„Џабе работи-џабе не седи“ vs „Не излегувам од дома за ХХХХ денари“

„Џабе работи-џабе не седи“ vs „Не излегувам од дома за ХХХХ денари“

  • Џабе работи-џабе не седи

    Гласови: 57 57,6%
  • Не излегувам од дома за ХХХХ денари

    Гласови: 41 41,4%
  • Немам мислење

    Гласови: 10 10,1%

  • Вкупно гласачи
    99
Член од
17 август 2011
Мислења
9.766
Поени од реакции
17.482
Оваа територија треба да биде благодарна на Германија што ги подотвори портите за нискоквалификувана работна сила за овој агол европско гето, паралелно со стотиците илјади новокомпонирани бугари кои што со т.н „европски пасош“ предвреме влегоја „у ЕУ“. Оти не така одамна беа времињата кога книжевме проценти на невработеност од 25% па нагоре и сегашните муабети за „џабе работи-џабе не седи“ беа буквални за тие што работеа, а моментот не излагам од дома без Х плата не беше прашање на избор, по што истиот и го немаше.
Па не е само Германија, на многу места отидоа луѓето. Со интернетот е многу полесно сега. А и економијата е подруга, аутсор компании, нови фабрики, многу луѓе работат на интернет и тн.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.141
Поени од реакции
28.897
И кога ќе видиш дека ти се потиш за 9000 ден, а некој се лади под сенка пиејќи кафе со 100 ден земени од мама и тато.
Нели они не стануваат рано сабајле за тие пари да работат.

Не се криви тие, туку оние што така ги научиле. Премногу се разглалени и со се задоволени и нормално дека нема да работат.
Мрзеливи деца створија многу родители. Не само за работа во фирма, туку и за работа по дома. Само спиење, кафе, јадење, кафе, спиење. Се така во круг.

Некои мислат дека само за пари се оди на работа. ОК може најбитни се и сите сакаме повеќе, ама работата носи и други работи кои ги имаш пишано и дома нема да ги добијат.
Они ѓубре од тераса фрлаат не па на работа да одат.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Они ѓубре од тераса фрлаат не па на работа да одат.
Барем се мрднале до надвор да го фрлаат ѓубрето, а некои не го ни фрлаат.
Оди по тоа детските соби на веќе 25+ годишни и да видиш дека имаат до кревет празни шишиња од сок и хартија од сендвич или бурек. :D
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.117
Поени од реакции
8.906
Барем се мрднале до надвор да го фрлаат ѓубрето, а некои не го ни фрлаат.
Оди по тоа детските соби на веќе 25+ годишни и да видиш дека имаат до кревет празни шишиња од сок и хартија од сендвич или бурек. :D
:pos: :bravobe:
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Па не е само Германија, на многу места отидоа луѓето. А и економијата е подруга, аутсор компании, нови фабрики, многу луѓе работат на интернет и тн.
Од луѓето кои што јас ги познавам, а се отселија последниве десетина години, 90% заминаа во Германија искористувајќи го т.н балканско правило за визни олеснувања за нискоквалификуваните работници од Западен Балкан воведено од Германија. Оние кои што заминаа да работат низ други европски држави, во прв ред најмногу во UK додека беа членки на ЕУ, заминаа со БГ пасош.
Исклучиво говорам за нискоквалификувана работна сила. Што се однесува до ИТ секторот, не познавам многу луѓе од тој круг, па не би можел да коментирам по тие теми.

Јас каде што живеам, во „неСкопје“ такви работи од типот ИТ и остали услужни дејности се целосно ограничени, скоро па непостоечки. Овде економската дејност е подредена најмногу на ф-ки и конфекции кои што се бават со лон производство и слични такви сектори кои што вклучуваат мануелна работа и повторувачки движења на лента, т.е спаѓаат во тој долен праг нископлатени професии, односно „џабе работи-џабе не седи“ работни места.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.614
Поени од реакции
5.124
Да, ама и тие 2300 во Белгија ќе ти ги покријат само киријата/сметките и храната, немој да мислиш дека таму ќе возиш кола од 100к евра ако работиш за минималец (за основни работи и таму нема да земаш 2300, а исто ни тука 300, т.е соодносот би бил на 2300 таму околу 450-500 тука).
Пазарот е диригиран од понуда и побарувачка. Ако на пазарот има илјадници како тебе, тогаш лесно си заменлив и ќе се земе оној што за најмал трошок нуди најголема продуктивност.
Па што знам... баш сега читав една вест од риа новости за цените на струја во географска Европа. Плаќаме скоро дупло поскапа струја од источните земји како Русија, Украина, Белорусија ( а сме на исто ниво на плати) а скоро исто струја со западна Европа каде што стандардот и платите се пута 3 до 5 минимално.
Нас ни е проблемот што сме во еден вид на наковална од едната страна имаме стандард источно европски, а од другата цените се на ниво на ЕУ. Пример струјата, горивото, гас/затоплување, нови автомобили ( во Русија локалните Лада коли се околу 5-6000€ нови) а ние купуваме ново поло и голф како и во Франција и Германија каде како што рековме платите им се минимум пута 3 до 5 поголеми од нашите.
Храната е таа, пијалаци, чоколади, облека, обувки, брендовите се тие од ЕУ и со таа нивна цена се продаваат и овде. Локално ништо не произведуваме и автоматски сме мн мн посиромашни и од тоа што си мислиме.
200/300€ плата (која што ја земаат 50+% во МКД од работниците) е смешка, неможеш ни киријата да ја покриеш со се основните тековни сметки...
 
Последно уредено:
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.634
Поени од реакции
1.489
Pred okolu 3 i pol god koga se prekvalifikuvav bev na intervju za rabota i me prasaa kolkava plata sakam. Bukvalno na covekot mu rekov ne mi e tolku gajle za platata(iako bese nad minimalec ne bese kojznae sto) bitno mi e da steknam iskustvo bidejki imav diploma ali nemav iskustvo u taa struka. Eve 3 i pol godini podocna seuste sum vo istata firma i platata mi e povekje od duplo od ona na sto pocnav.

Za pod minimalec nikoj ne bi trebalo da odi, ali se shto e na minimalna plata bi bilo okej za nekoj sho bara prva rabota i prvo/vtoro rabotno iskustvo. Koga nemas iskustvo a baras golema plata nikoj ne e budala da te vraboti i da si trosi pari na tebe dodeka da naucis da rabotis.

Kaj mene ima apprenticeship koj e generalno za mladi od 16 godini pa nagore da naucat zanaet ili menadzerska rabota, i obicno traat od 2-4 godini. Nekogas i vozrasni resavaat da odat na nesto vakvo, pogotovo ako ucat nekoj zanaet. Spored zakon minimum za ovie e duplo pomalku otkolku normalnata minimalna plata, ali znam mnogu lugje koi rabotele 2 godini za smesni pari, i toa vozrazni lugje, i sea se na epten dobri plati.

U sekoj slucaj, site razlicno razmisluvame, nekoi ke si sedat doma i cekaat od mama i tato, nekoi ke odat ke rabotat za bilo sho za da moze da dojdat do pari i da napravat nesto u zivot.

Od druga strana i dzabe ti se golemi plati ako nekoj ti stoi nad glava po cel den i sekoj den se nerviras.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.614
Поени од реакции
5.124
На крај се сведува дека тука на газдите им одговара мизерната плата што ја даваат, наоѓаат триста џиџири миџири муабети, продаваат фори и бајки. А на радниците се повеќе и повеќе им се отвараат видиците кон надвор каде што вистински го ценат нивниот труд, време и здравје што го трошат работејќи.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.967
Поени од реакции
35.596
Види, има премногу разлика од црнчење за ниски пари кај што нема никаков напредок и стоиш во место, и работење и учење/стекнување некоја пракса за без пари. Јас секојпат би го одбирал второто.

Еве моментално се дружам со еден водоводџија кој си работи приватно, и кога имам слободен ден од работа одам со него по 5-6 саати на терен му помагам и учам, а не ми плаќа ништо. Али ако веќе се одлучам да го усовршам занаетот, после некое време можам да зимам и 20-25 евра од саат во некоја фирма, или дупло ако работам сам.
Автоматски споено мислење:

Да, ама и тие 2300 во Белгија ќе ти ги покријат само киријата/сметките и храната, немој да мислиш дека таму ќе возиш кола од 100к евра ако работиш за минималец (за основни работи и таму нема да земаш 2300, а исто ни тука 300, т.е соодносот би бил на 2300 таму околу 450-500 тука).
Пазарот е диригиран од понуда и побарувачка. Ако на пазарот има илјадници како тебе, тогаш лесно си заменлив и ќе се земе оној што за најмал трошок нуди најголема продуктивност.
Незнам за Белгија, али во Германија со 2300 си цар/кралиња/буржоазија ти одбери. :D Со 2300 нето ќе ги платиш сите сметки и режии за живот, ќе возиш солидна кола од 10-15к без проблем, и плус имаш простор да заштедиш 600-700 евра секој месец. Многу далеку е соодносот од 450-500 евра во Македонија.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.946
Па што знам... баш сега читав една вест од риа новости за цените на струја во географска Европа. Плаќаме скоро дупло поскапа струја од источните земји како Русија, Украина, Белорусија ( а сме на исто ниво на плати) а скоро исто струја со западна Европа каде што стандардот и платите се пута 3 до 5 минимално.
Нас ни е проблемот што сме во еден вид на наковална од едната страна имаме стандард источно европски, а од другата цените се на ниво на ЕУ. Пример струјата, горивото, гас/затоплување, нови автомобили ( во Русија локалните Лада коли се околу 5-6000€ нови) а ние купуваме ново поло и голф како и во Франција и Германија каде како што рековме платите им се минимум пута 3 до 5 поголеми од нашите.
Храната е таа, пијалаци, чоколади, облека, обувки, брендовите се тие од ЕУ и со таа нивна цена се продаваат и овде. Локално ништо не произведуваме и автоматски сме мн мн посиромашни и од тоа што си мислиме.
200/300€ плата (која што ја земаат 50+% во МКД од работниците) е смешка, неможеш ни киријата да ја покриеш со се основните тековни сметки...
Хахаха, озбилно споредуваш Русија и мкд за енергетски ресурси?
Човек, увезуваме струја, лани рипна цената на берза затоа ја поскапеа и тука (+ процент за лоповите, Рек, Мепсо, Есм се гнездо за пукање на партиски кадри и рамковни шипtари).
Ако отидат платите нагоре, ќе отидат и услугите, така и ги дигна iq33, дигна вештачки минимална плата и се отиде нагоре (цени во кафичи, маркети и тн).
Во таа Белгија што ја спомнуваш киријата ти е од 1000 евра-1500 евра за стан кој што кај нас се издава 200-250 евра. Еден бербер што тука е 2.5 евра таму е 30 евра.
Платите и стандардот тука може да се дигнат само и само ако влезе странски капитал, да се намали администрација и џаболебари, да се намали лоповлук.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.960
Поени од реакции
17.738
Барем се мрднале до надвор да го фрлаат ѓубрето, а некои не го ни фрлаат.
Оди по тоа детските соби на веќе 25+ годишни и да видиш дека имаат до кревет празни шишиња од сок и хартија од сендвич или бурек. :D
Каде гледаш ти вакви ликови бе друже?
Ова може го имало пред 20 години, денеска младината работи од мали нозе. Ти го кажуваш ова како пола младина да е таква. Луѓе на 25 години ја не познавам да лежат по дома, оние што лежат се веќе старци и почнале со лежење баш од тој период(90 или 00)
Единствена група се оние после средно шо тепаат една година на УГД(еве за Штип ако зборуваме)ама и тие не можеме да ги рачунаме у лежачи затоа што сепак имаат активност иако нема да продолжат со студирање.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.072
Поени од реакции
11.056
Има огромен број на непознати кои што влијаат врз одлуката што од двете опции е подобро.
Како три најбитни би ги зел (без редослед).
- финансиската моќ на твоите родители
- колку ти фаќа тиквата/скилови
- твојата визија за иднината

Нема генерално правило што би било подобро. Индивидуално е. Дури и со Видук не би се сложил дека рмбањето за 9000 е толку добро за да се соочиш со бруталноста на животот. Еден куп луѓе ми идат на памет што никогаш не работеле за минималец а се свестни за животот и ги ценат парите.

Ако планираш да бидеш водоводџија/електричар/рандом занает, тогаш се сложувам дека имаш голем ќар да одиш за минималец, дури и за без пари. Ама не важи истово за одењето во фабриките што ги донесе Грујо. Што ќе научиш од тоа бе? Ни занает ни бутур. Никаков напредок. Ќе ти качат плата за некои си 4-5000ден по некоја година и ќе те стават одговорен на некој оддел.
Не велам дека нема исклучоци, али ретки се. И не секој е задоволен со 20 000 плата за да ги трпи кодошењата и малограѓанството на простата раја.

Нз како е во другите градови, за Прилеп ќе пишам.
Голем дел од децатаа на средната класа можеше да се дружат со богатите низ годините. Дури и животот не бил толку различен и оделе на слични одмори и правеле исти работи, јаделе и пијале заедно. Минимални, истрпливи разлики.
Се тоа така до некои си 20-25 години. После тоа излегуваат разликити на површина и овие богатите ќе ги пикнат на добро работно место или ќе им отстапат фирма, па голем дел од нивните другари кои што биле во средната класа и не се снашле, го имаат мотото, џабе седам ама џабе не работам. Не може да се смислиш да се дружиш со овие од прва класа кои не се ништо повеќе од тебе (интелектуално/способност), а земаат страшни плати, а тебе ти останува да одеш кичма-транс работа за 250 евра.
 
Член од
11 јуни 2021
Мислења
362
Поени од реакции
810
Jaс сум многу благодарен што работев година дена за 9.000 денари плата на 19 години
Кога ќе ми текне колку бев среќен за тие 9,000 месечно џоа седмица на лото да сум добил. :pos:

Сум за тоа да не се седи дома џабе пред да најдеш работа онаква каква што сакаш или по професија.
Е сега некој спомна многу зависи од тоа колку ти се ситуирани родителите, а богами и тоа има удел. На пример, познавам една девојка на која што татко и е богат па секоја прилика си оди на зимување и летување кај ќе и текне. За разлика од неа, јас нит зимување нит летување немам видено и да сум финансиски моќен и јас би ги пуштил моите деца да акаат и да се забавуваат затоа што знам како е цело лето да се печеш ко гуштер и плажа да ти биде мисловна именка па макар и Охрид.
Друга работа е што голема кривица наоѓам во постарите генерации кои прифаќаат да работат за газди со мали куриња и одозгора освен минимална плата трпат и тортура од истиве. Не бараат нова работа затоа што се плашат, не ги пријавуваат во трудова за нелегално работење и затоа дојде до ова робовладетелство.

Да, би работел за минимална плата ама да е се по пропис и газдите своите фрустрации да не ги лечат на мене.
Не само што ќе имаш твои пари и ќе си независен туку со работата стекнуваш и други работи кои веќе некои од вас ги набројаа.
 
Член од
4 ноември 2016
Мислења
2.279
Поени од реакции
1.728
Од досегашни искуства што имале другари јас видов само експлоатација дека им вршат газдите за 20к, без сатница + ако останеш ништо не се вреднува. Јас се кладам for life и досега во 21 година ретко имам фатено работа ама во последната година ми е премногу досаден животот и решив да барам работа.. Ете заминав Германија на 3 месеци како прва моја работа, но доколку не ми прават разлика тие 15-20к денари во Македонија јас со прст нема да мрднам да работам некоја физичка работа особено. Јас некој да рмба од ден до ноќ за 20к-25к го прифаќам само ако нема излез и треба да гледа фамилија.

За споредба во Германија за 3 месеци + данокот ќе заштедам 4500€, а во Македонија за 20к месечно идат 3900€ годишно и од нив ни пола неможеш да заштедиш ако не те гледаат мама и тато.
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
2.095
Смешни ми се перцепцииве, некој ако седел на 25 години на кафе бил мрза, земал од родителите, итн. Свесни сте дека физичка работа и имање и заработка пари се две сосема различни работи...може има акции на берза, може има 100 кила злато дома од дедо прадедо, може едноставно никогаш нема да црнчи ама пак ќе има пари...живееме во капитализам одамна.


Факт е дека трудот во МК е слабо ценет, али и платата не е толку ниска како што беше пред 10 години...да не се заебаваме лесно се прават по 400 - 500 евра по фабриките со трета смена, викенди, ова она, па сеа до го ебам те земаат од дома со автобус те враќаат назад, твое е да работиш таму коа ќе појдеш...

Ако му е малку некому а има капацитет за повеќе нека си земе нека си стекне скилс, па нека зема повеќе со помалку работа а и отворен патот му е и за надвор.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom