0.99(9) = 1 !!

  • Креатор на темата Креатор на темата Viktoranius
  • Време на започнување Време на започнување
Абе за смеење е работава. Или тој многу грешит или ти неубо го прашвиш или можит неубо неубо разбираш. Според негова логика, делење со 0 имат логика. Ај вака да пробаме:
a/b=c => b*c=a
5/0=0 => 0*0=5 (ако префрлиме од другата страна)

Прашај го дали учел за дефинициона област??
БДВ од кој факултети и од каде имат дипломи??
Епа според болдираното излегува дека сепак делењето со 0 мора да е бројна вредност различна од 0, а не 0. : )
 
Епа според болдираното излегува дека сепак делењето со 0 мора да е бројна вредност различна од 0, а не 0. : )

Башка има двојна негација (неубо неубо) значи убо го прашва ... значи гарант учел за дефинициона област :)
 
Епа според болдираното излегува дека сепак делењето со 0 мора да е бројна вредност различна од 0, а не 0. : )
да, еве нека биде различна вредност од нула. Но повторно кога ќе ги множиш во обратен редослет ќе мора да множиш со 0, а мислам дека добро си учел дека секој број помножен со 0 дава 0, значи нема шанси да даде 5, 6 или некој х број
 
Бомбаш и покрај тоа што на petar_joker „теоремата“ не е точна, кажи ми ти дека ако у школо те учеле дека 2=3 дека денес ти ќе мислеше дека не е така???
иначе за 0.99(9) = 1 не е точно, пошо (сите кои учеле малце повеќе математика у средно знаат дека) постои „приближно еднакво“ и се користи баш за бесконечните периодични или непериодични броеви
 
Б. Трпеновски, Н. Целакоски: Елементи од нумеричката математика, Уни вер зитет “Кирил и Методиј”, Скопје
Експерти по математика отворетеа книгава - читенете малку(се надевам ке разберете) и ке ви стане јасно дека 0,999999999999999 не е еднакво на 1
 
Бомбаш и покрај тоа што на petar_joker „теоремата“ не е точна, кажи ми ти дека ако у школо те учеле дека 2=3 дека денес ти ќе мислеше дека не е така???
иначе за 0.99(9) = 1 не е точно, пошо (сите кои учеле малце повеќе математика у средно знаат дека) постои „приближно еднакво“ и се користи баш за бесконечните периодични или непериодични броеви
ц брат не си точен. Значи ова равенство 0,(9)=1 е докажано со една од најпростите равенки...нема никаква грешка во таа равенка. Како прво во школо не учеле секакви работи многу од тие не се точни...но сепак ти треба да знаеш да размислуваш и да расудуваш со твоја глава. А не да им оставиш да ти го перат мозокот, не зборувам само за училиштата туку општо. 2 нема никогаш да биде еднакво со 3, и каква и да има равенка, секогаш во нејзе ќе се најде некоја грешка, без разлика кој и да ми го кажува ова, 2 не е еднакво со 3...
поздрав
 
Бомбаш и покрај тоа што на petar_joker „теоремата“ не е точна, кажи ми ти дека ако у школо те учеле дека 2=3 дека денес ти ќе мислеше дека не е така???
иначе за 0.99(9) = 1 не е точно, пошо (сите кои учеле малце повеќе математика у средно знаат дека) постои „приближно еднакво“ и се користи баш за бесконечните периодични или непериодични броеви
Па ако добро прочита, тоа што го пишав не беше како јас мислам, туку како мислит тој професорот. Отвори некоја страна наназад (не читај само последна страна), па ќе видиш кое е моето мислење, ок???

Абе за смеење е работава. Или тој многу грешит или ти неубо го прашвиш или можит неубо неубо разбираш. Според негова логика, делење со 0 имат логика. Ај вака да пробаме:
a/b=c => b*c=a
5/0=0 => 0*0=5 (ако префрлиме од другата страна)
Прашај го дали учел за дефинициона област??
БДВ од кој факултети и од каде имат дипломи??

Значит пишам кое би било негово мислење :uvo:
 
0.(9) = 1 дефинитивно..

тоа е всушност истиот број различно запишан..

a пак x/0 не може, или пак можеме да го земеме дека е (комплексна) бесконечност.
 
ако 0.(9) < 1 тогаш за колку е помал 0.(9) од 1???

+ за секој периодичен бесконечен децимален број може да се изведе дропка, па ај некој нека изведе дропка која ќе има вредност 0.(9) а притоа вредноста на дропката ≠ 1
 
ај сега идеме по вашите теории и заблуди:
- викате дека 0,(9) = 1 , добро така нека биде. е сега според вашите теории испаѓа дека 1 поделено со некој бесконечно голем број еднакво на 0, така?
е рачки ... не е така, по дефиниција делење со 0 не е можно значи 1/х е можно само доколку х ≠ 0, е сега во овој случај јас земав еден бесконечно голем број што ја дели единицата и сметате дека тоа е 0, но не е бидејќи 0 по дефиниција се добива само ако деленикот е 0 а делителот е било кој друг број, различен од 0. значи 1/~ (1 делено на бесконечно) нема да биде еднакво на нула туку ќе биде еднакво на бесконечно периодичен број кој завршува со 1 т.е. 0,(0)1
1 - 0.9 = 0.1
1 - 0.99 = 0.01
1 - 0.999 = 0.001
.....
да не продолжувам понатаму мислам дека сите свативте шо ми е поентата
1 - 0.(9) = 0.(0)1

jufxpg.png

goran.gogi ете ти одговор и на двете прашања, колку е разликата помеѓу 1 и 0,(9), и како се добива 0,(9)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom