Се`, но не гледам на тоа како на жртва. Се` што сум направила било од љубов, изборот бил мој и само мој, така сум сакала и тоа е завршено. Возвратено или не... Не се каам ама баш за ништо.
Ја жртвував иднината имав шанса да останам во Германија ден денес и таму да успеам али се вратам ради во тоа време девојка ми дека многу ја сакав и немаше шанси да ја оставам тука сама.Се вратив најмногу ради нејзе али тоа она за жал не го ценеше.Како и да е дали се каам па не баш никој со сила не ме тераше знаев дека идам на ризик.Убаво напиша Лејди горе секое задоволство се плаќа.
За љубовта сум подготвен да жртвувам се, и да се борам против се, само заради нас, иако можеш да бидеш повреден сепак патото до таа љубов е само ако жртвуваш и влегуваш со цело срце, ако гледаш на нештата со резерва никогаш нема да го осетиш она вистинското
Не би се рекло дека е жртвување,бидејќи секој си го одбира патот по кој оди.Јас ја одбрав љубовта како патоказ,и не ми е жал воопшто.
Имаше тешки моменти,сите околу нас беа против,значи жртвував да бидам отфрлена од сите,вклучувајќи ги и најблиските,но видоа дека не ни можат ништо и не оставија.За љубовта би сторила се и никаква жртва не би ми била тешка.Сепак,таа е најважна,нели?
Доколку ја најдеш вистинската личност со која сакашда го поминеш животот и сигурен си во тоа,тогаш не постои никакво жртвување,само задоволство.Но додека да го достигнеш тој врв многу работи мораш да поминеш и да жртвуваш.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.