Мене лично, хиднуизмот не ми е од интерес, иако постои мноштво од богословски записи и погледи за хиндузимот, кои повремено ги читам.
Гледано од православна позиција, хиндузимот е школски пример за паганска и идолопоколоничка религија, каде луѓето се тие кои ги измислуваат своите богови и “попут„ античките грци и римјани, на своите богови-идоли им лепат секакви човечки особини, дури им даваат и човечки ликови.
Рисјанскиот Троедин Бог Е дефиниран како заедница од Отец и Син и Свет Дух, кои се Троица, не повеќе, не помалку, а не 300 или повеќе или помалку милиони под-божества со еден врховен бог. Троединиот Бог е дух, не е човек, ни оддалеку не наликува на човеково битие. Божјите особини ни оддалеку не се човечки. Какви се и кои се Божјите особини, како дел од Неговата божествена природа, ние, кои веруваме, ги осознаваме не преку нашата фантазија, туку Божјите особини ги прифаќаме онака и онолку колку сам Бог ни ги открил или ни ги отркива, преку Писмото или преку Црквата.
Каква споредба да правиш меѓу рисјанскиот Бог и било кој друг бог или богови, ќе ти биде залудно потрошен труд, оти разликата меѓу реалниот Бог и меѓу било кој бог-идол, е непремостлива, не само по форма, туку и по суштина.
--- надополнето ---
Тековно, хиндузмот е добра подлога, преку која се шири сатанизмот низ модерниот Свет.