2019 FIBA Basketball World Cup - China

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.453
Поени од реакции
15.990
Домаќин на ова 18 по ред Светско Првенство е Кина по прв пат и тоа ке трае од 31 Август до 15 Септември. Светското се игра на азиско тло после 13 години каде последен пат се играше во Јапонија. Светското првенство во кошарка за првпат во својата по 1970 година нема да биде организирано во иста година како и она во фудбалот. Уште еден интересен факт е тоа дека од ова Првенство бројот на земји учесници од досегашните 24 се зголемува на 32. Бидејќи имаше промена на бројот на земјите учеснички, имаше и промена на групната фаза. Наместо досегашните шест тима во четири групи ке има четири екипи во осум групи, каде понатаму одат само првите две и се формираат четири групи со четири репрезентации. Светското ке го отворат Србија и Ангола со почеток во 9 и 30 по средноевропско време. Победник на последното Светско Првенство беше репрезентацијата на Соединетите Американски Држави, кој е и главен фаворит за освојување на Светското. Фаворити од сенка после нив се Србија, Шпанија, Франција, Литванија, Аргентина итн. Најтрофејни репрезнтации се САД и Југославија со по пет освоени титули Светски шампион.



ГРУПА А

Групата А ја сочинуваат домаќинот Кина, Полска, Венецуела и Брегот на Слоновата Коска. Сите натпревари ке се играат во Вукенсонг Спорт Арена во Пекинг. Фаворити за проаѓање понатаму покрај домаќинот се и Полјаците.
Кина

Домаќинот на ова Светско ги победи Филипините во директна борба за организација на натпрерувањево. Најголемата ѕвезда Јао Минг е претседател на кинескиот кошаркашки сојуз. Иако не се силни, сепак домашниот терен е домашен терен.

Селектор: Ли нан

Главни играчи: Ји Јианлиан.

Венецуела

Венецуела е непозната репрезентација. Со просечната висина од 194 сантиметри е најниската репрезентација, а со просечната старост од 30 години меѓу најстарите селекции.

Селектор: Фернандо Дуро.

Главни играчи: Грегори Варгас.


Полска

Селектор: Мајк Тејлор.

Главни играчи: А. Џ. Слотер.

Брегот на Слоновата Коска

Оваа репрезентација е слична по висината и староста со Венецуела. Интересно е што за овој национален тим игра бившиот играч на МЗТ, Мулуку Диабата.

Селектор: Паоло Повиа.





ГРУПА Б

Во оваа група ке се натпреваруваат репрезентациите на Русија, Аргентина, Нигерија и Јужна Кореја. Главни фаворити за проаѓање понатаму се Русија и Аргентина, но нема да претстави изненадување доколку понатаму оди и Нигерија. Натпреварите се играат во Вухан, во истоимената арена.

Аргентина

Аргентина е освојувач на првото Светско Првенство, на кое била и домаќин. Најблиску до титулата за последен пат била во 2002 Југославија.Аргентина е седми фаворит според ФИБА за освојување на Светското. Интересно е што сеуште за репрезентацијата игра Луис Скола.

Селектор: Серхио Хернандез.

Главни играчи: Николас Лавропитоло (Реал Мадрид), Факундо Кампацо (Реал Мадрид).

Русија

Русија имаше бројни откази од главните ѕвезди. Својот настап го откажаа играчи како Алексеј Швед и Тимофеј Мозгов. Се сметаат за наследници на СССР, која има освоени три златни медали на Светските Првенства.

Селектор: Сергеј Базаревич.

Главни играчи: Никита Курбанов (ЦСКА Москва), Димитриј Кулагин (ЦСКА Москва), Андреј Воронцевич (ЦСКА Москва), Витали Фриѕон (Локомотив Кубан).

Јужна Кореја

Најголемиот аутсајдер во групата. Најголем успех им е 11 место на Светското Првенство во Југославија во 1970 година.

Селектор: Хур Јае.

Главни играчи:?

Нигерија

Важи за многу незгодна репрезентација во оваа група, бидејќи има НБА ѕвезди во ростерот.

Селектор: Александер Нвора.

Главни играчи: Џош Окоги (Минесота), Ал Фарук Амину (Орландо), Екпе Јудо (Јута).


ГРУПА Ц


Во оваа група ке настапуваат тимовите на Шпанија, Иран, Порто Рико и Тунис. Секако не покрај тоа што се меѓу фаворитите да го освојат Мундијалот, во оваа група се Шпанците. Битката за второто место ке се води помеѓу Тунис и Порто Рико. Натпреварите се играат во Гвангжу во истоимениот спортски центар.

Шпанија

Шампионот од последниот Мундијал на азискиот континент. Иако делува дека можеле да состават подобар ростер, на кој ги нема ветеранот По Гасол, Серхио Родригез, Никола Миротиќ, Фелипе Рејес, Серж Ибака и понатаму делува како петти фаворит. Главни предводници се очекува да бидат НБА шампионот Марк Гасол, Рики Рубио и Серхио Љуљ.

Селектор: Серхио Скариоло

Главни играчи: Марк Гасол (Торонто), Рики Рубио (Феникс Санс), Серхио Љуљ (Реал Мадрид), Руди Фернандез (Реал Мадрид).

Иран.

Иран има две учества на Светските Првенства. И двете се од претпоследните.

Селектор: Мехран Шахинтаб

Главна ѕвезда: Хамед Хадиди (Петрошими)

Порто Рико

Оваа репрезентација има четиринаесет настапи на натпреварувањево. Најголем успех е четвртото место во Аргентина.Главната ѕвезда Карлос Арохо ја заврши кариерата oваа година.

Селектор: Еди Касиано.

Главна ѕвезда: Гиан Клавел. (/)

Тунис

Како и Порто Рико и Тунис ги има првите два настапи на последните два Мундијалите. Oваа репрезентација го има најстариот ростер на ова натпреварување.

Селектор: Марио Палма.

Главни играчи: Михаел Рол (Олимпија Милано), Салах Мехри (Далас).

ГРУПА Д

Оваа група е сочинета од Србија, Италија, Ангола и Филипините. Без сомнение главни фаворити да ја поминат групата се Србија и Италија. Натпреварите ке се играат во Фошан.

Србија

Има освоено две Светски Првенства во заедница со Црна Гора под име Југославија, оние од 1998 и 2002. Исто така и се препишуваат и успесите на бившата СФРЈ. Финалистот на последното Првенство е и фаворит број два за освојување на Светското. Тука се Никола Јокиќ, овогодинешниот Ол Стар играч, Богдан Богдановиќ, Бобан Марјановиќ и Немања Бјелица, НБА играчи, како и Марко Гудуриќ, освојувач на Евролигата со Фенербахче. Во подготвителниот период повреди доживееја една од главните ѕвезда Милош Теодосиќ, Огњен Кузмиќ и Драган Милосављевиќ. Од прелиминарната екипат селекторот ги прецрта играчот на Фенербахче, Никола Калиниќ, Немања Недовиќ, а од настапи во репрезентацијата се пензионира Стефан Марковиќ.

Селектор: Александар Ѓорѓевиќ.

Главни играчи: Никола Јокиќ (Денвер), Никола Милутинов (Олимпијакос), Богдан Богдановиќ (Сакраменто), Бобан Марјановиќ (Филаделфија), Немања Бјелица (Сакраменто), Марко Гудуриќ (Фенербахче), Василије Мициќ (Ефес)


Италија

Италијаните на ова натпреварување доаѓаат со доста силен состав. Тука се НБА ѕвездите Белинели и Галинари, како и освојувачите на Евролигата Луиџи Датоме и Даниел Хекет. Поради повреда отпадна Николо Мели, новиот играч на Њу Орлеанс. Најголем успех им се две четврти места од Светските во 1970 и 1978 година.

Селектор: Ромео Сакети.

Главни играчи: Марко Белинели (Сан Антонио), Данило Галинари (Оклахома Сити), Даниел Хекет (ЦСКА Москва), Луиџи Датоме (Фенербахче).

Филипини

Интересно е дека Филипините ја изгубија организацијата на Светското во финалното гласање. Литванија, Ова е земјата каде после Литванија, кошарката е најважен спорт. Тие ке бидат домаќини на следниот Мундијал заедно со Јапонија и Индонезија. Најголем успех им е третото место од 1954 година.

Селектор: Јенг Гуиао.

Главни играчи: (/)

Ангола

Најтрофејната репрезентација на Афробаскетите. После Тунис, репрезентацијата со најмногу ветерани во тимот.

Селектор: Вили Воигт.

Главни играчи: Јаник Мореира (Виртус Болоња).
Автоматски споено мислење:

Појаснување - Темата ја направив цела, меѓутоа имам проблеми со лап топот и за жал оволку е сочувано, а немам сила да го напишам повторно истото. Доколку има доброволци бујрум. Исто така ако може да се направи тема за вториот дел од групите и елиминационата фаза...
 
Член од
16 јули 2013
Мислења
3.865
Поени од реакции
4.368
Еве да ти помогнам со ростери за секоја екипа

Автоматски споено мислење:

 
Последно уредено:

mr wednesday

We're soldiers. Soldiers don't go to hell.
Член од
24 јуни 2017
Мислења
1.649
Поени од реакции
7.997
Сеа им е шанса на Србиве да лапаат трофеј, не ги потценувам САД али многу бајата екипа се.
 
Ф

Флеш

Гостин
Срамота е што се направи од кошаркава и националниве селекции ... Фиба треба да воведе драстични казни за одбивање на национална селекција ..... Лапаш милиони и го боли мевот дека е ниско ниво да се игра за селекција ..... Американциве се трагедија .... Бетер од нашиве Северџани ....
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.794
Поени од реакции
15.819
Па американците се знае дека предност даваат повеќе на олимписките игри отколку на светското. Така да не глеам ништо чудно во тоа што ќе играат со трет состав на ова СП.
А и овака имаат шанса да го освојат, србите медиумски се форсирани, не верувам дека ќе земат или пак дека ќе играт финале, ма да отворен им е патот за до финале според ждребот што го имаат.
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
36.764
Поени од реакции
29.026
,,,dali e do kosharkata ili do neshto sosema treto,svetsko prvenstvo i samo chetiri komentari ,,,kosharka svetsko prvenstvo deshavka od planetaren nastan,ovoa sega ko voopshto i da ne se sluchuva,,,
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Normalno koj moze da gleda be rabotni denovi koj na rabota koj na faks.Eve vaka preku vikend ako fatis nesto i toa e

Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.432
Поени од реакции
5.555
Какви индијанци се Канаѓаните, примија 108 поени :tapp:

Пенгос индијанец.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Новиот модел на квалификации го уништи светското ми се чини. Ептен фалат екипи како Хрватска, Словенија, Латвија... Кај се видело европскиот првак да не игра на светско. А екипи како Јордан, Брегот на слоновата коска, Сенегал учествуваат. Циркуси...

Ај тоа, ама и го прошириле од 24 на 32 светското (што е добар потег во основа), ама само 12 од Европа?!?!?!?! Ок е дека кошарката е глобален спорт и дека треба да се популаризира итн, ама 12 е претеризам. Мораше да има барем уште 2-3.

Згора на се тоа, делбите по федерации, немањето моќ на ФИБА да спроведе било какви санкции по локалните федерации/клубови, овозможува еден куп играчи да не учествуваат. Не е само САД (иако кај нив е најизразено), кај голем дел од појаките репрезентации недостасуваат играчи иако не се повредени.

Се ова не води кон едно од една страна непредвидливо, но од друга страна и делумно неатрактивно првенство. Системот на повеќе екипи со мали групи и начинот на вкрстување, практично значително го намалија значењето на иницијалните натпревари. За оние во лесниот дел од ждрепката првенството ќе почне во четвртфиналето, што е бесмислено. За оние во потешкиот, до некаде ќе видиме нормално првенство, ама не е фер кон нив, кога ќе се види другите како минуваат.

Што значи стигнавме до ждрепката. Тотално несразмерен однос на силите. Мораше да се најде поправеден систем. Топ за Кина, катастрофа за неколку сериозни репрезентации кои се најдоа во втората половина од ждрепката.

Како и да е, и покрај се ова, не очекуваат забавни неколку недели и реално понепредвидливо никогаш не било СП. Американците со во најдобар случај C team го овозможија тоа.

Отприлика некое мое видување за јачината на екипите (независно од ждрепката, заради неа некои ќе бидат повисоко/пониско отколку што заслужуваат):

Кандидати за медал: САД, Србија, Австралија, Шпанија, Франција, Литванија, Грција, Италија

Квалитетни, опасни екипи: Аргентина, Канада, Турција, Германија

Просечни екипи: Русија, Полска, Чешка, Црна Гора, Бразил, Нигерија, Нов Зеланд

Потпросечни екипи: Кина (заради домашен терен), Порторико, Јапонија, Иран, Филипини, Венецуела, Доминиканска Република, Сенегал

Аутсајдери: Брег на слонова коска, Јордан, Тунис, Ангола, Јужна Кореа

Оттука се гледа зошто се нервирам со ждрепката. Само 1 од најјаките 12 (според мене) се во првата четвртина од ждрепката од каде ќе излезат 2 четвртфиналисти (Аргентина), а и таа не е кандиндат за медал како на времето. Од друга страна, ја имаш на пример H групата, со 3 од најјаките 12 - една нема ни до втората фаза да стигне...

И за крај прогнози.

Америкаците се под голема закана. Тие се секогаш најнеуиграни, а и го вадат минимумот од себеси на ФИБА правила, но овојпат на се тоа може да се придодаде и состав кој реално не отскокнува многу во однос на противниците и тоа ги става во голем ризик. Опасни се пред се затоа што се малку потценети од противниците - да не се лажеме, објективно и вака имаат најјак најдлабок состав. Не ми се допаѓа пристапот на србите на првенството. Реално имаат шанса за титула, комплетна екипа се ама со мангупски пристап никаде нема да стигнат. Австралија е фаворит од сенка (без разлика што и нив им фали најјакиот играч - Simmons). Грција го има најјакиот играч во светот и солидна екипа околку него. Шпанија, Франција, Литванија секогаш опасни и кандидати за медал. Италија го заокружува најтесниот избор - голем офанзивен потенцијал имаат, но секогаш се многу нестабилни, можеби ќе им тргне годинава.

Тип
1. Србија
2. Австралија
3. САД
4. Шпанија
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.588
Поени од реакции
10.227
Многу индијанска кошарка играт пред се овие орангутаните Тарнер Браун и Барнс дефинитивно најдно играчи шо ги имал САД (ок Пламли немора да се спомнува).. Да не беше Попович на клупа мислам дека шансите за злато на минимум ќе им беа
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.794
Поени од реакции
15.819
тапа е првенството, екипи губат со по 50 разлика.


*Доминиканска Република со преполовен состав ја добива Германија со фул состав и неколку нба имиња.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom