Апгрејд: се легачам по кауч/фотеља во дневна. Она, ќе легнам вертикално, наопачки, нозе на наслонот горе, глава, раце и труп да ми виси, а и да подзабришам подот со косицата. У глава малце да ми удри. Размишљам. Демек. Па после ми здосадува, кревам глава и сфаќам дека градите ми искачаат од маица и неам грам крв во раце и нозе, главата ми тежи и секако не осеќам ништо. Па си ги анализирам колената некое време. Па пробувам да си ги бацам лактите. Финтава кај Лила у емисија ја видов ако памтам добро. Јебига, и ја сум за на клада понекогаш. После паузата пак се обесувам и си замишљам како плафонот е уствари под. И колку интересно би било да газам по плафонот уствари, а телевизорот и другиот мебел да би виселе од "подот". И прозорите би биле ниски. И вратата му доаѓа како на скала да е. Треба на скали да пробам ова. Под услов да не се истресам надоле. :nesvest: Шо ми се има десено од нормално одење, не па гледање наопачки.
Патем, најубавите моменти од лектирата што ја пишував сега ги смислив док правев... Ова. Цели два дена.