И дали ти мислиш дека Епир било албанско кралство????
И сега сакаш да кажеш Александар бил албанец така???
другар не ме смеј молим те
Латинско Епирски Речник - Ватикан. Од Франг Барди...за некое чудо, епирскиот јазик го знам. Дали дека е на албански? Или албанскиот е епирски, или епирскиот е албански, или ..
Барај поназад во темата, има, ќе го најдеш како линк, види го, па сам процени кои биле епирците, каков јазик имале. И после одговори ми зашто јас го зборувам истиот.
За Александар никој не рече дека е албанец. За Александар одговори си сам себеси, чив син е, на Филип и на Олимпија, Опимпија или како и да се викала мајка му. По потекло од Епир.
Е сега, спој 2+2 колку е.
Нормално, Александар Македонски, бил Македонец но имал врска со Илирите, Епирците, Албанците, со нас.
Тоа не треба така негативно да го сфатиш, дека секогаш, албанците и македонците, дали биле тоа античките македонци со илирите, или новите генерации на албанците и македонците, си се држеле едни со други, си бранеле исти интереси, иста територија.
Е сега, со Југославија, и толку фамозниот Тито, на некого му бил испран мозокот, па албанците се уствари лоши, неколку македонци однесени на Голи Оток па заборавени, а тие што останаа, си заборавија, со кого уствари тие во минатото си го имале алаш-верешот, и со кого биле побратимени.
Ама нејсе...денеска некои работи се изменети, да не влезам во политика, дека се зборува за историја...фурајте си даље. Негирајте на постоењето на албанската нација, и нивното сродство со Илирите, иако во Италија, во 15тиот век, во Илирскиот колеџ учеле албанци. Иако во самото дело, кое е преведено на македонски, на Марин Барлети, Скендербег бил епирот, ама тоа дека епирскиот јазик е албанскиот, никаде не се спомнува.
Нормално, зашто би? Од Кавказ сме дојдени нели...јазикот и делата што се напишани на албански...онака од ведро небо паднаа...немаат врска.