетови цвеќиња. Затоа што секој си го чисти својот двор. Затоа што никој не `рка по улици. Ќе ми кажете дека на Словаците, Чесите, Унгарците, Пољаците...итн... не им се `рка? Абе едноставно ни на крајот од паметот не му е дека може да ја џитоса мастиката зашто не му е веќе блага.

И остајте го она мудрување дека ништо не ни е средено, па уште ова ни фали. Ова е најважното!!! Оти џабе ти компјутеризирани училници, ако хакерот не знае дека мрсната хартија од бурекот, не може да ја џитне кога ќе го дојаде.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.637
Поени од реакции
5.317
Најновиот закон што го слушнав денес.
Па не знам дали ние толку отидовме напред ги завршивме сите работи со државата па стасавме до таму ако некој плукне да плати 50 евра. Мислам дека никој не е против овој закон под услов да зимаме поголеми примања од ови што сега се мачиме да сврзиме крај со крај, треба многу многу работи да ги средиме па потоа да донесуваме европски закони.
Како да ја слушам опозицијата на предизборен митинг:)Го поздравувам предлогот за закон, и мислам дека само така ќе се научиме да ја зачувуваме нашата природа незагадена..Оди плукни, фрли пикавец, чкорче, да се изгориш еднаш 50 евра па да видиш после во џеб се како ќе ставаш, знаејќи дека татко ти цел месец работи за 100 евра..Роби, токму тоа е поентата на законот, да те научи да го почитуваш...Ти ако земаш месечни примања од 2000 евра, нема толку да го цениш законот, но ако те попарат еднаш со 50 евра а земаш 150 плата, да видиш уште еднаш дали ќе фрлиш некаде нешто..Од 20 кат се фрла ѓубре, во реките се истура секакво ѓубре, кое ги труе рибите и сите организми што живеат таму..Ќе ти дадам пример, еден мој познајник во странска држава, преку прозорецот на камионот фрли најлонче од цигари, камерата го снима, и тап 50 евра казна..Цел живот тоа го кажува и оттогаш внимава каде фрла ѓубре...:toe:
 
P

Princ

Гостин
Тањушка, колку корпи имаше по улиците на Словенија, Чешка, Унгарија, Полска... а колку низ улиците на Скопје, Прилеп, Штип, Велес... ?
Не сум фрлач на отпадоци по улици и патишта, ама сега за инает ќе почнам и никој нема да може да ме спречи. Апсолутно никој, ниеден закон не важи кај нас. Но обидот на власта да донесе закон со кој се забранува фрлањето на отпадоци по улици - а немање на корпи по улици, едноставно го ставам во купот закони што ги донесоа преку ноќ, колку да си ги оправдаат платите.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Тањушка, колку корпи имаше по улиците на Словенија, Чешка, Унгарија, Полска... а колку низ улиците на Скопје, Прилеп, Штип, Велес... ?
Не сум фрлач на отпадоци по улици и патишта, ама сега за инает ќе почнам и никој нема да може да ме спречи. Апсолутно никој, ниеден закон не важи кај нас. Но обидот на власта да донесе закон со кој се забранува фрлањето на отпадоци по улици - а немање на корпи по улици, едноставно го ставам во купот закони што ги донесоа преку ноќ, колку да си ги оправдаат платите.
Princ, ајде ние да бидеме послушни за да имаме лице да реагираме кога нема да има кај да фрлиме ѓубрем. Може и интересна акција да направиме... Сите еден ден да дојдеме да фрлиме ѓубре пред некоја оштина во која нема доволно канти под изговор дека немавме каде па дојдовме тука.

Тоа ќе има поголем ефект!
За вакви закони да функционираат, треба да има соработка од двете страни. Јас ќе го почитувам мојот дел, очекувам повратен одговор.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Хм,го поддржувам законов,но сепак за жал мислам дека нема да се спроведе.
Навистина прво е одвратно да се гледа како некој од петици вади шлајм и плука пред тебе,а има и такви несовесни луѓе што од зграда плукаат.Па тие,па колку не ги разбирам,тоа е чудо едно.
Пред некој ден поминувам од кај мене во маало и некој недоделкан од погорните катови плукна и плунката врз мене падна и премногу ми се згрози.Тоа е немање општа култура.
Тоа дека нема канти низ градов е исто така точно.И тие што ги има се искршени.Што кажува тоа?Дека џабе ќе се постават канти,кога пак некои недоделкани вандали ќе ги искршат,бидејќи им било досадно и немало што да прават.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.175
Поени од реакции
34.324
Oд чисто хигиенски и здравствени причини.Да претпоставиме дека ти имаш некоја бактерија или вирус.Ти си го чуваш, и си плукаш еден куп бактерии...Онака, на улица, на паркинг, на трева.Ти олеснува за цели 10 минути, и после пак си плукаш.Уште бактерии. Некое детенце се шета со баба му.Трчајки паднува на твојата бактериозна плуканица.Баба му иако му ги мие рацете, под ноктот му останува една твоја батерија.Заради тебе, детенцево си се разболува, и оти послб имунитет од тебе, мора да се лечи долго, а можеби и ке има трајни последици.
Или за да не речеш, ете не се мијат раце, кој им е крив, на твојата плуканица со стрептокок гази една бремена жена.Залепената бактерија на чевелот си ја носи дома на тепихот во претсобјето.Кога ке се наведне и ке допре на тепихот ке се зарази.Ке има проблеми со бременоста и таа, а и бебето и после раѓањето.
Замисли се заради тоа што ти не си сакал да се воздржиш од гнасната навика на плукање.Колку и да си сигурен во тоа дека си здрав, не можеш да знаеш дека носиш баш денес некој вирус кој за неколку дена ке се развие. Не е од едтетска гледна точка законот. Баш за ова е. А најчесто плукаат луѓе кои имаат проблеми со дишните патишта, па не дај боже ти да згазнеш нешто и да си го донесеш дома.
Ова што те цитирав тебе не е ништо лично, туку сакам на сите твои истомиленици да им покажам дека има причина за законов. Оти многу ги има и ги гледам секојдневно.Нај ситуација- типот прикочува со колата, отвара врата, го произведува добро познатито звук, и плука еден зелен балгам, колку него, и си продолжува.Дебилност до бескрај.
Океј е сценариото. Дури и рекламен спот за промоција на законов може да се сними според него.
Ако ме читаат од штабот на партијата предлагач на законот, слободно може да ја искористат идејава :)

Дете паѓа на плуканица, си мие раце, џабе, бактерии под нокт, тешки болести... Дали сакате заради вашата р'каница да страда општеството? Мото еден: "Плукањето на улица убива". Клапа втора. Сељак со Застава 128 кочи [гумите шкрипат нормално], типот отвара врата и од петици вади зелен шлајм и си се олеснува. Си заминува. После неколку минути поминува автобус кој носи дечиња во планетариум. Автобусот се лизга од шлајмот и за малку не се превртува... За среќа нема повредени дечиња. Мото два: "Подобро е да се голтне - отколку да се плукне".

И ако завршивме со театралностите, може да заклучиме дека единствената вистинска причина за законов е некаков „европски стандард“ и секако „поттикнување културно однесување“. Затоа што освен што ни ја нагрдува естетиката, реално, шансите за посериозни последици од плукање на улица се изводливи само во филмови на Џејмс Вонг (режисерот на Final Destination).

Сељачки е, да. Ама кога ќе видам барем некакво истражување кое потврдува дека од плукање на улица страдаат луѓе - дури тогаш ќе почнам да го применувам „законов“. Има бројни истражување за штетноста од пушењето, па пак е дозволено... На баналностите нема крај.

А ако ме плукне некој мене од зграда и видам кој е (или на кој спрат е) ќе му ја демолирам фацата.
Намерно плукање луѓе треба да се казнува. Во спортот плукањето противник се третира како напад и казнува исто како и удирање противник. Ама тука не збориме за тоа, нели.
 
P

Princ

Гостин
Princ, ајде ние да бидеме послушни за да имаме лице да реагираме кога нема да има кај да фрлиме ѓубрем. Може и интересна акција да направиме... Сите еден ден да дојдеме да фрлиме ѓубре пред некоја оштина во која нема доволно канти под изговор дека немавме каде па дојдовме тука.

Тоа ќе има поголем ефект!
За вакви закони да функционираат, треба да има соработка од двете страни. Јас ќе го почитувам мојот дел, очекувам повратен одговор.
Ние сме напатен народ Serpico. Ќе трпиме, ќе носиме најлон кеси во џеб од центар до дома и нема да мрчиме. Не за друго, туку моите општинари можат да ме пукаат ако мрчам многу.

Туку, еве за Тањушка рандом слика од мојот град, и една од градовите низ кои она поминала на нејзиното патешествие.

Скопје, главен град на Република Македонија, Бул. Партизански Одреди, крвоток на градот:


Да ти се плукнам во селото, пту јазк.

Љубљана, главен град на Словенија, кеј на реката Љубљаница

има корпа за отпадоци во левата половина од фотографијата. Може да се види убаво.

Прага, главен град на Чешка.

на секој чекор гледам корпи за отпадоци.

Пак се запрашувам: дали луѓето не чинат или власта?

Едит:
Тука те чекав
Тоа дека нема канти низ градов е исто така точно.И тие што ги има се искршени.Што кажува тоа?Дека џабе ќе се постават канти,кога пак некои недоделкани вандали ќе ги искршат,бидејќи им било досадно и немало што да прават.
Зошто не се носи закон со кој ако некој скрши канта, ќе плати казна 150 евра? И инспектори нека постават до секоја корпа. На никој нема да му пречи тоа. Но носат контра-продуктивни закони. Не можеш по магарето па удри по самарот. Во случајов народот.
Знаеш, многу поголем е бројот на оние кои со се срце би фрлиле отпадок во корпа отколку на тротоар. Токму затоа, two thumbs down за законов. Корпи сакаме.
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
И за крај да пишам нешто:)
Доколку сакаме законов да функционира нека направат ко што направија нашите кошии Хрватите. Кој носи кацига добива чек во износ на казната за не носење кацига (1000куни) епа сега на крај со пари ќе направат почист град
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Зошто не се носи закон со кој ако некој скрши канта, ќе плати казна 150 евра? И инспектори нека постават до секоја корпа. На никој нема да му пречи тоа. Но носат контра-продуктивни закони. Не можеш по магарето па удри по самарот. Во случајов народот.
Знаеш, многу поголем е бројот на оние кои со се срце би фрлиле отпадок во корпа отколку на тротоар. Токму затоа, two thumbs down за законов. Корпи сакаме.
Па не викам да не се донесе.
И треба да се донесе.
Ама пак ќе има луѓе кои нема да фрлаат ВО корпата туку ДО неа.
Секогаш ќе има такви луѓе и тие се тие што треба да се казнуваат.
Јас некако сум неутрална во врска со законов.
Од една страна е супер,ок,ама од друга страна има недостатоци.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom