Случај Патоказ од Ијан Пирс
Всушност, ја дочитав. Многу добра книга, дефинитивно ја препорачувам, уште сум под импресии. Има 800 страни и тешка е, така да читање - стриктно дома, не е за носење по автобуси, ко јас што ја читав. Од почеток е спора, али понатаму е супер.
Значи, книгава е поделена на четири дела, од по околу 200 страни. Првиот дел го раскажува Марко Да Кола, италијански благородник кој има намера да ја присвои идејата за трансфузија на крв. Тој го раскажува убиството на еден човек, за кое младата Сара Бланди е осудена на смрт. Останатите делови се исто така за тоа убиство. Вториот дел е за Џејмс Прескот, злобен човек кој е опседнат со тоа да докаже дека татко му бил неправедно обвинет за предавство. Третиот дел го раскажува еден криптограф, а четвртиот историчарот Ентони Вуд. Е сега, финтата е што три од овие делови се субјективни раскажувања, а само едно е објективно, односно сосема вистинито. Книгава е стварно прекрасна, во неа се спомнати неколку познати англиски личности, како на пример филозофот Џон Лок. Дејството се одвива во Оксфорд.