30 Day Book Challenge

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.942
Поени од реакции
4.938
Day 19 - A book whose plot you think of often

Grofot od Monte Kristo

Uspesi i padovi vo zivotot. Predavstva, zagovori, bogatstvo, cest, zbor, lojalnost,
ednostavno ne mozam dovolno da ja isfalam knigava.

Day #20...book you hated but couldn't stop reading

Pismata na kalugjerot sto go prodade svoeto Ferari, ili taka nesto, prodolzenie od "Kalugjerot sto go prodade svoeto Ferari" od Robin Sharma

Prviot del bese odlicen, interesen i lesen za citanje. Vtoriot nekako apla teski filozofii zamarase kolku so pamtam, posto zorle citav.

Day 21 / A book that is poetic
We don't do those things here :D Dalje
Od sekogas sum bil anti-literaturna sekcija hhh
 
Член од
3 март 2020
Мислења
1.839
Поени од реакции
3.821
Ден 23: Книга по која е снимен филм што ми се допаднал
Покрај трилогијата „Господар на прстените“, која е добра и како книга и како филм, „Гордост и предрасуда“ е исто така добар и како книга и како филм :)

Ден 24: Книга по која е снимен филм што не ми се допаднал
Парфем, книгата е многу подобра од филмот
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
11.106
Поени од реакции
23.435
Ден 21...а book that is poetic

"Гавранот и други песни" од По, ја има и во издание на Ѓурѓа. Само оваа корица ми се допаѓа повеќе. :noze:

9781476759685_p0_v5_s1200x630.jpg
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
4.710
Поени од реакции
30.915
Day #23 - А book turned - movie adaption did enjoy

Генерално книгите ми се секогаш поубави од филмовите, ама најблиску ми биле:
Шиндлеровата листа - Прекрасна книга и прекрасен филм. Маестрална глума на Нисон, Кингсли и Фајнс :love:
Оркански височини - Емили Бронте, Жулиет Бинож и повторно Ралф, прекрасни :love:


1652771078399.png
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.942
Поени од реакции
4.938
Ден 22...а book that is sexy
Elle Keneddy - The deal

Ден 23: Книга по која е снимен филм што ми се допаднал
Voila :cool:


Imase i nekoi postari verzii, ama ne mozam da gi najdam sega.

Ден 24: Книга по која е снимен филм што не ми се допаднал
Ne znam. Dalje :D
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.405
Поени од реакции
5.662
Day 23 - A book - turned - movie adaptation you did enjoy

Конкретно на филм не можам да се сетам во моментов, но уживав во мини-серијата, адаптација на „Идиот“. Содржински е целосно веродостојна на книгата, а Евгениј Мирнов е лика и прилика на тоа како го замислував Кнез Мишкин.

Day 24 - A book - turned - movie adaptation you didn't enjoy

„Неподносливата леснотија на постоењето“ екранизирана во The Unbearable Lightness of Being (1988). Филмот е површен и ни малку не ја допира магијата на Кундера.
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
69
Поени од реакции
364
Day 23 / A book-turned-movie adaptation you did enjoy: „Да се убие птицата подбивница“ - Харпер Ли
daseubiepticatapodbivnica.jpg
Грегори Пек како правдољубивиот Атикус Финч. Пристрасна сум ама ова веројатно е единствениот случај кај што сметам дека филмот е подобар од книгата.

Day 24 / A book-turned-movie adaptation you didn't enjoy: „Лолита“ - Владимир Набоков
lolita.jpg
Сè уште не сум ја гледала Кјубриковата Лолита ама филмот од '97ма... No, just no.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
11.106
Поени од реакции
23.435
Ден #23...а book-turned-movie adaptation you did enjoy

Ова ми е најлесниот избор досега:

kum-mario_puzo_v.jpg

Дури и оние кои не ја сакаат трилогијата Кум, мислам дека ќе им се допадне книгава. Самите филмови се фантасички. Три поглавја, три различни приказни, три различни стадиуми од животот. Одлично е доловен психолошкиот профил на човекот кој ја губи душата.

Книгата "Кум" е општа манифестација на филмот, не изостануваат многу сцени, нема видоизменетост, и има опфат на настани од вториот филм, пред сѐ за животот и детството на Вито Корлеоне.

пи.ес. За Ден #22 нависитна не знам што да ставам. :oops:
 
Член од
13 април 2021
Мислења
1.816
Поени од реакции
6.565
Day 18 - A favorite scifi (comic) book

/

Day 19 - A book whose plot you think of often

2932._SY475_.jpg

Day #20...book you hated but couldn't stop reading


Не сакам вакви книги, ама ја прочитав во еден здив.

0003446_ko-e-plae-koga-e-te-nema_360.png

Day 21 / A book that is poetic

51zOSw-ItML.jpg
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
69
Поени од реакции
364
Day 25 / A favorite play: „Лет во место“ - Горан Стефановски
dramistefanovski.jpg
Иако Господа Глембаеви, Розенкранц и Гилденстрен се мртви, Балканска 3а/2 се меѓу првите на кои помислувам, секогаш го бирам Стефановски. Лет во место е модернистичка драма која отвора суштински прашања за личниот и колективниот идентитет, подеднакво добра како Диво месо. Поставката на НТБ беше одлична!
Ангеле: Глупости. Само тие останаа некажани. Умните работи се излижани од употреба и заборавени. (Вади од торбата крило од жица и партали и синџир со ѓуле. Крилото го става на левата рака, а ѓулето на десната нога, говорејќи го текстот.) Третата точка се вика „Дедикар Икарал“. Таа е за еден човек што се викал Дедикар Икарал. За него погрешно се верува дека бил двајца луѓе со имиња Дедал и Икар. Таа вистина нарочно ја проширил некој Италијанец Леонардо Живинчи на еден собир во Сан Стефано. Но, јас научно сум утврдил дека се работи за еден единствен човек и тоа ќе го изнесам пред светската јавност на Берлинскиот конгрес. Дедикар Икарал се родил со крило на левата рака и со ѓуле на десната нога. И со нив си играл. (Игра со крилото и ѓулето.) Живеел во областа Скагерак и Категат каде што студело па мечтаел да отиде поблиску до сонцето. Не знаел како. Еден ден братски се договорил со ѓулето да не му прави тежина во летањето и тргнал. Летал што летал (Ангеле лета.), арно ама тој не знаел дека ѓулето било потплатено од некого да го пушти да летне и да му стежне. И така било. Дедикар Икрал се срушил во фиљан земја Македонија. Се нафрлил врз ѓулето и почнал да го тепа, арно ама ѓулето ги покажало забите и викнало: „I have diplomatic immunity“, „ J’ai de l’immunite diplomatique“, „Ich habe diplomatisches Immunitet“! И така денес Дедикар Икарал шета низ светот, се кара со ѓулето и гледа како му се суши крилото. (Пауза. Ангеле се поклонува.) Благодарам.
 
Последно уредено:
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.327
Поени од реакции
12.452
Ден 23. Книга која подоцна е екранизирана и мене лично ми се има допаднато. Ептен лесно. Дипломец (The graduate 1963) од Чарлс Веб. Ги сакам ваквиве по малку мрачни coming of age книги, но сметам дека оваа може да се чита во било кој период и пак да се добие посаканиот ефект. За разлика од Ловецот на Селинџер.
Ден 24. Книга чија екранизација ми нема направено мерак, имам доста вака. Но еден ми боде ептен очи, а тоа е Долг пат по дното на Ник Хорнби (екранизацијата де). Книжето не му е ич лошо, го има тој шарм на современ англиски хумор. Филмот (покрај таква јака актерска екипа) е живо срање од сапуница.
Ден 25. Омилена драма - би го спомнал пак тука Монологот на Новеченто (А. Барико), но да не се повторувам би пишал за Печалбари од Антон Панов. Не образложувам зошто. Сите ја имаме прочитано.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
4.710
Поени од реакции
30.915
Ден 25. Омилена драма

Колку е важно значењето на семејството, на домот, на коренот, на татковината.

„Да ти каже тебе татко ти нешто. Не кажувај на светот што мака имаш. Не сака светот да знае. Си има светот свои маки. Ако кажуваш, кажи нешто убаво или ништо не кажувај. Што му е некому гајле што тебе ти е страв од темно“.

„Денес сè се купува и продава. Дури и она кое луѓето мислат нема цена. Тоа обично е и најевтино.“

И секако најпознатата.

И им пречи на Европјаните да прават кариера! Не знаете да се чувате… живеете на вересија… ќе загинете по некои дупки… ќе ве изедат пајажини… Името ќе ви се затре, коренот ќе ви се запусти, трага нема да остане од вас! Солзи немам да ве исплачам колку сте за тажење!“
1652946166794.png
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.942
Поени од реакции
4.938
Day 25 / A favorite play:
Hmmm, se izgubiv vo predizvikot na krajta :ROFLMAO:
Danok za isputeni casovi po makedonski jazik i literatura vo sredno,
i 5ka onaka :D
Treba da pocnam da odam na teatar hhh.

Ne znam, dalje :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom