Се е направено од верба или религија дури и науката како таква, во древни времиња свештениците биле тие кои што гледале ѕвезди на небо и од таму астрономијата, па правеле хидросистеми за наводнување па од таму науката за наводнување, размислувале за животот и неговото значење па од таму филозофијата, граделе храмови па од таму градежништвото. Создавале писма описменувале народи дури и ова писмо што го пишуваме овде оригинално е од свештени лица глаголица па кирилица.
Хахахахахахаа... а бе ова може да му го кажеш на мало дете, нас не.
Свештениците набљудувале и оп, астрономија....хахаха...
--- надополнето ---
Религијата нема никаква врска со науката.
Еве пример астрономијата.
Човекот уште од кога го кренал погледот кон небото, станал љубопитен што има таму, кои тајни се кријаат таму. И секогаш барал одговори, барал начин да си објасни како е можно ова, како е можно тоа. Но бидејќи не бил доволно развиен, т.е. науката не била развиена до тој степен, човекот нештата ги објаснувал филозофски.
Понатаму, неможејќи да си ги објасни некои појави, на истите им давал натприродни предизвикуватели - богови. (денес тоа се за НЛОата).
Подоцна од тие богови, произлегле религии, а подоцна произлегле и монотеистичките религии. Кои за тоа време објаснувале доста и со тоа на тогашниот човек му било доволно. Со исклучоци (секоја чест за нив).
Оти врни? -Господ сакал така. Зошто има земјотрес? -Господ сакал така.
Арно ама, на тие исклучоците што ги спомнав, одговорот: Господ сакал така, не им бил доволен, и благодарение на нив, човекот повторно е слободен во поглед на мислата, која религијата своевремено (а и денес) ја забранувала.
Астрономијата не е дело на некои си свештеници, туку астрономијата е дело на човековата љубопитност, да дознае што има таму.
Астрономијата е и најстара наука.