- Член од
- 26 март 2005
- Мислења
- 237
- Поени од реакции
- 94
Прва биографија на Скендербег преведена од латински на македонски

Граѓаните на Македонија со превод од латински на македонски јазик за првпат ќе можат да го прочитаат делото на првиот биограф на Скендербег, Марин Барлети. Барлети во делото на Скендербег пишува за неговата храброст во одбрана на христијанските вредности. Објавувањето на ова дело е несекојдневна појава бидејќи се работи за еден културолошки настан од интерес за заплетување на културите на луѓето кои живеат на оваа територија вели промоторот на книгата.
Професорката Љубинка Бастова, една од преведувачите на книгата, вели дека е многу битно да се дознае кој навистина бил Скендербег, неговото потекло и за какви идеи е неговата борба, бидејќи како што вели во последно време името Скендербег на големо се злоупотребува. Скендербег не е само албански херој, ниту пак Барлети го декларира како Албанец, вели таа.
Марин Барлети е роден во Скадар осум години пред смртта на Скендербег. Биографијата на Скендербег ја пишувал на 50 годишна возраст и се базира на сведоштва од живите соборци на Скендербег. За првпат биографијата е објавена на латински во 16 век.
http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=29624&mid=1500&tabId=1&tabindex=1