Крстот не бил користен како симбол на христијаните се до некој 4-5ти век. Симболизирано Исус бил преставуван како овчар, жртвено јагне (спрема Исаија и Еремија) а најчесто како риба. Рибата од памтивек била симбол на разни божества, меѓу кои на сириската Атаргатис, на арамејската Атари, на каанската Астарта, Христијаните го усвоиле тој знак дотолку полесно што на грчки риба (ihtis) ги има теолошките иницијали “Исус Христос син на бога спасителот“ Крстот од друга страна за тогашните луѓе преставувал симбол на ужас и страв “Обесениот е проклетство Божје“ 5-та Мојсеева. На крст беа распнувани убијци, крадци, арамии, бунтовници. Смртта на крст бeше тешка мачна така да и римјаните негодуваа на таков начин на казна (Цицерон, Сенека) Крстот како симбол на христијанството се јавува многу години по укинувањето на казната со распнување од страна на Константин, кога во главите на луѓето избледнало сеќавањето на срамната понижувачка, погрдна и тешка смрт на осудениците на крстот. Инаку крстот како верски симбол на други религии постои од памтивек. Откриени се симболи на крст во Сумер, Вавилонија, Месопотамија, Индија, Сирија, Персија,во Европа од доба на каменото доба, во индијанските култури на двете Америки, Во Галија (денешна Франција) во предхристијанско време бил во оптек монета со крст. Во Египет Крст со тркало на врвот е симбол на боженственост......
Затоа не секој крст преставува христијанство, нарочно во првите векови кога и не се користел како симбол на христијанството.