Кога бевме помали со брат ми, секое зимо одевме во Крушево. Скијачките терени во Крушево се мали и има само 2 иначе, една полесна една потешка. Полесната има сидро ски лифт, потешката диск. И немаше никакви препреки и огради за тие што чекаа да се качат зашто сите си имаа почит (не ко денес...). Ама повеќете беа и деца и не секогаш беа успешни во фаќањето на дисковите. И тие постарите и поискусните знаеја да скокнат од меѓу редови да ги фатат пропуштените дискови. Епа еднаш јас се направив паметна и скокнав да го го фатам пропуштениот диск, и успат ми се исплеткаа скиите, ама ко за беља и штаката се исплетка со дискот (зашто ги имав закачено на мене, демек да не се мачам да ги држам), и ски лифтот почна да ме влече за раката. Како бонус, ски лифтот беше на лоша угорница и имаше делови кога тешко беше да останеш на земја со скиите стоечки. Ама не размизлуваш на тоа кога не ти се чека на ред. Типот што седеше на почетокот, се стрча, ме дигна во раце и почна да трча нагоре со мене викајќи по другиот тип да го сопре ски лифтот. Среќа завршив со рана само
. Толку бев потресена, никад више не ми текна преку ред да одам
И лани им кажав на моите дека не се враќам дома од Америка
Не го прифатија баш најдобро