Anco
Нема потешко за родител да си го гледа детето како му се мачи.
И јас мислам дека не и помагаш со тоа што ја прашуваш. Она што треба да и го кажеш е дека може да дојде кај вас со децата и да прекине секаков контакт со т.н. сопруг.
НО! Таа веќе го знае тоа. Штом еднаш си ја зел да живее
сама во твојот стан, значи таа знае дека може да смета на тебе.
Проблемот е во неа. Не знам зошто се случува така, но знам еден пример многу сличен на твојот.
Жената е капка, да ја грабнеш и да бегаш, убава, образована,, културна, се на место. И се зеде со еден токмак. Тој му ја здувна за Германија, а неа ја остави со три деца со неговите родители.
Таа „ги имаше сите удобствија“ што се однесува до материјалната страна, ама мног чурук луѓе беа. Не смееше да задоцни една минута од работа, мораше да меси леб, оти им се присакало, да чисти кога на нив ќе им текне, ја заглавија со кредити А ИМААТ ПАРИ!!! Ненормални!
Немаше никакво физичко насилство, ама таа имаше третман на слугинка.
А
сега следи најважното: таа беше 10 години „во брак“, а еден збор не кажа, не се пожали, ниту пак поведе постапка за развод.
Сите и збореа дека треба да си ги спакува бочвите и да си оди кај родителите ( од нив имаше целосна поддршка), ама таа не.
Не се веќе во брак, ама мојата другарка вели дека утре на овој токмакот да му текне, пак ќе и го сврти умот.
Како магепсана да е. Навистина не можам да разберам.
Нема смисла да се враќаме назад, а уште помалку да кажуваме кој како требал да го воспитува детото. Работата е веќе бидната, ќерката на Анчо е во брак 12 години, се бара чаре.