Не е баш така.
1. Ни одблиску не се регистрирани 2800 богови или натприродни сили. Многу исти божества се именувани со различни имиња. На пример речиси секое племе го обожавало (или обожава) истото Сонце, но под различни имиња. Слично е и со другите божества.
2. Будистите не го сметаат Буда за бог, туку за просветлен мислител.
3. Монотеистите не се атеисти. Стивен Робертс, намерно или ненамерно, ги помешува монотеистите со политеистите. Има голема разлика помеѓу монотеист и атеист. Едниот верува дека постои еден Ителигентен Создател кој плански и целисходно го создал Универзомот и животот во него, а другиот верува дека се е тики така случајно настанато, без присуство на никаква интелигенција и натприродна сила во позадина.