Интересно гледање на нештата.
Копирано од
Исламски центар.
Седум совети - како да им зборувате на децата за хомосексуалноста
Совет 1 : Јасно објаснете што е хомосексуално однесување.
Ова може да биде неугодно, но младиот муслиман / ка ,дури и оној кој што посетува исламско школо,вероватно веќе слушнал за хомосексуалноста преку ТВ , весници, радио и /или од пријателите немуслимани. Ова, исто така е важно,зошто во многу муслимански култури, не е невообичаено да се видат луѓе од исти пол како се љубат во образот, загрнуваат или држат за рака. Ниедна од овие работи не се смета за сексуална на било кој начин. Поради тоа, детето не смее да го помеша вистинското халал ( дозволено ) покажување на љубовта за своите браќа и сестри, со девијантното сексуално однесување.
Може да ви помогне и тоа, ако повеќе прочитате на оваа тема пред да почнете да му ја објаснувате на вашето дете.
Совет 2 : Кажете им што зборува исламот за хомосексуалноста, но, со мудрост
Нема да ги задоволи децата ако само им кажете дека тоа е харам ( забрането ), нарочито ако децата се навикнати на испитување, дискусија и дебата.
Една работа која е важна да се нагласи е таа дека пошто Аллах џ.ш. е Создателот на луѓето,Оној кој нас не создал од ништо, Тој знае најдобро кои се нашите вистински потреби и желби. Тој исто така знае што е добро и лошо за нас. Тој гледа се, знае се и Тој е Најмудриот и Најмилостивиот. Затоа, фактот што Тој ни зборува дека хомосексуалноста е лоша, исто како што ни зборува дека конзумирањето алкохол е штетно, значи дека ние мораме да го послушаме Неговото предупредување.
Ова може да се објасни на поинаков начин. На пример, ако тринаесетгодишниот Хасан сонува дека има своја сопствен автомобил, еден ден иншАллах ( ако даде Бог ), можете да го искористете неговиот интерес во автомобилите за да му ја објасните хомосексуалноста на следниов начин: Кој го познава тој автомобил? Кој знае што причинува проблеми со моторот? Или, кој знае колку често треба автомобилот технички да се прегледа? - Очигледно, тоа се оние кои што го произвеле тој автомобил, и кои во прирачникот дале гаранција дека автомобилот функционира без проблем. Производителите на автомобилот исто така знаат какви работи возачот не би требало да работи за да не го оштети автомобилот.
Слично на тоа, Аллах нас не создал. Тој зне што ние потребно нам. Тој знае како да ги направиме нашите тела и разум подобри, Тој знае што е за нас штетно. Тој нам ни дал не само прирачник ( Кур,ан ), туку и модел кој што треба да го следиме ( Мухаммед а.с. ).
Ако имаме поверение во луѓето кои го произвеле автомобилот, зошто да немаме поверение во Аллах кој го создал на човекот?
Она што уште можете да го направите е да ги објасните штетите кои што се поврзани со хомосексуалноста. Тоа се :
болеста како што е Сидата, како и фактот дека ваквиот вид на сексуален однос не ја унапредува човечката цивилизација ( со други зборови, хомосексуалците не можат да имаат потомство ).
Оваа точка е важна, бидејќи една од целите на сексот е да се раѓаат деца, за на тој начин да се продолжи човечкиот вид, а со тоа и живот. Хомосексуалноста не создава деца. Тоа е однос само поради задоволство, однос кој што, не само што не е природен , туку води во болест и смрт.
Исто така , можете да го цитирате Кур,анот во вашата дискусија. Следните ајети кои говорат за тоа:
Ел – А,раф : 80 – 84 ајет
Худ : 74 – 83 ајет
Ел – Хиџр : 61 – 75 ајет
Ел – Енбија : 74 – 75 ајет
Еш- Шура : 160-175 ајет
Ен- Немл : 54 – 58 ајет
Ел – Анкебут : 29 – 35 ајет
Ес – Саффат : 133 – 138 ајет
Ел – Камер : 33 – 39 ајет
Ет – Тахрим : 10 ајет.
Совет 3 : Дајте им на децата да напишат текст на оваа тема
Ако децата ви се тинејџери, дајте им да направат истражување на оваа тема и да напишат текст за хомосексуалноста. Набавете книги кои зборуваат за тоа од исламски аспект. Ова е добар начин за тие да го сфатат концептот, а кој знае ? - можеби во текот на своето истражување ќе најдат уште некоја добра причина зошто хомосексуалноста е штетна.
Совет 4 : Разјаснете им дека луѓето не се раѓаат како хомосексуалци
“Ние сме такви родени !” - е главниот аргумент на некои хомосексуалци. Ова не е точно! Тие ја префрлаат вината на Бога.
Ако тоа е точно, зошто тогаш Бог му испратил земјотрес на Лутовиот ( Лотовиот ) народ во ( северниот ) дел на Палестина, пошто тие биле првата група на луѓе кои што почнале да го практикуваат хомосексуализмот?
Кога луѓето би биле родени како хомосексуалци, Аллах џ.ш. кој е Најмилостивиот, не би ја уништил Лутовата ( Лотовата ) заедница. Овие луѓе имале прилика да се променат. Меѓутоа, и покрај Лутовото ( Лотовото ) опоменување не се промениле и Аллах џ.ш. ги уништил.
Ова ( хомосексуалноста ) е тест кој нам Шејтанот ( Сотоната ) ни го подметнува.
Совет 5 : Направете разлика помеѓу желбите и активностите
Треба да нагласите дека некои луѓе имаат желба да се впуштат во хомосексуален секс, но тоа не значи дека мора и да го направат. Во исламот,се казнува за делото, а не за чувството.Лошите мисли се плод на Шејтанот ( Сотоната ) , но, сепак Аллах џ.ш. не не држи како одговорни за тие мисли се додека не почнеме да ги практикуваме.
Муслиман / ка ,кој што има хомосексуални желби, но не ги остварува, мора да пости и искрено да побара помош и упатство од Аллах џ.ш.. Тој / таа не смее да делува во склад со своите желби, што не доведува до следниов совет:
Совет 6 : Нагласете ја важноста на исламското практикување за оттргнување на ваквите желби
Единствен начин со кој можеме вистински да се сочуваме себе си од хомосексуалноста, било да е таа само во фаза на чувства, или вистинска сексуална пракса, е секогаш да мислиме на Аллах џ.ш.
Ова ги подразбира следните основи : намаз , пост , дова , итн...Дури и овие основи,ако ги правиме искрено и редовно, можат да создадат иншАллах, препрека за Шејтанот ( Сотоната).
Нарочито е корисен постот во контролирањето на страстите, и се препорачува да се пости во понеделник и четврток.
Исто така, можеме да кажеме дека ако личноста има вакви желби, тоа може да биде и тест од Аллах џ.ш.,како и пример на тоа како Шејтанот ( Сотоната ) се обидува да не одврати до Аллах џ.ш.
Врз тоа, би требало себе си и своите деца да се советуваме да бараме заштита од Шејтанот ( Сотоната ) со зборовите : Еузу бил – лахи минеш – шејтанир – раџим ( Барам заштита кај Аллах од проклетиот Шејтан ), како и со читање на сура Ен – Нас, последната Кур,анска сура – поглавје.
Совет 7 : Нагласете ја важноста за одржувањето на исламските правила за чесноста, дури и на личностите од исти пол
Колку од нас гледаат ТВ програми кои што прикажуваат сексуална предигра, разголување и алузии? Овие видови прикажувања на сексуалноста се опасни, најблаго речено, тие внесуваат погрешни идеи во умот, а харам ( забрането ) е да се гледаат.
Овде треба да дојде до израз спуштањето на погледот.
Исто така, исламските правила за облекување, дури и пред личноста од исти пол, се важни и многу битни. Во исламот, на пример, мажот не смее да го види телото на другиот маж во пределот од папокот до колената.
Во спротивност со ова се средно школските часови за телесниот одгој, каде машките често пати се тушираат заедно, обично потполно голи.Истото се случува и со девојките.
Родителите и муслиманските заедници треба да внимаваат на ваквите ситуации, кои не само што се опасни за исламската пракса на младите муслимани, туку можат да ги направат и жртви на хомосексуалците.