Почивај во мир, Мајкл Џексон

  • Креатор на темата Креатор на темата firewall
  • Време на започнување Време на започнување
Почивај во мир, легендо. Засекогаш ќе те паметам по оваа легендарна песна.

 
Не ми се верува.За 2 сати го изгубивме кралот на попот...:(

Почивај во мир,легендо.
 
Мајкл Џексон, супер - таленираното дете кое прерасна во „Крал на Поп музиката“ и најславна личност на своето време, пред да падне од тронот по серијата скандали, почина во четвртокот на 50 годишна возраст.

Околностите околу неговата смрт сеуште не се познати. Неговата смрт донесе трагичен крај на долгиот, бизарен пад од славата во 80-тите, кога беше водечки изведувач и ја обедини црната и белата музика и ја разби расната бариера на MTV, доминираше на топ-листите и воодушевуваше на сцената.



Неговиот албум од 1982 „Трилер“ во кој се најдоа мега хитовите "Beet it", "Billie Jean" и "Thriller", останува најпродаваниот албум на сите времиња, со над 26 милиони копии.

Тој беше највозбудливиот изведувач на својата генерација. По некои мерила, тој е рангиран заедно со Битлси и Елвис Присли како најголема поп-сензација на сите времиња. Ги обедини најголемите музички имиња кога се ожени со ќерката на Елвис Присли, Лиса Мари.

Како минуваше времето Мајкл Џексон се менуваше: неговата кожа постана светла и зборуваше со тенок, скоро женски глас. Го следеа многу скандали. Во 2005 беше ослободен од сите обвиненија за скандал на ранчот во Neverland во 2003, но скандалот ја уништи неговата кариера, го наруши неговиот имиџ и го донесе во сериозни финансиски проблеми.


Џексон го подготвуваше својот голем кам-бек, со невиден настан: 50 концерти во 02 Арената во Лондон, на кои ќе присуствуваа 1 000 000 луѓе.

Стотици луѓе се собраа пред болницата како што се ширеше гласот за неговата смрт. Влезот за итна помош во UCLA медицинскиот центар беше обележан со жолта полициска лента.

„Дами и господа, Мајкл Џексон тукушто почина“ - рече една жена која се качуваше во автобус, по што веднаш патниците посегнаа по мобилните телефони. Веста се прошири веднаш.

На Times Square во Њујорк, луѓето беа шокирани кога на екранот се појави веста дека Мајкл Џексон починал.

„Ова е како кога Кенеди беше убиен. Секогаш ќе паметам дека сум бил на Times Square кога Мајкл Џексон умре“ - рече еден од минувачите.

 
Pocivaj vo mir care
 
После две години и три месеци, останувам на истото. Луѓе како него, Бора и Пол никогаш нема да ми се толку приоритетни во животов, по никоја основа. Освен можеби некогаш децата мои.

Уште еднаш: Почивај во мир Кралу.
Еве ви малку од Кралот, за сите прости души кои ја докажаа својата нечовечност овде.

 
Idam si od izleguvane i nasekade vesta..... SHOCKED


RIP Michael Jackoson....:((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((99
 
Што да се каже освен дека не беше за џабе кралот на попот. Неговите песни беа далеку пред своето време, затоа и останаа и ден денес слушани и го имаше најпродаваниот албум во историјата. За жал очигледно беше последниве години дека здравјето му е многу лошо и дека нема да живее уште предолго.
Џеко замина но неговите песни ќе останат.
 
Слики од последното видео што го снимал пред неколку дена за престојните концерти
0625_videoshoot_mj_launch_ex.jpg


Па и не изгледа толку нездраво... :(

Жал ми е за последниве концерти, ќе беше нешто незаборавно
 
И мојата омилена песна :smir:.
почивај во мир, великану.
 
Неможам да најдам точни зборови за да опишам колку е важен уделот на Мајкл Џексон за животот во кој што живееме денес.

Колкумина од вас знаат дека Мајкл Џексон е автор на песната We are the world:

Една од песните што ја започнаа целта на изведувачите ширум светот - да го разбудат човечкото во човекот и да не натераат да размислиме за сите неправди што се случуваат по светот и што можеме ние да направиме за да помогнеме. Песнава до ден денес е синоним на повик кон човештвото да се обедини во едно.

Затоа Мајкл Џексон го ставам тука некаде на рамниште со Џон Ленон, две музички легенди, но и две легенди кои што ке останат запаметени во тоа колку сакаа да го обединат светот и да ги натераат луѓето да се сакаат еден со друг.

Размислете за денешната поп музика и за поп музиката на овие двајца. Денес нема да видиш поп спот а да нема некоја разголена ороспија што ја плескаат по газот двајца набацани рапери изнакитени од глава до пети, фрлајќи и пари...

Текстови во стил - "важно ми е пари и курви да имам и шо ве ебам сите, ја су најбољи, ја" безброј млади го имитираат тоа што ке го видат на телевизија и затоа не треба да ве изненади ако син ви ви впери пиштол некој ден.

Кога сте виделе во последните десет години да направи поп изведувач песна во која нема да се испејува самиот себе си колку е "јак и заебан"?

Мајкл Џексон и Џон Ленон доаѓаат од друго време, кога беше актуелно да се шири љубов и слога меѓу народот а не омраза и проституција.

Освен We are the world постојат и безброј други песни што ја исполнуваа душата на безброј слушатели низ цел свет, некои од нив и ја подигаат свеста за светот околу нас и животот... Нешто што треба повторно да се имплементира за да се смени овој ретардиран "Gangster , видете ме ама сум заебан" тренд - денешнава поп музика не носи никаква полезна порака.

Поради тоа, ставете ги на вага проблемите со личниот живот што му ја оцрнија кариерата на една страна, и се што допринесе за светот, народот и музиката.
Да не почнам да зборувам за револуцијата на поп музиката што ја основа, титулата "кралот на попот" му е апсолутно заслужена.

Почивај во мир великану, твојот уникатен звук и дело засекогаш ке остане.

R.I.P. Michael Jackson
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom