„Џабе работи-џабе не седи“ vs „Не излегувам од дома за ХХХХ денари“

„Џабе работи-џабе не седи“ vs „Не излегувам од дома за ХХХХ денари“

  • Џабе работи-џабе не седи

    Гласови: 57 57,6%
  • Не излегувам од дома за ХХХХ денари

    Гласови: 41 41,4%
  • Немам мислење

    Гласови: 10 10,1%

  • Вкупно гласачи
    99

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.190
Поени од реакции
21.334
Зависи во каква ситуација се наоѓаш. Ако требааат пари подобро нешто него ништо но само привремено во таква ситуација треба да се гледа што побрзо да се најде нешто подобро. Е сега ако имаш одредени квалификации и му носиш на работодавецот корист не гледам зошто под цена да се продаваш. Ваш труд е, ценете си го. Ако не го цените ни газдите нема да ви го ценат (=платат).
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.645
Поени од реакции
4.945
Зависи што потразбираш под работење. Средување по дома и учење може да биде исто корисно како и волонтирање на некое безвезе работно место.
А и зависи колку ти требаат пари...
Ако бараш може и не е тешко да се најде нешто од што ќе имаш кеш флоу.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.125
Поени од реакции
10.469
Првично кога го прочитав насловот на темава си викам ај ќе ѕирнам да се насмеам малку. Ама кога ќе размислам стварно има убава поента темава, само што авторот требало да се потруди малку повеќе за да го привлече интересот и љубопитноста на читателите.

Е сега на темава, има луѓе со завршено високо образование, кои чекајќи си ја шансата никогаш не нашле работа. Си седат дома и си добиваат дневница од родителите за кафе, за искачање, за ово, за оно. Мене тоа не ми е во ред. Разбирам и знам дека условите во нашата држава и не се баш најидеални и најмотивирачки за еден млад човек кој завршил факултет со солиден успех, напротив се многу демотивирачки и дискриминарчки и токму тоа е причина за големиот одлив на мозоци од државата. Навистина сфаќам како е кога некој вложил огромни ресурси за да се школува, има знаење и капацитет и едноставно сака сето тоа што го вложил да се цени, вреднува, да се почитува и исплати. Меѓутоа, со седење дома и чекање повик за "идеалната работа" ништо не си направил.

И од друга страна имаш млад чоек со средно образование, не сакал или немал услови да заврши факултет меѓутоа има солидна работа или свој сопствен бизнис. Без разлика дали е автомеханичар или мајстор, столар, водоинсталатар, земјоделец, келнер, касиер, чувар. Работи и заработува, се труди и можеби токму тоа е неговиот пат до неговата идеална шанса. Или па, можеби и тоа е неговата идеална шанса. Многу повеќе ги ценам овие отколку првата категорија луѓе.

Шансите треба сам да си ги бркаш. Дури и да е за беспари во почетокот, или за некоја минимална сума пари, мислам дека секој млад човек треба да го искористи својот потенцијал на секое едно место за кое што мисли дека ќе му го отвори патот за нешто подобро утре. И не секогаш фокусот да биде на материјалното (иако тоа е основната причина зошто сите работиме), туку можеби на искуството, на контактите, на начинот на кој што функционираат нештата. Таквото неофицијално образование може да игра клучна улога во животот.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.808
Поени од реакции
15.731
интересна е темата за приватен сектор, сервиси и слично.... и не само тоа, туку дали работа со луѓе ситни поправки или работа со фирми Крупни работи ??
Ситните поправки се многу поисплатливи, но кај нив е проблемот организација, закажување а и си има мајсторот работа со повеќе луѓе..Работа со фирми, н.п.р. ремонти на комбиња и слично е убава, ама со фирми има проблем со наплата...
инаку има и друга работа поврзана со ова, конкурентска борба...н.п.р. ќе се отворат 2 пиљари на 50 метри растојание во населба и настанува борба..
а некаде има и друга работа, н.п.р. во Австралија отворил некој НЕ евреин берберница, сите евреи џо поширока околина ја спуштаат цената додека не го избркаат...
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.508
Поени од реакции
4.331
Што има да одите да работите, седете си дома ќе ви расте рејтингот!
После добро отседени 10 години плата како министер у старт.
Абе ако не влезеш во вода чур ќе научиш да пливаш! Уште помалку шанси некој да те плати како нуркач.
Ова е тема од доста субјективна природа.
Сеа некој ќе рече „па како тоа?„ „како можи седењето дома на грбот на родителите да е подобра опција„.

Од моето лично работно искуство низ последните 5-6 години сфатив дека понекогаш е подобро да се цениш малку повеќе и да не дозволиш некои аналфабети и дегенерици постепено да ти рушат дигнитет за мизерни пари.
Сметам дека човек кој е свесен за своите способности понекогаш треба да размисли малку подобро дали треба да се спушти толку долу.

Не ми е намерата да етикетирам и омаловажувам одредени групи на луѓе или професии, но сакам да направам еден поглед кон животот на малку подолг рок. Доколку почнеш како минималец големи се шансите да стекнеш некоја комфор зона со малку одговорности креирана од самото опкружување и да завлечеш малку повеќе на тоа место. Или па да најдеш повторно нова иста таква доколку не ти се бендиса првото работно место. Ќе си речеш „па секако решив да работам за минималец, дај да најдам брзо нова иста таква работа„ но годините поминуваат.

Работев со тешки неписмењаци, луѓе оперирани од многу вредности и доста често се ставав во ситуација темелно да си ја преиспитам одлуката која ја донесов.
А ја донесов од истите причини како што беше наведено погоре - „ај да не фураме паразитски живот„

Затоа и реков субјективна тема, секој си ја знае ситуацијата и знае што треба и што мора да прави.
Но познавам многу примери на луѓе кои после завршено образование го држат ставот да не бараат било каква работа и да си ја чекаат шансата, и за случајност или не - на поголемиот дел од примерите кои ги познавам се испостави дека им беше исправна одлуката. А многу квалификувани кои почнале од долу сѐ уште нураат таму долу.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.604
Поени од реакции
34.798
...сето ова важи за друго нормално време, денес ако сакаш некоја добра плата, а газдата да не ,,те моча во уста,, ниту пак да не остане ништо после исплата на пат и храна од плата- е влез во партија која е во позиција,
тоа е, жалосно но вистинито,

...со тоа се обезбедува работа во администрација со било какво средно образование без никакви други посебни услови, па дури ни психолошки тест, со тоа си обезбедуваш две опции ќе седиш опет дома и ќе добиеш чиста пара како плата на трансакциона или ќе идеш на работа колку да се рече ќе понишаш врата и пак ќе си одиш порано дома без некој да има смелост да ,,те моча во уста,, и на крај на месец те чека цела плата, све друго размислување е малтретирање поради време на непочитувње ниту на работнички права, ниту синдикат ниту бутур, нема кај да се жалиш!

...додека имаме такво труло општество нема рационално размислување ниту работа, а да зборавив трета опција ,,бегај надвор,, денес лесно се наоѓа работа во ЕУ за младите, било каква за добра пара!
 
Последно уредено:
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Ова е тема од доста субјективна природа.


Од моето лично работно искуство низ последните 5-6 години сфатив дека понекогаш е подобро да се цениш малку повеќе и да не дозволиш некои аналфабети и дегенерици постепено да ти рушат дигнитет за мизерни пари.
Аферим, 5-6 години бафер зона!
Јас немав 5-6 недели таква можност, од ГФ па преку пат во Вардар Пелагонија, следниот ден Штип на работа!
Јас топикстартерот го сватив како почетник кој има дилема, заедничка за тазе завршени, да се почиња со минималец или да се чека добра прилика!
Инаку во последните 10 години и јас не бев спремен да прифатам работа под ниво на мојата проценка, а беше солидна проценката! Сега секој мој ангажман кошта 150-200% од чинењето на ангажманите на младите колеги, ама ама, 40 години опит се во прашање.
Од друга страна, се бавам со трговија и тука играм некогаш и на минимална заработка! Нели е тоа исто на прифаќање на работа за минималец?
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.613
Поени од реакции
5.122
Исто мн битна карика, ако не и најбитна е семејството, т.е. родителите. Пошто "деца" на 19/20 години кога веќе стануваат спремни за работа, а немаат никакво искуство со надворешниот капиталистички свет и како мршојаднички функционира, мора некој со тон искуство (родителите) да го добро насочат своето дете.
За колку вреди да се работи, за која пара смее да се троши и да не влијае негативно на него на долг рок. Каде ќе работи и со какви газди, колеги. Дали вреди да се дообразува и да се вложи во тоа доколку детето нивно изразува посебни желби и афинитети за нешто (професија, спорт, занает...) и да биде мотивирано и насочувано да продолжи на тој пат.
Секогаш да имаат доволно пари за секакви ситуации за децата, додека бараат подобра работа, дообразување, па дури и за искуство во странска држава/ град да им биде почетокот финансиски обезбеден.

Ама кај нас семејствата/родителите, и народот воопшто се многу прости, необразувани, не-начитани и дисфункционални.
Грижата за себе најпрво (тука спаѓа и проблематиката на прифаќање на работа за мизерна плата) и за децата е скоро непостоечка, се живее од ден за ден, со триста пороци (алкохолизам, цигари, дрога, коцка), некултура и дивјаштво, и тоа автоматски и потсвесно/несвесно го пренесуваат на децата и тие тоа го прифаќаат како нормално нешто во животот и тој зачаран круг се врти и врти на наредните поколенија и генерации.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Според мене не треба да се гледа така на работите. Можеби прво треба да дефинираме ние како земја дали сме капиталистичка или социјална.
Ако се водиме како капиталистичка, тогаш треба да сме според сите нишани, со минимална дефинирана плата (која за воља на вистината ја има) и со можности за напредување во фирмата во која што си, а, со исклучок на фирми што се странски или соработуваат со странски пазар, тоа го нема во другите.
Е сега, ако се водиме како социјална, секој треба да може да живее нормално со платата, без оглед на вештините, не треба само вештите да живеат а другите да му ја мислат, сепак тоа е идејата на механизам на заштита од државата.
Не ја мешај тука државата, макар што ние не сме сеуште ни држава, не па и да се дефинираме каква!
Збориме за релација право на избор и реални прилики во стопанството!
Автоматски споено мислење:

Исто мн битна карика, ако не и најбитна е семејството, т.е. родителите. Пошто "деца" на 19/20 години кога веќе стануваат спремни за работа, а немаат никакво искуство со надворешниот капиталистички свет и како мршојаднички функционира, мора некој со тон искуство (родителите) да го добро насочат своето дете.
За колку вреди да се работи, за која пара смее да се троши и да не влијае негативно на него на долг рок. Каде ќе работи и со какви газди, колеги. Дали вреди да се дообразува и да се вложи во тоа доколку детето нивно изразува посебни желби и афинитети за нешто (професија, спорт, занает...) и да биде мотивирано и насочувано да продолжи на тој пат.
Секогаш да имаат доволно пари за секакви ситуации за децата, додека бараат подобра работа, дообразување, па дури и за искуство во странска држава/ град да им биде почетокот финансиски обезбеден.

Ама кај нас семејствата/родителите, и народот воопшто се многу прости, необразувани, не-начитани и дисфункционални.
Грижата за себе најпрво (тука спаѓа и проблематиката на прифаќање на работа за мизерна плата) и за децата е скоро непостоечка, се живее од ден за ден, со триста пороци (алкохолизам, цигари, дрога, коцка), некултура и дивјаштво, и тоа автоматски и потсвесно/несвесно го пренесуваат на децата и тие тоа го прифаќаат како нормално нешто во животот и тој зачаран круг се врти и врти на наредните поколенија и генерации.
Син ми работеше кај мене, никогаш не беше најплатениот! Не жалев во негово дошколување, доспецијализација, ама никогаш не дозволив да почувствува форма на непотизам или фаворизирање. Нормално имав уште 10 вработени, ќе го растуреше колективот тоа. Ама тој мој однос дотурка да и тој си ги види минусите и потребата за професионална надоградба( резултат на нашето кљакаво образование), фала богу сега е се’ во ред, ама ако чекаше полна сатисфакција цело време никаде немаше да стигне :toe:
Така да има родители и родители, едни се имаат нафатирано за 3-4 генерации, таму не е проблем да се чека прилика. Ние обичните секогаш мора да си ги заработуваме приликите:toe:
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.651
Поени од реакции
34.932
Здраво дечки,
Long time listener, first time caller сум на форумов, ама небитно, ме интересира вашето мислење на оваа тема, горенаведените се доста доминатни различни мислења кај младите и старите, но ме интересира вашето мислење.
Дали да се романтизира работење за мали пари и собирање искуство, или истото да се прескокне и да се чека шанса (ако има таква) да се иде директно на повисоки пари, па макар и се седело без работа со години.
Опцијата да седиш дома и да чекаш шанса е: ако имаме добро образование каде што излегуваш како спремен кадар после средно/факултет, ако некој дома те научи на „тајните“ за одредена работа и си спремен да ја работиш и без ден работно искуство.
Секогаш е подобра опцијата да почнеш да работиш.

