Што е најлудото нешто што сте го направиле во животот?

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Издробивме дрвени тапи во густо сокче, најефтино, Пипо чинам беше.
Им дадовме на школските другарчиња да се напијаат, а тие на гаге го накренаа добро.
По некое време се исчисти цела училница, имаа мачнина во стомакот и гасови, батките и женските, па останавме од 30 околу 15тина деца.
 

Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
Кога бев мали со другарите игравме фудбал и кога завршивме ајде ќе идеме до кај мене да пиеме вода.И сеа еден другар ми бара чаша вода,му давам,ја пие таа па бара уште една и таа ја пие и пак бара уште една чаша вода,тогаш се накурчив,му напунив вода земав ркнав во водата и му ја дадов да ја испие.:D
 
Член од
14 мај 2012
Мислења
542
Поени од реакции
782
Ај само јас и Анчо ќе бидиме сериозни на темава, денес нешто не сум хејтерски расположен:) :
Во пијана состојба возев во рикверс на семафорите кај банкана со исклучени светла а другарот преку прозор отворил чадор и се смее, се измочав на сред раскрсница кај мими маркет, се чукнав со колата во тунелот кај Liquid (и ден денес имам огромна гребаница на десната страна од колата од крај до крај), со пур пена ја испрскав на една шмизла на косата (претпоставувам после тоа требеше да се шиша лустер), направив тешка собраќајка на 16 години при што ја украдив колата на татко ми, и опцув на класната, и залепив мастика на столот и сакаа да ме избркаат од школо, сум пробал : бело, амфета, пико и ганџа,сум учествувал во неколку групни тепачки во дискотеки, пеев на микрофон во Арена на настапот на Џони Лајв или Жаре Берберот (не сум сигурен кој имаше свирка) но знам дека ми свиреа сите додека пеев :D , имав секс со другарката на девојка ми, во 7-8 оделение бев Љубаништа со друштво 2 дена без да знаат моите каде сум (при тоа се кренало потера по мене), на другарот му организиравме ергенска вечер- ден пред свадбата (со трбушен плес/танчерка од 2000 денари- една ороспоѓа што ми ги собра парите за поклон на свадбата и 200 евра донирани во алкохол, при што наредниот ден човекот не ни беше свесен дека прави свадба), го претставив мојот комшија пред еден негов муштерија дека е наглув и треба да вика кога зборува со него (што се направи добар сеир при нивната конверзација).... ама тоа не е ништо во споредба со кога ги излажав сите дека девојка ми е бремена и треба да се женам на 17 години:facepalm: - е таква паника/трагедија предизвикав кај моите што после тој коментар 3 години никој не ме веруваше што им зборувам (додека ми заврши пубертетот).... и некој слични ствари што не се сеќавам.
Али чоеков (мој добар друг) е врв на глупостите, само ќе кажам дека пред 10тина години им пријави бомба во Гиназија и дури специјалисти од Скопје со хиликоптер имаа пратено за да ја деактивираат:pos: За друго сам нека си зборува, а јас само ќе се присетувам и смејам:icon_lol:

лелелеле авантуре!
 
F

fantomX

Гостин
Гласав на избори. За ништо друго толку многу во животов не се каам. Се чувствувам како соучесник во гадни злодела.
Исто и јас, само што не гласав, го поништив ливчето. И пак го делам истото чувство со тебе, не е ништо поразлично.
 
D

dagau

Гостин
Анкетата итекако има врска со темава. Доколку го живееш секој ден како оној последниот, тогаш ќе имаш што да раскажуваш.
Во спротивно пак, водејќи се според другото начело, веројатно ќе тераш сеир на форумов како повеќето во досегашниве 5 страни...
 

DonRistovski

Peace Disturber
Член од
1 септември 2009
Мислења
3.541
Поени од реакции
4.383
Јадев чоколаден сладолед и гледав 2 girls 1 cup ОД ПОЧЕТОК ДО КРАЈ!
 
Член од
4 јули 2012
Мислења
70
Поени од реакции
44
На испит кога префрлав задача на асистент за прегледување на УСБ-то, го копирав фолдерот од колега- најдобар студент и само сменив име на фолдерот, си го пишав моето и мој број на индекс :D
 
Член од
18 јули 2012
Мислења
132
Поени од реакции
47
јас би сакал да одговорам на анкетава но едноставно не можам. Според моите години се ближи денот ... Но јас размислувам на следниов начин: Не се сеќавам на часот од моето раѓање, нема ни да се сеќавам на часот на мојата смрт, што значи животот за мене е вечен... Незнам дали ме разбравте, но јас воопшто не размислувам за смрта...
( единствено размислувам како да им наштетам на срамните, гнасните и омразените, рампи, зони и пајак возила )
многу филозофски одговор
--- надополнето: 15 август 2012 во 09:14 ---
Анкетата итекако има врска со темава. Доколку го живееш секој ден како оној последниот, тогаш ќе имаш што да раскажуваш.
Во спротивно пак, водејќи се според другото начело, веројатно ќе тераш сеир на форумов како повеќето во досегашниве 5 страни...
многу добро кажано
--- надополнето: 15 август 2012 во 09:23 ---
Најдобро е да се премести темава во ЧДА бидејќи се е на зезање, нема едно мислење соодветно за во општи муабети.
хах, па не ми беше тоа намерата. Темава, ама баш несериозно ми ја сфатија.
--- надополнето: 15 август 2012 во 09:27 ---
Де малку просветли ме каква врска има меѓу темата што си ја отворила и анкетата.
Авантурите во животот се најтесно поврзани со сфаќањата дека секој ден треба да се гледа како последен. Е ај просветли ме ти што не ти беше јасно?
--- надополнето: 15 август 2012 во 09:33 ---
За мене најинтересни авантури биле брзо возење со моето мрднато друштво. Моментално работам на случајот собирање пари за банџи џампинг во Бугарија.
 
H

HITCH

Гостин
Авантурите во животот се најтесно поврзани со сфаќањата дека секој ден треба да се гледа како последен. Е ај просветли ме ти што не ти беше јасно?
Ау, темава требала да биде со наравоучение??? Кој би рекол...
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Авантурите во животот се најтесно поврзани со сфаќањата дека секој ден треба да се гледа како последен. Е ај просветли ме ти што не ти беше јасно?
.
Нели гледаш дека ти ја истролаа темата затоа што не си јасна!? :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom