различни богови во стариот и новиот завет

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Ајде уште еднаш, иако веќе имам пишувано и за законот.

1. Законот на совеста и природната креација, кој ни е вграден „фабрички„, не е укинат. Тој закон важи и според тој закон, Христос ќе им суди на народите кои никогаш нема да Го дознаат Неговото учење.
2. Законот Мојсеев, со неговите 600 и кусур одредби, иако строг и несовршен, важеше во Стариот Завет и важеше за јудеите. Тој закон е укинат со Новиот Завет од нашиот Господ Исус Христос.
3. Законот од 10-те Божји заповеди, кои ги наследуваме од старозавентите времиња, не е укинат и тој закон, усовршен до духовност, ќе важи се до второто Христово пришествие и Неговиот страшен Суд.

Тоа се трите досега познати закони од Писмото.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Така не е напишано дури Исус предупредува за оние кои ЌЕ дојдат и се обидат да ги научат луѓето дека законите се укинати и дека не важат.
Во ИДНО време зборува.
Онак како што Исус кажал нема ни најмалку сомнение дека законите старозаветни си важат и ќе важат, пошто ОН така јасно и прецизно ни кажал. А тоа дека се укинати - тоа дојде од други уста и пера.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Ајде уште еднаш, иако веќе имам пишувано и за законот.

1. Законот на совеста и природната креација, кој ни е вграден „фабрички„, не е укинат. Тој закон важи и според тој закон, Христос ќе им суди на народите кои никогаш нема да Го дознаат Неговото учење.
2. Законот Мојсеев, со неговите 600 и кусур одредби, иако строг и несовршен, важеше во Стариот Завет и важеше за јудеите. Тој закон е укинат со Новиот Завет од нашиот Господ Исус Христос.
3. Законот од 10-те Божји заповеди, кои ги наследуваме од старозавентите времиња, не е укинат и тој закон, усовршен до духовност, ќе важи се до второто Христово пришествие и Неговиот страшен Суд.

Тоа се трите досега познати закони од Писмото.
Е сега кој е во право,ти викаш дека некои се укинати а некои важат, а Исус вика дека

Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или пророците, не сум дошол да ги поништам туку да ги исполнам.
Каде пишува дека законот Мојсеев е укинат?
Цитат?

ццц...каков христијански верник си кога не му веруваш на она што Исус го кажал?

Не ти е доволно она кое Исус го кажал?
Па со твојот суетен,несовршен и грешен човечки ум се дрзнуваш да го толкуваш бидејќи така ти одговара???
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
И сега, уште колку пати треба да го напишам одгвоворот, кој веќе го напишав? На едно прашање, еднаш се дава одговор, кој треба да е точен. Ако на едно прашање се преодговара, тогаш одговорот ќе дојде не од одговарачот, туку од лукавиот.

Вадиш цатат од контекст, го наведуваш она кое Христос го чинеше како човек, го наведуваш она кое Он го рече пред да го воведе Новиот Завет, и згора на све, бараш од мене цитат со кој Он го укинал старозаветниот закон? Па веќе посочив два цитати, во кои Он го воведува Новиот Завет и го укинува јудејското свештенство, и сега, што уште е потребно како одговор а да биде убедлив според нечиј кеиф, а не онака како е од Бога дадено?

Згора на све, Христос ги исполни и законот (Мојсеев) но и пророците, и што уште Он е должен да доисполнува, кога веќе го исполни она кое требаше да го исполни? Што остана недоисполнето од Богочовекот, дај наведи ја листата со должности кои Христос не ги исполни?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Мики јасно стои дека Исус рече дека НЕ Е ДОЈДЕН да ги поништи законите туку да ги исполни. Тоа е толку јасо кажано и значи дека и кога ќе ги исполни тие си важат. Закон не престанува со важење ако некој го исполнил. На пример ако јас денес застанам на црвено (го исполнив законот) не значи дека од утре можам да си врвам рает на црвоно. Законите се исполнуваат секој ден а не еднократно. Ако пиши во законот “не врши прељуба“ значи ли дека ако еднаш го испочутувам (не извршам прељуба кога см можел) дека после слободно можам да прељубувам ?
Исус ни кажа дека ќе ги исполни законите, но исто кажа и дека нема да ги поништи. И не предупреди за оние кои ќе ни речат дека ќе ги укинат и така ќе не учат. Значи знаеше што ќе се случи. Тој случајно не кажа да се пазиме од оние кој ќе не учат дека законите повеќе нама да важат тој знаеше како за својата судбина, за својата смрт, така и за иднината кога ќе идат луѓе кои ќе не учат да ги погазиме законите и да не ги почитуваме повеќе.
На кој се однесуваше тоа пресупредување кое Исус го кажа во ИДНО време?? За која цел е кажано??
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Мила пријателке,не туку ги вади стиховиве од контекст за да докажуваш нешто што не е вистинито.Ако ја имаш прочитано цела глава ќе видиш дека Исус на луѓето им раскажува приказна,т.е. парабола во врска со некој благородник и стиховите кои ти ги изнесе се дел од таа приказна,а не дека лично Исус наредил да му се донесат некои луѓе и да се погубат пред него.Кој лаже тој и краде и вошки има.Да си знаеш...;)
А дали и ова е извадено од контекст?
Евангелие според Матеј
"Немојте да мислите дека дојдов да донесам мир на земјата, недојдов да донесам мир туку меч!
Зашто дојдов да разделам човек од татко си, и ќерка од мајка си, и снаа од свекрвата нејзина. И непријатели на човека ќе бидат неговите домашни."
 
