Ден 26. Favourite non-fictional book... имам едно така масивно купче од стручна литература за византискиот среден век (Оболенски, Норвич, Острогорски, Ранциман) па сепак се префрлам на нешто повеќе шармантно, а тоа е Уличниот мачор Боб - Џејмс Бовен. Мачки ми се ептен слаба точка, јбг.
Ден 27. Омилена збирка од кратки раскази - буквално све што имам наидено на Оливера Ќорвезироска, но вака на врв би ги ставил Улиците што ги нема. Како вечити талкач низ скопските улици, ми има направено посебен драж.
Ден 28. Писател чии книги највеќе поседувам/прочитани... Тука се неколку во игра: Николас Спаркс со 9, Ишигуро со 8 (чинам цела негова плејада), Мураками со 8, Штајнбек (goodreads кажува 5, но гарантирам имам уште 2-3 непишани), Ремарк со 9... Се јадат кој за една, кој за две... Со македонскиве автори сум поскромен. 5-6 ваљда. Треба многу повеќе, знам.
Ден 29. Книга која ме има изненадено (позитивно). Повеќе како писател - Ларс Саби Кристенсен. По препорака од Игор во или-или, ја почнав Полубратот и останав со одзината уста. Предобар роман кој секому го препорачувам. Ако сте љубители на coming of age и музиката од 60тите тогаш и Битлси е задолжително четиво.
(Негативно) Степскиот волк - Хесе. Досаден ми беше кога го читав. Можеби во погрешно време. Ваљда, шо знам.
Ден 30. Следна книга на листата за читање - Па вака како ги заредив книгите на Агата, ваљда идната малку ќе си земам одмор и ќе се навратам на Мураками - Wind-up chronicles или Killing Commendatore. Или конечно ќе ја дозавршам Историја Византије од Острогорски. Стварно поим неам.