Дали ќе гледаме преку религија, или преку световен морал и етика (за оние "алергични" на вера

) јас би рекла дека гревовите се едни те исти, и дека сите не водат до губење на смисолот, на онаа примарна, основна желба за живот.
Преку сите гревови, нанесуваме штета на другите, а, на крај, штета најмногу на самите нас.
Нема горделивец, кој не настрадал од својата гордост.
Нема тиранин, кој не настрадал од својата тиранија.
Нема лакомец, кој не настрадал од својата лакомост.
итн.
Не треба да чекаме пекол, вечно мачење...Со гревовите сами си ствараме пекол на земјата, додека сме сеуште живи. Така било отсекогаш, без исклучок.