0.99(9) = 1 !!

  • Креатор на темата Креатор на темата Viktoranius
  • Време на започнување Време на започнување
0.(0)1.. нема смисла да се стави број после квантитет без крај т.е. бесконечност... т.е. број после бесконечно нули..

друго всушност 1/∞ = 0.. а 1-(1/∞)= 0.(9) =1

исто како што 1/3 = 0.(3) по логикава на многумина од форумов никогаш не би стигнало до 1/3, треба да земеме дека тројките одат бесконечно, дека тој број не завршува со 3 или со било кој број, иде бескоечно со што всушност е еднакво на 1/3, таков ни е бројниот систем..

и 0.(3) е фактички точен запис, затоа што можеме да го вратиме во дропка повторно, како овој така и било кој периодичен бесконечен децимален..

x=0.(3), 10x=3.(3), 10x-x=3.(3)-0.(3), 9x=3, x=9/3, x=1/3

а за 0.(9):
x=0.(9), 10x=9.(9), 10x-x=9.(9)-0.(9), 9x=9, x=9/9, x=1

всушност ако разгледаме секој број ако се подели со исто толку цифрен број составен само од 9ки се добива истиот број во периода... зошто тоа би било исклучок само за 0.(9)? нема логика...

1/9 = 0.(1)
2/9 = 0.(2)
3/9 = 0.(3)
4/9 = 0.(4)
5/9 = 0.(5)
6/9 = 0.(6)
7/9 = 0.(7)
8/9 = 0.(8)
9/9 = 0.(9)=1

уште нешто
10/11 = 0.(90)
1/11 = 0.(09)

0.(90) + 0.(09) = 0.(99)
10/11 + 1/11 = 11/11 = 1
 
во име на IceManAndov: горан поради таквите размислувања никогаш нема да научиш математика како шо треба, пошо у предходниот пост убаво ти објаснив дека уште у основно учат дека при делење количникот ќе биде 0 само ако деленикот е 0, секој друг број ќе даде количник различен од 0, затоа не се потпирај многу на твојата теорија.
 
Додека беше делењето со 0 сега пак ова!!!:tapp::tapp:
 
Додека беше делењето со 0 сега пак ова!!!:tapp::tapp:

абе оваа тема е прва отворена, правам муабет за вакви теми што немаат одговори а луѓето упорно го тупат мозокот........ не заебавај сеа и ти :nesum:
 
во име на IceManAndov: горан поради таквите размислувања никогаш нема да научиш математика како шо треба, пошо у предходниот пост убаво ти објаснив дека уште у основно учат дека при делење количникот ќе биде 0 само ако деленикот е 0, секој друг број ќе даде количник различен од 0, затоа не се потпирај многу на твојата теорија.

е сега дека при делење со 0 количникот ќе биде различен од 0 само ако деленикот е огромна грешка... тоа го нема никаде споменато.. од кај имаш чуено таква глупост??? 0/0=0??? тотално погрешно???
најди дигитрон што ќе даде 0 при делење на 0 со 0!!!
btw не ми беше за тоа постот, разгледај другото..

има споменато дека 1/0 е бесконечност, и всушност и е, за како што се смета во лимеси и сл...
лимес од 1/x кога x тежи кон 0 е бесконечност...

1/0 нема резултат како точен број, затоа се вели во основна аритметика е неопределено... бидејќи бесконечност не спаѓа во таа основна аритметика...
а за бесконечност не можете да говорите како нормален број па да одземате, множите и да дадете одговор дека 1/0 не е бесконечност бидејќи бесконечност * 0 не е 1....
 
Горан, научи прво основна математика, па после оставај постои шо имаат смисла.
и читај ги постовите поубаво, баш фино имам објаснето и те молам не кажувај дека 1/0 има некакво решение, децана у 3-то одд ќе ти се смеат
 
Значи темата е крајно ретардирана! Крајно!
Сега јас да ве просветлам. Значи вака она со третините нема блага веза оти не разговараме ние тука за дропки туку за децимали. Можи три третини се едно цело ама 3*0.333 НЕ Е ЕДНО ЦЕЛО! Можи 0.9999 да се ЗАОКРУЖИ на 1 ама никогаш нема да биди 1, единствено шо можи да биди е приближно или слично (или како и да се нарекува) на 1. Лајк за објаснувањето со јаболкото ви нацртаја и неќите да сфатите.
 
Грешка си Данче... Деветките идат до бескрај. Колкаво ќе биде дупчето на јаболкото тогаш? - Кога имаш бескрај деветки, тоа значи дека разликата(дупката) помеѓу 1 и 0.(9) ќе биде бескрајно мала што во реалниот свет е еднаква на нула. Башка и x/0 е еднакво на бескрај - растечка вредност (логички, ако поделиш јаболка на нула луѓе, нулата луѓе ќе добијат приближно по бескрај парчиња од јаболката пошто всушност не ни постојат такви луѓе што ќе ја поделат јаболката), а бесконечност по нула е неопределен број (било кој број) пошто било кој број поделен со нула е бескрај.
 
Горан, научи прво основна математика, па после оставај постои шо имаат смисла.
и читај ги постовите поубаво, баш фино имам објаснето и те молам не кажувај дека 1/0 има некакво решение, децана у 3-то одд ќе ти се смеат

Гледам колку имаат смисла твоите постови и колку си научил „основна математика“...

1/0 нема никакво решение а 0/0 било 0...!?

Не викам дека знам математика којзнае колку, ама ти изгледа не само што знаеш најмногу од нас на форумов, туку и од светски математичари..

http://www.wolframalpha.com/input/?i=1/0
http://www.wolframalpha.com/input/?i=1/0

И уште нешто 1/0 точно дека нема решение како број, ама 0/0 провери на било кој калкулатор да видиме дали ќе ти даде 0, па тогаш збори кој кому ќе му се смее. За 1/0 дека е бесконечност може само да се смеат деца од 3 одделение, ти и луѓе што немаат врска од математика...
 
Ако заокружиме ќе биде 1,ако не не е 1.Незнам што не е јасно?
 
Не ми е јасно како можете да помислите дека 0.99(9)=1 ?
Ова е период а кога е период не се заокружува и неможе едно цело и малку помалку од едно цело да се = на исто
 
Ајде клуч, тука има многу контрабаси и темата оди неповрат.:nenene:
 
Кога прашав Џока даскалот и ми кажа дека 0.(9) никогаш неможе да биде =1, тоа само тежи кон 1.
 
Точно и јас вчера мн убаво објаснив,ако сакаш да заокружиш ќе го заокружиш на 1,ако не тоа ќе си остане 0,99(9) у периода.
 
0.(9) Е исто со 1 пошто разликата меѓу 1 и 0.(9) е бесконечно мала, а не многу мала. Не треба да се мешаат поими во тој поглед - бесконечно ≠ МНОГУ мало. Бесконечно мала... Тоа би изгледало како 0.(0)1 баш ради тоа што има бесконечно деветки пред кецот, како што има бесконечно нули кај разликата, али пошто не постои ваков запис во математики, а и ради тоа што е логички дека кецот ќе биде запишан после бесконечно нули (или никогаш) се зема дека е истата вредност, ама на сите ни е јасно дека е логично цело време да има некоја опаѓачка мала вредност (неконстантна - пошто цело време тежнее, опаѓа, кон нула).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom