Исус никогаш и не сакал да создаде нова вера. Тој беше и си остана верен јудеец. Одан на старите закони. И неговите наследницои и водачи на Ерусалемската заедница, на заедницата на учениците на Исуса од брат му Јакова па натаму (се наследувале врз основ на роднински врски) си продолжија со строго почитување на јудаизмот, обрежувања, молитви, жртви. Промените на тоа поле ги донел Павле. Поради тоа и бил во завада со Јакова, братот на Исуса. Промените настанале кога животот на Исуса требало да се престави и оправда пред Римската публика и кога новата религија почна да ги прима во своите редови и неевреите и да си бара место во Римското царство. Точно е што вели Мики дека строгите еврејјски закони се тешки и мачни за следење нарочно од страна на римска или друга популација ненавикнати на строгостите и за нив неразбирливи барања во јудејската вера. Во време кога настанувале евангелијата новата религија се бореше за опстанок и преживување, Евреите биле најголем неприател на Рим. Се случиле војни, востанија, римски легии биле поразени, Ерусалем освоен од страна на евреите за да потаму пак биде завземен од страна на Рим и подоцна разурнат. Тоа беше скапа и крвава војна, иљадници евреи беа распнати иљадници беа погубени и фрлени по арените а другите раселени. Затоа се изменија работите во евангелијата па Евреите станаа безобзирни кој го убија Исуса (иако јасно пиши дека Римјаните го распнаа) затоа Пилат стана речисис светиња поради неговата душебрижност (иако историските извори ни кажуваат дека бил строг немилосрден човек кој мразел се што не е римско подложен на мито и што во негово време беа навелико убивани евреите а јудеја изложена на незапамтен терор) затоа се укинаа старозаветните, еврејските закони и сите потребни обреди (иако Исус самиот рече дека не е дојден да ги укине и да не се погази ни најмалата од заповедите) и се воспоставии едно многу лабаво “сакај го ближниот“... па дури и “покај се и господ ќе ти прости се што и да си направил...“
Се создаде една многу блага и лабава религија која иако изникна од јудаизмот не сакаше да има никаква врска со јудејците и ги проколнуваше прогонуваше и обинуваше истите низ вековите.
Низ евангелијата и низ Новиот завет, можат да се фатат конците на она вистинска прикаска за Исус, може со споредба и синтеза на историски и верски пишувања да се слушне вистинската прикаска за Исус, за неговиот живот време, и судбина.
А таа е сосема различна од она која ни ја пејат поповите по црквите.
Христијанството во својата основа не е лоша религија, само тоа не е она во што верувал и поради што умрел Исус.