Што научивме од филмовите?

Шеј Лонг

Koristam kirilica.
Член од
16 јуни 2010
Мислења
1.987
Поени од реакции
1.611
Its ain't about how hard you hit, its about how hard you can get hit and keep movin' forward...how much you can take, and keep movin' forward. That's how winning is done :P
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
1. Со Mac може да се хакне вонземјански mainframe компјутер и тоа од човек кој работи во кабелска телевизија.
2. Ако некој детектив се прави многу паметен, сите од одделот му викаат да не се прави Рамбо.
3. Секогаш Американците се први кој дознаваат која им е слабата точка на воземјанците, и му ја кажуваат на цел свет преку морзеова азбука.
4. Цајканот секогаш го решава случајот кога ќе го суспендираат.
5. Детектив станува секој полицаец кој не сака да биде корумпиран.
6. Најголемите дилери на дрога се амбасадорите на Колумбија, Венецуела и другите јужно амерички држави.
7. Кога детективот и неговиот партнер ќе ги уништат сите полицајски автомобили, тогаш изненадно од му се дава последната останата кола која ја заплени цајканите а тоа е Југо.
8. Мишко знае да го вози целиот пат до Белград со врзани очи.
9. Кога сакаш да сокриеш заштитен сведок од мафијата, стави го да работи во геј бар.
10. Лошите Американци секогаш им го продаваат најновото оружје или на Руската мафија или на Либијците или Ирачаните. И после се прашуваме зошто Америка мисли дека овие земји се закана.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Кога и да биде вклучен телевизорот, на било која канал, секогаш има вести ептен поврзани со приказната во филмот, најчесто информации за ново убиство, судски процес, скандал...
Телефонските разговори речиси никогаш не траат доволно долго. За секунда, море за стотинка, цајканите не успеваат да го лоцираат повикот на киднаперот или на убиецот фалбаџија
Жртвата може да трча колку сака и каде сака, но убиецот лека полека ќе ја стаса.
Кога ја бркаат со возило, жртвата често не скршнува од патот, туку сака да ја наттрча колата
Кога двајца стари другари, акциони херои-тепачи ќе се сретнат после долго време, се` започнува со боксови и кршење кичми, а завршува со гушкања и констатации од типот: уште се држиш, не си се променил и сл.
Не е ретка појава најдобриот другар на главната хероина да е педер, или мајка и` да е некоја голема кучка, или пак и двете работи заедно.
Женските по секое раскинување се тешат со кофа сладолед, сами или во друштво
Цајканите и детективите се тапа. Толку многу не ги бива, што нивниот шеф мора главниот јунак да го извади од нафталин, а тој целиот се посветил на одгледување цвеќиња, играње голф, медитирање. На прашањето на јунаков: Зошто баш јас? следува - Ти си најдобриот!
Ако при бегство некој од споредните ликови е ранет, херојот сака да помогне, ама овој сто посто ќе му рече: бегај, спаси се, јас ќе ги задржувам 100-те вкрај заебани чудовишта, криминалци...
Заебаните батки и јаките девојки - често првото што ќе го видиме од нив се нивните чевли и штикли, како се симнуваат од кола, авион и сл.
Акциониот јунак, и покрај тоа што со невообичаена мирнотија крши вратови, вади очи и сече глави, има и своја ептен јака емотивна страна, што секоја девојка и тоа како знае да го цени.
 
Член од
16 април 2012
Мислења
108
Поени од реакции
22
Sekogas eksplozijatata e 3 sekundi otkako maskoto i zenskoto ke izlezat od zgradata,i obicno glavniot lik ima sposobnost za MULTITASKING i znae poveke raboti od gospod,i sekogas ranetiot im vika na ostanatite "odete vie,jas ke ve stignam"
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
- Кога главниот јунак ќе се всели во нова куќа, сам или со своето семејство, редно е комшивката од карши да им испече некаков колач и да им го однесе, за да им посака добредојде и за да се запознаат подобро.
- Во многу филмови и серии, добри или лоши, во одреден момент ликовите се разделуваат поради различни причини.Се поздравуваат и секој си го фаќа својот пат. И тогаш едниот го вика другиот, овој се врти, а оној што го викнал, во зависност од потребите на сценариото (пр. ако му е спасен животот) му вика - Фала! или пак, ако одат да го средат негативецот, ќе му рече - Чувај се! Главно финтата со викањето на едниот и вртењето на другиот мора да ја има. Клише кое ми е многу бесмислено.
- За да испадне некој многу заебан и кул, мора да започне јака реченица, да запали цигарче со зипо, па да ја заврши.
- Кога бркаат поголем криминалец, за да дојдат до информации, детективите се подготвени да замижат пред криминалот на поткажувачите кои се дилери на дрога, макроа, крадци и сл. Скоро секогаш им простуваат и им дозволуваат така да тераат и понатаму. Тоа е сосем ок.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
Да не се надеваме на успех кога некој филм се хајпа многу.
 
M

Muranyi

Гостин
Секој може безбедно да приземји авион доколку добива упатства од контрола на летање

Детективот може да го реши случајот само доколку е суспендиран од работа

Во текот на полициската истрага неопходно е да се посети стриптиз-бар

Опасно е да се провалува во куќа доколку детето во неа е само

Колата секогаш пали од прва освен ако убиецот ве брка и ви е позади пети

Доколку се сами во куќата и по гаќи жените секогаш се обрнуваат и на најбезначајниот звук

Едно чкорче е доволно да го осветли салонот од 100 квадрати

Кујните немаат прекинувачи за светло,а доколку влегуваш во кујна навечер единствен извор на светлина е светлото од фрижидерот

Доколку видиш големо стакло голема е веројатноста дека некој ќе улета низ него

Секоја брава може да се отвори со кредитна картичка или спојувалка

На вести секогаш ударна вест е приказната која го погодува главниот лик

1 човек со пиштол во борба против 20 души секогаш има поголема шанса да погоди од 20 души со пиштол во борба против еден човек

Не е важно ако си бројчано инфериорен во борба со 10 души спремни и вооружени до заби-тие секогаш танцуваат околу тебе и чекаат да го совладаш ликот кој те нападнал за да нападне следниот

Мажот не чувстува болка дур го млатат со палица и бодат со нож но затоа се тресе и плаче кога раната му ја третира жена

Секој полицаец има за партнер колега кој е тотален опозит од него

Чесните и вредните полицајци ги упуцуваат на два дена пред пензија

Сударот на автомобили скоро секогаш завршува со експлозија

При вожња на рамен пат неопходно е барем еднаш да свртиш нагло лево-десно со воланот

Секогаш има место за паркирање пред објектот кој сакаш да го посетиш

Шефот на полиција секогаш го суспендира главниот лик или му дава 48 часа да до реши случајот

Ајфеловата кула се гледа од секое место во Париз

Системот за вентилација е совршено место за криење и никој нема таму да те побара а ти можеш преку него да пристапиш во било кој дел од зградата

Кога ќе се соочиш со најзлобниот терорист на светот сарказмот и духовитоста се твоето најдобро оружје

Електричната ограда која е смртоносна не предизвикува потешки последици кај главните ликови

Кога плаќаш такси нема потреба да гледаш во новчаникот само ја вадиш парата и си излегуваш без да примиш кусур.Износот е секогаш точен

Соблекување на маицата или блузата те прави отпорен на куршуми

Секогаш има неограничена муниција,а ретко имаш потреба да го наполниш оружјето со нова

Ако те удрат силно во глава и се онесвестиш тоа не значи дека имаш потрес на мозок,уствари никогаш немаш

Кога возиш кола нема потреба да гледаш на патот туку секогаш во соговорникот на совозачкото седиште или евентуално преку ретровизор доколку некој седи позади

На PC никогаш нема курсори само поле со порака Ентер пасворд

Во Америка никој не се вози со метро освен во случај доколку ликот бега од некој

Кога се будиш наутро прва работа е да отидеш до фрижидерот и се налиеш со литро млеко

Доколку се случи авионска несреќа и авионот се сруши на пуст остров секогаш преживува најјаката цура во авионот

Жените секогаш за доручек спремаат јајца,сланина и тост лепчиња иако никој не ги јаде.
 
H

HoT IcE

Гостин
Дефинитивно. Првите корени за англиски не ги влечам од школо или приватен курс, туку од филмови.
Кај мене истово важи и за шпански.:D немој линч сега, гелдав на времето, веќе не.:icon_mrgr:
 

Epics™

Академски граѓанин
Член од
29 септември 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
3.891
Научивме дека иако имаме цело село опколено и можеме да си ја спасиме државата, сепак нема да го направиме тоа ;)
 

DelPiero10

10ka
Член од
25 февруари 2012
Мислења
583
Поени од реакции
251
дека ако некој му ја скрши на братму кичмата братму ке дојде и ке им ја скрши он на тие што му ја скршија на братму кичмата
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.744
Поени од реакции
4.507
Дека ако планираш напад над Стевен Сигал заврши ја до крај работата пошто ќе се врати од кома и ќе ти набие штака во врат :нинџ:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom