Што има во потрошувачката кошничка?

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.854
уште малку, и ќе има само еден колбас во потрошувачката кошница:facepalm:
Уште малку ќе треба со кошница полна со пари да пазариме за едно ќесе храна исто како во Зимбабве и во Ангола...
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Дали минималната плата овозможува пристоен живот ?

23.11.2012 | 17:39
Прочитано: 159
На хартија потрошувачката кошница за пристоен живот и покривање на основните трошоци месечно тежи 31.915 денари.
Со нив треба да се покријат потребите за храна и комуналии. Експерти, стечајци и синдикалци на една маса расправаа дали минималната плата овозможува пристоен живот.
На двајца работници со минимална плата им се потребни дупли плати да го преживеат месецот. Но за ССМ најголемата синдикална победа е донесувањето на закон за минимална плата.
Од двете зла помалото. За стечајците и минималната плата е некаков приход, но ни оддалеку неможе да овозможи пристојна живеачка.
Законот за минимална плата почна да функционира во јануари годинава. Таа изнесува 8.050 денари. Во земјоделството, градежништвото, кожарската и текстилната индустрија е даден грејс- период од три години за приспособување на старите кон новите износи на плати. Овие работници живеат со едвај 6000 денари месечно.
Светлана Божиновска
АЛФА ТВ напиша:
Македонската потрошувачка кошница не се пресметува реално

Потрошувачката кошница што ја пресметува државниот завод за статистика не ги одразува реално месечните потреби и трошоци на едно просечно македонско семејство.
Статистичарите ја оспоруваат објективноста на податокот според кој едно четиричлено семејство во Македонија може месечните потреби за храна да ги покрие со само 12.300 денари. За Алфа, експертите оценуваат дека ваква потрошувачка кошница која вклучува само храна и пијалоци веќе не се пресметува во ниедна друга земја во светот. За да се добие реална претстава за трошоците на домаќинствата во Македонија тие предлагаат, освен храна и пијалоци, во потрошувачката кошница да се опфатат и сите други основни трошоци на луѓето, како сметките за струја, парно, вода, телефон, трошоци за образование, облека.

За илустрација потрошувачката кошничка за 4 члено семејство предвидува месечно да се потрошат вкупно 8 килограми месо, кило ипол риба, 13 литри млеко и само 700 грама кашкавал.

Според државната статистика, едно 4-члено семејство троши околу 12 000 денари месечно само за храна. Експертите за здрава храна пак велат дека голем број потребни производи се исклучени од кошницата, а дел од производите биле опфатени во мали количини за да ги задоволат потребите на едно семејство за правилна исхрана.
Во анализата на потрошувачката кошничка, нутриционистите за Алфа констатираа немање на цела низа производи кои се непходни за исхраната на луѓето.

Со образложение дека им е во посета мисија на ММФ, во заводот за статистика не одговорија на прашањето зошто во Македонија се уште се пресметува ваков статистички податок напуштен од сите други земји во светот. Кај нас се пресметува секој месец негирајќи ја реалноста и служејќи како аргумент дека со 80 проценти од просечната плата во земјата може да се прехрани едно 4 члено семејство во Македонија.


новинар: Александар Јанев
 
2

~2A

Гостин
Не знам на кој начин размислуваат овие експертиве што одредуваат за потрошувачката кошница, но најверојатно заборавиле дека чоекот треба да плаќа јавни расходи/ даноци кон државата, нешто да вложи во домаќинството, облеката, автомобил....

Сигурно оваа кошничка ја планирале за човек кој треба сам да се издржува.
Лично искуство, на кое не би му го посакувал никому..

-Татко ми навремето земаше 15 илјади плата, само тој вработен во семејството и одвај се крпеше крај со крај. Некогаш можеше и да останеш на бедна маса којашто имаше само гравче, односно вода и пливаш со лажицата со цел да најдиш некое зрнце грав.
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.649
Поени од реакции
867
Вакви спинови ни во Северна Кореја нема,
http://kurir.mk/makedonija/vesti/prosechnata-neto-plata-za-periodot-2006-2016-e-zgolemena-za-63-bruto-platata-za-40/
Не дека не е точно тоа што го напишале, само "заборавиле" да кажат колкава беше потрошувачката кошница во 2006-та и сликата ќе беше комплетна.

2006
Просечна плата: 13.718 денари
Потршувачка кошничка: 10.027 денари

2016
Просечна плата: 22.294 денари
Потршувачка кошничка: 32.263 денари

Се е јасно.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.307
Поени од реакции
7.034

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.002
Поени од реакции
83.386
http://www.faktor.mk/potroshuvachka-koshnica-bez-520-evra-ne-moze-da-se-prezivee-mesecot

проста ко грав математика - трошоците се 500 евра за четиричлено семејство за безбедно да го мине месецот,ако сака и да ужива во животот требаат барем двојно
Сеа ќе се појави некој мрсул и ќе каже како гледал он луѓе што седат по кафани - што ти значело ОКеј му е на народот имал пари.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.296
Поени од реакции
21.388
Вакви спинови ни во Северна Кореја нема,
http://kurir.mk/makedonija/vesti/prosechnata-neto-plata-za-periodot-2006-2016-e-zgolemena-za-63-bruto-platata-za-40/
Не дека не е точно тоа што го напишале, само "заборавиле" да кажат колкава беше потрошувачката кошница во 2006-та и сликата ќе беше комплетна.

2006
Просечна плата: 13.718 денари
Потршувачка кошничка: 10.027 денари

2016
Просечна плата: 22.294 денари
Потршувачка кошничка: 32.263 денари

Се е јасно.
Мислејќи дека си избегал од една пропаганда, несвесно си се зацапал во друга. Методологијата за пресметување на потрошувачка кошница во 2006, не е иста со таа во 2016.

За 2006, пресметани се само трошоците за исхрана и пијалаци.
За 2016 е користена нова методологија, креирана од ССМ, во која влегуваат и трошоци за кирија (околу 11,000 денари), за кино и театар (околу 1000 денари), за одржување на здравје, за превоз, за обувки, за хигиена и тн.

Така да, во право си, вакви спинови нема ни во Северна Кореја.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.755
Поени од реакции
12.216
Заборавиле (или "не знаеле", сеедно) дека постоеше ставка хранарина и превоз како посебна исплата од 3.500-4.500 па и тоа влезе како "пораст на плата".
Башка имаше и К-15 и патни трошоци низ земјава (не баш пратенички ама имаше). Тие ставки сега ги нема, ашшш.
Инаку и оваа минимална кошница има фалинки. Пример, парите за превоз се доколку 2 членови одат со велосипед или пешки. Веројатно затоа е и минимална, ќути и не мрдај.
 
Последно уредено:

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Мислејќи дека си избегал од една пропаганда, несвесно си се зацапал во друга. Методологијата за пресметување на потрошувачка кошница во 2006, не е иста со таа во 2016.
Реално и двете методологии се сменети, и таа за потрошувачка кошничка и таа за пресметка на плата.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.307
Поени од реакции
7.034
Мислејќи дека си избегал од една пропаганда, несвесно си се зацапал во друга. Методологијата за пресметување на потрошувачка кошница во 2006, не е иста со таа во 2016.

За 2006, пресметани се само трошоците за исхрана и пијалаци.
За 2016 е користена нова методологија, креирана од ССМ, во која влегуваат и трошоци за кирија (околу 11,000 денари), за кино и театар (околу 1000 денари), за одржување на здравје, за превоз, за обувки, за хигиена и тн.

Така да, во право си, вакви спинови нема ни во Северна Кореја.
кај виде ти стапка КИРИЈА тие 11.000 ти се за вода,струја,огрев,комуналии,порези итн

upload_2016-11-8_18-31-8.png
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.296
Поени од реакции
21.388
кај виде ти стапка КИРИЈА тие 11.000 ти се за вода,струја,огрев,комуналии,порези итн

Прегледај го приврзокот 159713
Е добро де, не по врат, по шија. Она што е важно е дека на апдејтираната потрошувачка кошница се додадени нови стапки, кои не се пресметани во 2006.

Вака би требало да изгледа споредбата.
2006
Просечна плата: 13.718 денари
Потрошувачка кошничка: 10.027 денари

2016
Просечна плата: 22.294 денари
Потрошувачка кошничка: 13.345 денари
 

Kajgana Shop

На врв Bottom