ManUtdChampions
Lleyton Hewitt
- Член од
- 5 февруари 2009
- Мислења
- 32.864
- Поени од реакции
- 44.310
- Возраст
- 30
Во глобала е така, посебно кога почнуваш во некоја фирма на одредена позиција. Работодавачот проценил дека за "тоа и тоа" што ќе го работиш, треба да си платен "толку и толку". Но неретко, знаат да ти ставаат онака спонтано и пополека уште нешто на грбот. Демек "Абе, а можеш ли и ова да го завршиш само. Не е многу, треба само во понеделник и среда", па за месец дена ќе има нешто и во петок, па месец дена после тоа ќе има нешто еднаш месечно само што се прави, итн итн..Вредиш на пазарот само онолку колку што некој во моментот одлучил да те плаќа. Ни помалце, ни повеќе.
Тие приказни јас колку мислам дека вредам и мојот труд, се за по дома муабет. Ако некој проценил дека твојата работа и задачите вредат толку, тогаш е толку. Никој не те тера да прифаќаш помалку од тоа што ти мислиш дека треба, поготово ако си способен за повеќе, тогаш чекај си подобра прилика или работи ја истата привремено. Е сега иам и во блиска фамилија особа што мисли дека за 300 евра ќе бил роб, а тој појма нема од животот, што и да работи во иднина (ако одлучи ем тоа) и тие 300 му се многу.
И сега, посебно деца и почетници, нормално дека ќе прифатат се, со цел да покажат дека се прилагодливи, учат брзо, бла бла бла.. Арно ама никој не им дава ништо плус за тие нови задачи кои ги работат. Доаѓа момент да збориш за покачување и ти викаат нешто во смисла, толку можеме во моментов, и некои слични глупости. И од тука излегуваат тие фрустрации и муабети "мојот труд вреди повеќе од ова". Пошто толку треба да биде платен некој спроед тоа што му пишува во договор, а не според тоа што уствари го работи. Значи разочарувањето и муабетот се сосема легитимни. Кога даваш нешто, очекуваш да ти се врати.