Не мора да значи но 90% од случаите така е
Го гледам само однесувањето на некои мои другари кои порано биле во друго а сега се во друго друштво.. Еве еден пример за еден мој не сега толку добар другар.. Порано бевме во исто друштво.. многу фер дете, редовно одевме на фудбал, на вечер шетавме низ град.. седевме низ паркови, секој викенд пиевме.. и интересно нешто.. во друштвото никогаш не се случуваше некој да зборува лошо за друг, да оговара или слично.. Но сега е поинаку.. Тоа друштво се растури.. Јас заминав во друго, тој во друго.. и еве ја разликата..
Тој е целосно сменет, ист е како неговите сегашни другари. Влезен е во некој филм, не пие не оди повеќе на фудбал, не одат по паркови.. и неколку пати што има со мене правено некои муабети.. веднаш ја гледам разликата.. кажува за неговите другари.. овој ваков е тој таков..
Па и јас можам да речам дека имам промени.. не некои големи видливи.. бидејќи моето сегашно друштво е слично со она во кое бев порано.. нон стоп сме излезени, идеме по паркови пиеме..