Штом е крајот во 2012 година, дај јас на време да си се покајам за се:
Се каам што наместо да излезам да прошетам, сум седнала на компјутер и се замарам со вакви работи. :wink:
А најсмешно ми е што демек се прават херои, не им е страв од ништо, едвај чекаат, она-ова...абе ај не заебавајте, признајте дека столицата ви е мокра од ова што сте го читале. :smir:
Еве јас ќе си признаам дека малце ме наежи сето ова, ама смешни ми сте бидејќи ништо не верувам. Се плашите, а самите измислувате вакви работи. Навистина сме глупа раса, ќе ја спасиме вселената ако стварно толку брзо ни доаѓа крајот, се согласувате? :smir:
Ако толку не бивало да процениме кога ќе е крајот на светот, ќе не немало уште пред неколку години. А Маите биле само обични луѓе, кои не биле ништо посебни освен што го направиле календарот. Не верувам дека воопшто ќе се случи нешто посебно во 2012, а не па крај на светот. Само ги мрзело да го завршат календарот. Крај на светот нема да има уште илјадници години, а точна година (а не па датум???) никој не може да предвиди.