Ако оваа реалност (пост-Ковид) претставува за некого радување, браво. Навистина браво.
Емпатија на достижно ниво.
Имам доста блиски пријатели кој веќе патат од повеќе посериозни пост Ковид синдроми, вакцинирани и невакцинирани, повеќето прележани со претежно полесна клиничка слика. Некои од нив (претходно здрави, прави) и во болница си лежат, на кардио и пулмо, пост-Ковид.
Имам и блиски (моја генерација) хоспитализирани во Ковид центар, на другарот сеуште му е критично, неговата сопруга сеуште се држи стабилно. Се молам за нив, дај Боже да излезат на нозе од таму што побрзо.
Патам и јас (без ниту една хронична болест). Патам од брзо заморување при пешачење, понекогаш ако забрзам темпо на одење, се задишувам од дома до кола што ќе отидам. Слично пати и моето семејство. Воопшто не е исто како што беше порано, само што јас не се срамам да ја кажам реалноста, таква каква што е.
Иако на повидок по прележување се беше во ред, немавме никакви проблеми.
Завчера пола ден во клиника го поминавме, испитавме се, сите резултати се океј. Сите лекари велат време и одмор само е потребно, нема потреба за било каква терапија.
Се надевам дека за месец/два ќе бидам тој што бев, секако и моето семејство. Желба ми е пешки да можам да се искачам до средно Водно, како и порано. Дај Боже!
Не е исто 20+, 30+, 40+ годишни и уште повозрасни. Нема правило, нема дефиниција. Во медицината не се секогаш два и два четири.
Што да кажам. Без многу мудрување, чувајте се колку што можете, не сакате да го искусите овој гаден вирус.