Од досегашно искуство: постојат луѓе кои се способни да работат само повторливи и едноставни работи, и луѓе кои (без разлика на нивното образование) се бистри и можеш да ги обучиш да работат и покомплицирани работи.

Ако си во првите, тогаш нема многу да ти промени дали ќе почнеш на 18 или на 30 (освен финансиски), бидејќи немаш некои огромни шанси за напредок/успех (освен отворање на твој бизнис во истата област, па да работат други за тебе, ама чисто се сомневам дека ваков човек може да менаџира).

Ако си во втората група, се исплати да почнеш да работиш или да одиш на пракса на што е можно помала возраст, со што ќе си создадеш можност и пред 30 да си на сениор/раководна позиција. Друг бенефит тука е и тоа што ќе гледаш како друг „ги прележува болестите“ и ќе учиш на неговата мака, па кога би решил да почнеш свој бизнис голем дел од нагазните мини ќе можеш да ги избегнеш.

Образованието треба да биде во тандем со бизнисите и нивните потреби, арно ама во вукојебинава после средно/факултет немаш појма што навистина се случува во областа во која си завршил.

Од досегашно искуство на позиции каде мора да се користи мозокот и не се straightforward: генерално од 3-6 месеци си товар на фирмата и колегите, следните 6 месеци се обидуваш да сфатиш каде имаш слетано, и реален бенефит најчесто (со чест на исклучоци) фирмата гледа после 1.5-2 години. Затоа почетните плати се такви какви што се.

Проблемот со напредокот јас го гледам откако ќе поминат тие 2 години и ќе почнеш да придонесуваш се повеќе и повеќе во компанијата. Нашите фирми го имаат сеуште „социо-комунистичкиот“ и „транзициониот комплекс“, со што забораваат на тебе или ти даваат некоја ситна коска, и за да напредуваш мораш да промениш фирма (без разлика дали е тукашна или странска фирма во 99% случаи се виновни домашните менаџери/директори).

Секое непродуктивно губење на време на возраст од 18-40 години е една од најлошо направените инвестиции на секој човек, дури и да имаш финансии во моментот (родители/баби/дедовци) тие нема да се вечни, а кога ќе ги снема си со таквото во раце: ни пари, ни вештини. Да не се повторувам со пишување, има едно интересно видео од Џордан Питерсон за оваа тема, бујрум ѕирни го.
 
Последно уредено:
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Здраво дечки,
Long time listener, first time caller сум на форумов, ама небитно, ме интересира вашето мислење на оваа тема, горенаведените се доста доминатни различни мислења кај младите и старите, но ме интересира вашето мислење.
Дали да се романтизира работење за мали пари и собирање искуство, или истото да се прескокне и да се чека шанса (ако има таква) да се иде директно на повисоки пари, па макар и се седело без работа со години.
Џабе работи,џабе не седи е најкапиталистичка поговорка која е измислена за добробит и богатење на газдите.Од друга страна ако чекаш со години работа од соништата ќе си имаш за чекање.Ќе ја загубиш работната навика,ќе помиат годините а со тоа и се помали се шансите за наоѓање на работно место.А богами треба се мисли и на пензија.Првиот услов е да имаш најмалку 15 години работен стаж.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Имав налетано на еден добар цитат "At every job you should either earn or learn. Either is fine. Both is best. But if it's neither, then quit."

Ако си почетник кој тек излегол од факултет, со нула искуство во пракса, никој нема да ти даде повеќе од 300 ЕУР месечно. Зборам за кај нас и сега, во моментов. Можеби 350 максимум. Ама ќе ти даде шанса да чепнеш нешто, да видиш како всушност функционираат работите, да се соочиш со вистински проблеми и да научиш како треба да размислуваш за да си во вистинската насока кога бараш решение на тие проблеми. Решението сигурно нема одма сам да го најдеш. Пошто како и се во животот, и самата работа е процес кој се учи со тек на време, ќе учиш од колеги, ќе учиш од надредени, ќе учиш од твоите грешки, од грешките на тие до тебе.

И ова е сосема океј. После 6-9-12-18 месеци ќе поминеш низ повеќе различни ситуации, ќе се изградиш како професионалец, ќе си ги подобриш и вештините за комуникација, ќе се изитриш малце, ќе сфатиш до каде си стигнат и колку знаеш, па неминивно ќе дојде момент кога ќе си кажеш на самиот себе "можам јас повеќе од ова". И тука имаш две опции - првата е, во самата фирма во која си почнал да добиеш поголема одговорност и поголема плата (нормално ако сакаат и ако воопшто има простор за тоа), а втората е да си бараш нова работа во склад со твоето знаење и способност.

Многу е битно да знаеш дека дури и да не успее првата опција, не смееш да се разочаруваш. Едноставно е, како што имаш ти, така имаат и они нивен буџет и нивни планови и едноставно можеби им треба само џуниор на твојата позиција и тоа е тоа - нема место за уште еден човек со поголеми одговорности и плата. Има фирми вака што менуваат само почетници и практиканти, со цел да заштедат на трошоци и едноставно им се исплати.


Е сега, целиов овој процес може да биде малце болен и трнлив, ама затоа интернетот ни овозможил шанса да се поврзаме со било кого низ светов, а со тоа да најдеме и "remote job", каде ќе си платен на саат и ќе работиш само неколку саати неделно. Имаш Upwork, Fiverr, Freelancer, огласи на LinkedIn, и можеш да дојдеш уште до милион вакви платформи ако изгуглаш, каде се бараат фриленс работници кои ќе работат part-time и ќе имаат можност а си заработуваат некој вид на "втора плата". Најјако е што и тука можеш да напредуваш. И во самата работа, а и на самите платформи. Да одвоиш по саат, саат ипол навечер, 3-4 саати за викенд и еве ти месечни примања од +500 ЕУР.

Опции постојат, само треба да ти се работи и малце да ти фаќа кликерот. Дури и нема потреба од дома да излезеш, ако е тоа проблем. :D
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Вредиш на пазарот само онолку колку што некој во моментот одлучил да те плаќа. Ни помалце, ни повеќе.

Тие приказни јас колку мислам дека вредам и мојот труд, се за по дома муабет. Ако некој проценил дека твојата работа и задачите вредат толку, тогаш е толку. Никој не те тера да прифаќаш помалку од тоа што ти мислиш дека треба, поготово ако си способен за повеќе, тогаш чекај си подобра прилика или работи ја истата привремено. Е сега иам и во блиска фамилија особа што мисли дека за 300 евра ќе бил роб, а тој појма нема од животот, што и да работи во иднина (ако одлучи ем тоа) и тие 300 му се многу.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.613
Поени од реакции
5.122
Вредиш на пазарот само онолку колку што некој во моментот одлучил да те плаќа. Ни помалце, ни повеќе.

Тие приказни јас колку мислам дека вредам и мојот труд, се за по дома муабет. Ако некој проценил дека твојата работа и задачите вредат толку, тогаш е толку. Никој не те тера да прифаќаш помалку од тоа што ти мислиш дека треба, поготово ако си способен за повеќе, тогаш чекај си подобра прилика или работи ја истата привремено. Е сега иам и во блиска фамилија особа што мисли дека за 300 евра ќе бил роб, а тој појма нема од животот, што и да работи во иднина (ако одлучи ем тоа) и тие 300 му се многу.
Значи во МКД твојата блиска особа вреди 300€ , во Африка 200$, во Белгија 2300€.
Везе нема муабетов реално, платите се базирани на ГДПто и економијата на државата во која работиш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom