Семејствата Божинкочеви и Трендови по три часа кај истражниот судија ги избегнаа дополнителни прашања преку задниот влез на судот. Адвокатите на Заев тврдат дека по распитот на четворицата сведоци, се покажало дека семејствата немаат основа да тужат, ниту да се обвинува струмичкиот градоначалник. Семејствата кои имале сопственост на дел од земјиштето каде што е изграден деловниот центар „Глобал“, во два наврати веќе земале надомест во поголеми суми.
„Потврдија дека примиле пари, односно видоа дека примиле пари, а се правеа дека не знаат и ги потврдија пресудите од Апелационен и од Основен суд“, изјави Ване Андреев, адвокат.
Утре пред истражниот судија како сведоци ќе се појават и од третото семејство од Струмица, Цуреви, но и од Јавното претпријатие „Комуналец“. Токму по распитот и на овие сведоци, адвокатите од истражниот судија Седат Реџепагиќ ќе бараат на Заев и соработниците да им се укине мерката притвор.
Тогаш ќе биде и појасно дали Заев ќе излезе од притвор или ќе има обид на обвинителството да го спречи таквото сценарио со проширување на истрагата.
Да, кажале на суд дека не примиле пари, ама им биле покажани 'каса прими' од кои што можело да се види дека парите сепак ги примиле!
Него, мене не ми е јасно што разгледувале ЦЕЛ ДЕН тројцата судии од кривичниот суд... Истражниот судија Реџепагиќ врз основа на доказите од адвокатите му дозволил на Заев да се брани од слобода... Не можам да тврдам, но многу верувам дека тројцата судии немале воопшто намера да одлучуваат дали Заев треба да биде ослободен од притвор, туку се мачеле сиротичките како да најдат начин да го притворат!