Беше верување од очај, од старт се гледаше нека тоа е материја која се распаѓа после секоја натамошна мутација.
Невозможно е да се дојде до колективен со овие вакцини поради ниската ефикасност. Вакцината не ја сопре ни трансмисијата на вирусот, дури и вакцинираните, едно време, повеќе го ширеа вирусот!
Дури и заштитата е краткорочна, после 10-тата недела паѓа нејзината ефикасност и не дава долготраен имунитет. Затоа се пропагира третата доза која дава заштита од смртен исход 95%. Зошто? Затоа што најголемиот дел од оние кои примиле 3-та доза, примиле во последниве 3 месеци. Само 5% од населението има примено 3-та доза. Постепено и таа графа на заштита ќе се преформулира и ќе дојдеме до една нова реална бројка.
Суштинските проблеми лежат во тоа што сите беа повлечени во ова лудило, реално нема потреба. Сите кои сакаа да се вакцинираат, се вакцинираа. Животот тече поматаму.
Присилната вакцинација дава само контра ефекти, тоа е контрапродуктивен процес. Не требаше да има селективни рестрикции и тоа е она најмногу што ми пречи. Не дека ги почитувам, на свој ризик, ама ми пречат. Која е функцијата и улогата на сертификатот? Се демонизираа доктори кои зборуваа против вакцината, тоа е едноумие, се напаѓаа и навредуваа оние кои не сакаа да се вакцинираат. Се подели народот, а самата експертска фела не можеше да ги искоординира ставовите и фактите. Империјата го возврати ударот и сега се слуша плач. Плачете. Олеснете си ја душата.
Се уништи економијата, сега ќе мора да работиме со овие руини. Се качи стандардот и кругот на поскапувања само ќе продолжи. Платата нема да држи чекор зад тој тренд. Плод на едно слепо верување. Браневте сѐ што беше креација на државата, како механизам за борба против вирусот, а државата (владата) одамна го загуби моралниот компас. Со сѐ се политизираше. Полициски кога имавме 10 починати, а без речиси никакви мерки кога имавме 50! Маска на отворено, каква е таа мерка? Да не започнам со рестриктивните мерки кои сеуште се на сила. До крајна сфера се инфантилни.
СЗО излезе со став дека морало да биде имунизирана 70% од светската популација до јуни/јули ако сме сакале да ставиме крај на пандемијата оваа година! СЗО го загуби целиот кредибилитет, па дури и ја промени дефиницијата на "вакцина", дури и направи повеќе штета отколку корист со сите нивни "факти" кои се менуваа затоа што науката одела напред!
И дајте без ниски удари дека некој се радувал на туѓата јад и беда, тага и болка. Гледам светлина на крајот на тунелот, постепено се ближиме кон крајот на пандемијата, а за таков чекор се дрзнаа многу држави кои увидоа дека вакцините просто нефункционираат. Омикрон е почетокот на крајот.
Клучните две недели за мене одамна поминаа. Научив да живеам со вирусот. И на крајот на денот се држам до паролата "што не може да те убие, ќе те направи посилен".
