Picasso`
Schizophrenic!
- Член од
- 26 јануари 2007
- Мислења
- 4.149
- Поени од реакции
- 197
Eve shto stranskite istoricari mislat za nego:
A eve Makedonskite (so isklucok na doticniot ne sakam ni imeto da mu go spomenam)
Скендербег во Скопје
АЛБАНСКИОТ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
Деновиве се поставува колосално спомен-обележје на великиот Ѓерг Кастриот во “Шкупи”, што за некои структури не е баш радосна вест. Кој бил Скендербег и дали неговото дело може да се трансформира од фактор на разединување во фактор на обединување помеѓу Албанците и Македонците?
Пишува: Владимир ЈОВАНОВСКИ
Како се ближи 28 ноември, денот на поставување на споменикот на Скендербег во Старата скопска чаршија, така се повеќе расте тензијата околу овој настан. И покрај општата позитивна клима, уште постојат отпори во некои македонски средини, кои веројатно се рецидив од социјализмот, кога името на славниот војвода беше синоним за “албанскиот иредентизам”. Од друга страна, некои политичари го градат и менуваат сопствениот став кон монументот на Скендербег од дневнополитички побуди. Така, на пример, додека скопскиот градоначалник Трифун Костовски беше во добри односи со ВМРО и ДПА, кажуваше дека поставувањето на споменикот од страна на ДУИ-градоначалникот на Чаир Изет Меџити е нелегално. Кога ВМРО-ДПМНЕ му го сврте грбот, минатата седмица, а во присуство на Меџити, тој рече дека Скендербег е голема историска личност и дека неговата скулптура не треба да се политизира, за веќе оваа недела, кога виде дека и ДПА на Маврово притиснала во прилог на Ѓерг Кастриот, одново да го смени ставот и на Канал 5 да изјави: “Јас сум категорично против поставувањето”.
И некои други субјекти се јавија со негативен однос кон Скендербеговиот постамент. Коле Манев од ДА во скопскиот Совет поставил прашање кој и дозволил на Општина Чаир да поставува споменици, додека советникот на СДСМ Иван Катарџиев, историчар, рекол: “Наместо поставувањето на споменикот да има зближувачка улога, поставувањето на избраната локација ќе има раздвојувачка улога. Мислам дека не беше потребно брзање од страна на Чаир и оти можеше да се најде посоодветно место за споменикот”. И од Управата за заштита на културното наследство изјавија дека ќе се оградат, доколку министерот Илиријан Беќири даде согласност за подигање на тој меморијал.
БАЛША ЦРНОЕВИЌ Деновиве многу “копавме” по историографски материјали, со цел да го истражиме ликот и делото на Скендербег и наидовме на, за нас, изненадувачки факти. Низ повеќе цитати од научните трудови приопштени на научниот собир “600 години од раѓањето на Скендербег”, одржан во МАНУ, ќе се обидеме да ги запознаеме нашите читатели со појавата на овој средновековен великан. Еден од првите стереотипи што ни се сруши беше оној дека Скендербег имал негативен однос кон Македонците. Напротив, како што пишува Пета Деспоти, “во средниот век не постоел албанско-словенски антагонизам, а словенските и албанските благородници биле дел од византиската држава и воспоставиле цврсти роднински врски”.
Во поздравната реч, првиот човек на МАНУ, проф. д-р Цветан Грозданов,истакнува дека Скендербег “настапувал како родољуб, за својот народ, против окупаторот, за државна независност, зачувување на домашните традиции на Албанците и нивната автохтоност”. Грозданов овде додава: “Негови соборци се Македонците. Не случајно ќе го опева и Вториот Хомер, Григор Прличев, а и денес добива скулпторски обележја во Македонија. Како што епската поезија на Балканот го велича Крале Марко како најголем јунак на XIV век, истото се однесува и на Скендербег за XV век. Тоа трае до денес”. Ни неговиот колега Гане Тодоровски не штеди пофални зборови за витезот од Дебарско. “Името на Скендербег го среќаваме буквално во сите енциклопедии како име на прославен војсководец, национален херој на албанскиот народ и триумфален симбол на балканската хероика. Неговото дело е запаметено во европската историја како широка синонимија на корав, системен и достоинствен отпор против надворешниот непријател, силен и надмоќен, чии војски настојуваат да ја освојат и потчинат Европа, а кои ќе успеат да завладеат нејзин добар дел и да го владеат во проток од пет до шест векови”, кажа во таа прилика поетот Гане Тодоровски. Во прилог на тезата за братството и единството што владеело меѓу Македонците и Албанците во времето на Скендербег, ќе приложиме еден пасус од анализата на Драган Ѓоргиев, “Населението во дебарската каза во XV век”: “Бидејќи податоците го потврдуваат силното присуство на словенскиот и влашкиот елемент на територијата каде што се одиграле многу значајни битки за време на востанието на Скендербег, неминовно се наметнува заклучокот дека во востанието, покрај албанското, сигурно зеле учество и словенското и влашкото христијанско население”.
ОРЕЛОТ И ЛАВОТ Со етничкото потекло на првиот албански кнез, принц, а подоцна и крал, се занимавале неколку дискутанти на научниот собир во МАНУ. Но, истражувачот Бобан Петровски се фокусирал на потеклото на Скендербеговата мајка. Тој наведува дека во делото Генеалогија на Јован Музаки (главешина на еден од главните албански кланови, соборец на Кастриот), мајката на великиот ритер е ословена со “Воисава Трибалда”. Нејзиното родовско стебло е толку комплицирано, што ако влеземе во разгрнување на гранките, ќе се изгубиме и ние и вие. Само ќе напоменеме дека, според најважниот биограф на Скендербег и негов современик Марин Барлети (чие дело Животот на епирскиот принц Георгиус Кастриоти не е преведено само во Македонија), Воисава “била ќерка на еден од највидните Трибалски првенци, кој бил господар на Полог”. Оваа одредница ги мотивирала српските историчари да ја сместат Воисава во родословните таблици на српските династии Немањиќ, Мрњавчевиќ и Бранковиќ. Имено, во последната деценија на XIV век со Полог управувал некој си Гргур, за кого се смета дека бил поставен од Волкашин, татко на Крали Марко. Меѓутоа, се занемарува фактот дека и Воисава и нејзиниот родител, а Скендербегов дедо, се именувани со етнонимот Трибали. А, познато е дека Трибалите се старобалканско племе кое живеело на овие простори пред доселувањето на Словените и дека се далечни предци на Власите.
Од друга страна, во документите Скендербег често се среќава како “крал на Епирците”. На симпозиумот во МАНУ, германскиот научник Оливер Јенс Шмит се осврна на едно писмо на главниот дипломат на Скендербег, епископ на Драч Паул Ангел, во кое се предлага крунисување на Ѓерг Кастриоти како епирски крал и негово прогласување за “нов Александар”. Шмит за тоа вели: “Ангел подготвил и видлив симбол на балканското царство: фамозниот шлем на Скендербег претставува одлична копија на старата македонска круна. Ангел комбинирал различни нивоа на политичка комуникација: на Балканот сите знаеле дека Скендербег се идентификувал со Александар Велики; митот и сеќавањето на Александар биле живи меѓу народите на Балканот и Блискиот Исток. На второ ниво, тој открил дипломати во Европа кои биле свесни дека мајка му на Александар, Олимпија, била од Епир и дека Скендербег би можел да биде наследник на епирско-македонските традиции: дека новото епирско царство, под водство на новиот Александар, би гарантирало триумф на христијанската кауза и безбедност на Балканот”. Ова е само потврда на веќе добро познатиот факт: Скендер е кратенка од Александар. Фамилијарниот грб на Кастриотите бил двоглав орел, но за една битка на Александар-бег било напишано: “Лавот командуваше со лавови”.