Член од
3 октомври 2008
Мислења
451
Поени од реакции
164
Ајде уште еднаш, иако веќе имам пишувано и за законот.

1. Законот на совеста и природната креација, кој ни е вграден „фабрички„, не е укинат. Тој закон важи и според тој закон, Христос ќе им суди на народите кои никогаш нема да Го дознаат Неговото учење.
2. Законот Мојсеев, со неговите 600 и кусур одредби, иако строг и несовршен, важеше во Стариот Завет и важеше за јудеите. Тој закон е укинат со Новиот Завет од нашиот Господ Исус Христос.
3. Законот од 10-те Божји заповеди, кои ги наследуваме од старозавентите времиња, не е укинат и тој закон, усовршен до духовност, ќе важи се до второто Христово пришествие и Неговиот страшен Суд.

Тоа се трите досега познати закони од Писмото.
Kakov vernik si ti be druze!???Sramota

Kako moze Bog da objavi nesovrsen zakon!!!!!!!:vozbud:

Navistina vie hristijanite se zezate!

Kako smees eden del od Biblijata da go nareces nesovrsen a drugiot (toj sto ti se dopaga) da bide sovrsen???!!!

Ako vo tvojata "Biblija" eden del e sovrsen a drugiot ne e, avtomatski HRISRIJANSTVOTO ne e sovrsena religija.

Hehehe, mozda "tato zgresil" posto bil mnogu strog, no "sinot" nikogas ne gresi, neli????:tapp:

Gluposti!
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Наведими ги броевите на главата и стиховите.
Евангелие според Матеј (Лк 12.51-53; 14.26-27)
Страна 17-та мислам дека е! Полесно да го најдеш, насловот на пасусот е "Не мир, туку меч"
 
Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Евангелие според Матеј (Лк 12.51-53; 14.26-27)
Страна 17-та мислам дека е! Полесно да го најдеш, насловот на пасусот е "Не мир, туку меч"
Велиш евангелие според Матеј,а во заграда си навел стихови од Евангелието според Лука.Чисто се сомневам дека воопшто ја имаш отворено Библијата,си ги собрал стиховиве од твојте омилени шејтанистистички сајтови.Него остај тоа.

И ти мислиш дека напишаното ’’не мир,туку меч’’ буквално значи дека Исус повикува на крвопролевање?Затоа и припаѓаш на ’’другата страна’’,бидејќи погрешно си протолкувал.А и сите секти настанале од погрешно толкување на Библијата.
”Не мислете дека дојдов да донесам мир на земјата. Не дојдов да донесам мир, но меч.
Исус убаво кажал дека не дошол да донесе мир.Зошто?Тој на на земјата и на светот му ја пренел својата порака,своето учење преку кое ќе стигнеме до царството божјо.Со тоа учење,со тие правила на живот ние самите ќе си обезбедиме мир.Од Исус ни е доволна неговата порака.
’’Барав Сила......и Бог ми даде Потешкотии кои ме зајакнаа...
Барав Мудрост......и Бог ми даде Проблеми кои требаше да ги решам...
Барав Богатство......и Бог ми даде Мозок и Тело да можам да работам...
Барав Храброст......и Бог ми даде Препреки кои морав да ги совладам...
Барав Љубов......и Бог ми даде Луѓе на кои требаше да им помогнам...
Барав Услуги......и Бог ми даде Шанси...
Не добив ништо од она што барав,но добив се што ми требаше.’’
Ти текнува како стојат работите?
Исус не донел мир,Исус донел нешто преку кое самите ќе го пронајдеме мирот.

Подолу го пишува и ова:’’Кој го љуби таткото или мајката, повеќе од Мене, не е достоен за Мене, и кој го љуби синот или ќерката, повеќе од Мене, не е достоен за Мене.’’Ова како го толкуваш?Џизс,егоистик бастард???:nenene:
 
Стиховите се од официјалната македонска верзија на библијата во pdf! повели линк: http://preminportal.com.mk/pdf/prot2.pdf јас само пастирав што пишува таму! Оди на страна 17 и увери се сам! Ако тие пишале Лука, во евангелие од матеј тоа не е мој проблем!
Инаку видов по твојава реакција колку се присутни вредностите за сакање на непријателот и вртење на другиот образ! Во два потеза направи два грева! Лажно сведочеше дека не сум ја прочитал библијата, и дека текстовите се од сатански сајт! Плус, на најобично прашање, реагираше со нетрпеливост и напад!
Исус убаво кажал дека не дошол да донесе мир.Зошто?Тој на на земјата и на светот му ја пренел својата порака,своето учење преку кое ќе стигнеме до царството божјо.Со тоа учење,со тие правила на живот ние самите ќе си обезбедиме мир.Од Исус ни е доволна неговата порака.
Ахм...ГЛЕДАМ! :) над 2000 години го обезбедувате и никако да го обезбедите! Кога нешто на дело недава резултати, тогаш е погрешно! Крај!
Подолу го пишува и ова:’’Кој го љуби таткото или мајката, повеќе од Мене, не е достоен за Мене, и кој го љуби синот или ќерката, повеќе од Мене, не е достоен за Мене.’’Ова како го толкуваш?Џизс,егоистик бастард???
Апсолутли!!! Секој што сака имагинарна личност повеќе од своето дете, родители и блиски е ментален случај!

--- надополнето ---

Бајдавеј! бидејќи ни го објасни првиот дел за мечот, дека недошол да донесе мир, затоа што ние треба да го најдеме мирот со помош на неговите пораки (2010 години како бараме, и пак сме на почеток), објасни ги и другите!
Зошто вели:
Зашто дојдов да разделам човек од татко си, и ќерка од мајка си, и снаа од свекрвата нејзина. И непријатели на човека ќе бидат неговите домашни."
Зошто да ги раздели? Зошто да ги направи домашните непријатели на човекот?!:toe:
 
Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Инаку видов по твојава реакција колку се присутни вредностите за сакање на непријателот и вртење на другиот образ! Во два потеза направи два грева! Лажно сведочеше дека не сум ја прочитал библијата, и дека текстовите се од сатански сајт! Плус, на најобично прашање, реагираше со нетрпеливост и напад!
Хаха.И ова буквално си го сватил дека кога некој ќе ти влепи шамар да му го свртиш и другиот образ.Смешки...
Ахм...ГЛЕДАМ! над 2000 години го обезбедувате и никако да го обезбедите! Кога нешто на дело недава резултати, тогаш е погрешно! Крај!
Кому му се обраќаш?Патем,кога планираш да го промениш светот околу себе,почни од себеси.Кога ќе се промениш ти,ќе се промени и светот околу тебе.
Апсолутли!!! Секој што сака имагинарна личност повеќе од своето дете, родители и блиски е ментален случај!
Многу површно гледаш на работите,затоа си се и одвоил од верата на твоите предци.
Бајдавеј! бидејќи ни го објасни првиот дел за мечот, дека недошол да донесе мир, затоа што ние треба да го најдеме мирот со помош на неговите пораки (2010 години како бараме, и пак сме на почеток), објасни ги и другите!
Зошто вели:
Исус не е ништо крив што тапкаме во место.Човекот си ја заврши својата работа.Останува на нас.Но неможеш да го накривуваш професорот ако ученикот неможе да ја сконта лекцијата.Со инка никому неможеш ум да му пикаш у глава.
Зошто да ги раздели? Зошто да ги направи домашните непријатели на човекот?!
Залудно е да ти објаснувам,пак нема да сконташ.:toe:
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Мики јасно стои дека Исус рече дека НЕ Е ДОЈДЕН да ги поништи законите туку да ги исполни. Тоа е толку јасо кажано и значи дека и кога ќе ги исполни тие си важат. Закон не престанува со важење ако некој го исполнил. На пример ако јас денес застанам на црвено (го исполнив законот) не значи дека од утре можам да си врвам рает на црвоно. Законите се исполнуваат секој ден а не еднократно. Ако пиши во законот “не врши прељуба“ значи ли дека ако еднаш го испочутувам (не извршам прељуба кога см можел) дека после слободно можам да прељубувам ?
Исус ни кажа дека ќе ги исполни законите, но исто кажа и дека нема да ги поништи. И не предупреди за оние кои ќе ни речат дека ќе ги укинат и така ќе не учат. Значи знаеше што ќе се случи. Тој случајно не кажа да се пазиме од оние кој ќе не учат дека законите повеќе нама да важат тој знаеше како за својата судбина, за својата смрт, така и за иднината кога ќе идат луѓе кои ќе не учат да ги погазиме законите и да не ги почитуваме повеќе.
На кој се однесуваше тоа пресупредување кое Исус го кажа во ИДНО време?? За која цел е кажано??
Еве, јас немам поим кои се тие нешта кои Христос (ни) остана „должен„ да ги доисполни. Наведи барем три од тие нешта, оти вака ако продолжоиш, ќе се преповторуваш сам себе, во стилот „...Исус рекол ова или она...„. Па јас не велам дека Он нешто рекол или не, туку барам да видам што остана недосторено од Него, оти цело време пишувам дека Христос ги исполни и Законот (Мојсеев) и пророците. Сосема е довоно да направиме еден подолжен пресек низ Неговото овосветовно живеење, и ќе видиме дека Он навистина се исполни.

Ја ќе сачекам за да видам/прочитам коментар за неисполнетото...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Хаха.И ова буквално си го сватил дека кога некој ќе ти влепи шамар да му го свртиш и другиот образ.Смешки...
Кому му се обраќаш?Патем,кога планираш да го промениш светот околу себе,почни од себеси.Кога ќе се промениш ти,ќе се промени и светот околу тебе.
Многу површно гледаш на работите,затоа си се и одвоил од верата на твоите предци.
Исус не е ништо крив што тапкаме во место.Човекот си ја заврши својата работа.Останува на нас.Но неможеш да го накривуваш професорот ако ученикот неможе да ја сконта лекцијата.Со инка никому неможеш ум да му пикаш у глава.
Залудно е да ти објаснувам,пак нема да сконташ.:toe:
А како треба да сватам? Убаво си кажал човекот, кога некој ќе те удри, ти сврти му го и другиот образ! Еве немора да е буквална шлаканица, нека биде алегорија! Каде виде ти во твоето секојдневие некој да го применува тој принцип? Не е тоа површно гледање на работите, туку реално! Ако јас не сум способен да разберам, еве ти како попаметен објасними, зошто од една страна вели сакај го непријателот, а од друга страна вели дојдов да донесам меч, да ги разделам луѓето и да направам непријатели од домашните!
Патем,кога планираш да го промениш светот околу себе,почни од себеси.Кога ќе се промениш ти,ќе се промени и светот околу тебе.
Воопшто непланирам да го изменам светот, само укажувам на апсурдноста и на лицемерието! Затоа што религијата е се само не нешто што ќе донесе промена на подобро! Не е ништо друго освен начин за манипулирање со човечките стравови и надежи.
Исус не е ништо крив што тапкаме во место.Човекот си ја заврши својата работа.
Работата е завршена кога ќе вроди со плод, кога ќе се оствари целта, намерата! Ако секојдневието што го гледаме е тоа што го замислувал Исус, тогаш чудна некоја замисла имал. Ако пак имал друга намера, а испаднало нешто спротивно, тогаш погрешна тактика имал!
Според Исус некој може да биде убиец, силувач, педофил....и на крај само да го прифати него како спасител и готово! Крај! Сите гревови ќе му се избришат! А некој кој живеел најнормално, на мравка незгазнал ама неверувал во него, ќе заврши во пеколот на вечни маки!?
Па треба да си....незнам што па да веруваш во ваква бесмислица!
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или пророците, не сум дошол да ги поништам туку да ги исполнам. Зашто, вистина, ви велам дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни се. И така оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се наречи во царството небесно , а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно“
Матеј 5 17-19

Исус самиот вели “не сум дошол да ги поништам“. Ти велиш тој дошол да ги поништи. Кој ја кажува ввистината ? Исполнување на закон не е поништување. Исус дошол и го исполнил законот. Секој треба да го исполни законот. Тоа е пораката.

Доплнително Исус вели дека “дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни се“ И небото и земјата се уште постојат. Исус не вели доека не ИСПОЛНАМ се. Туку додека не се исполни се. Не зборува за себе. Исус вети дека повторно ќе дојде, дека ќе настапи царството небесо на земја, ќе има судење и конечно душите на луѓето ќе си го најдат своето место , кој во рајот до Бог кој во пеколот. Тоа не е исполнето се уште. Тоа христијаните се уште го чекаат. Значи не е се исполнето. Се уште се очекува, се исчекува, се толкуваат знаци дали и кога се ближи крајот, кога ќе дојде повторно Исус.

Исус вели “оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се наречи во царството небесно
Ни кажува самиот Исус дека ќе има луѓе кои ќе сакаат да нарушат и најмала заповед и така ќе ги учи луѓето и дека тој ќе биде казнет.

Значи ни вели дека не е дојден да ги поништи, ни вели дека ќе постојат додека небото и земјата постојат и додека не се исполни се, ни вели да се пазиме да не нарушиме и најмала од заповедите.... и ти пак велиш дека се поништени, дека не важат и можат да се нарушат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom